„Семејното насилство не започнува со модринка. Започнува со навреда, со понижување, со тишина што боли. Со „извини“ што премногу често се повторува. Љубовта не е страв. Љубовта не остава лузни ни на телото, ни на душата“, испраќа моќна порака Драган Спасов Дац по смртта на мајката со 6-годишно дете во Тафталиџе.
„Ивана, ми беше колешка и ја познавав лично...“, се огласи Наталија, сопругата на Андреј од ДНК, а вирално се споделува видео каде ќерката на Ивана пее на сцена со ДНК. Македонија повторно потфрли и повторно изгуби многу!
„Во неделата требаше да се вратиме назад во Македонија, но летот ни беше откажан. Точно е дека имаше паднат дрон и остатоци од ракети, но далеку од тоа дека Дубаи „гори" или дека е небезбедно. Градот функционира нормално“, споделува Tеодора Ѓикова Ќосева, која моментално со семејството е во хотел во Дубаи.
„Пред да заминам, неговата мајка тајно го ставила во мојот куфер. Несвесно го носев симболот на сопствената свршувачка преку граници. Пред да отпатуваме за Германија, неговата мајка тајно го ставила прстенот во мојот куфер“, вели Аружан Баители (24), архитект и инженер од Алмати, Казахстан, за CRNOBELO.com.
Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не беше само музика, туку љубов, грижа и искрено поврзување на луѓето, без разлика каде и да живеат. Особена благодарност до Македонците во Германија што го препознаа тоа“. Андреј доби благодарница постхумно.
„Патувам со бизнис клас и се облекувам брендирано, посетувам салони за секакви процедури и тоа цела година, јас не чекам лето да дојде за да отидам педикир на нозете да направам или за да отидам на депилација, како што некои жени прават, само летно време...“, вели Драгана Спасовска, која живее на релација Бугарија - Македонија - Дубаи.
„Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас прашаа каде исчезнав… Па… Бев зафатен грижејќи се за моето бебе, моето момче Идрис!“, напиша Мустафа Ахмед од Сомалија, кој иако живееше само неколку години во Македонија - не може да ја преболи нашата татковина.
„Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми вика, значи јас се гушам. Јас гледам дека женава е во сериозен паничен напад... На крај таа ми рече: 'Господ здравје да ти даде - ми го спаси бракот'“, вели Миа Костова и споделува детали за една случка.
„Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Кога слетав во Дубаи, сè си беше најнормално, но потоа настана хаос. Блиску до мојот дом има и залив каде што се паркирани 5 или 6 американски бродови, па гледав сè одблиску...“, вели Ана Колевска од Скопје за CRNOBELO.com.
Веста за раѓањето на бебето ја сподели Тамара Тодевска, на која Дејан ѝ е кум. Таа беше и меѓу првите кои во јануари открија дека ракометарот прави свадба со саканата Билјана.
„Деновиве имаше многу ракети, звукот е језив, а уште постресно е кога ќе се слушне експлозија од системот за одбрана. Во еден миг дури и прозорците се затресоа и надвор имаше црн чад и мирисаше на изгорено. Не е вообичаена ситуација за да ти е сеедно, доаѓаш на долго планиран одмор, а сега следиш инструкции и се плашиш на секој звук, посебно кога си фамилијарно со мали деца“, вели Кристина Најдовска за CRNOBELO.com, која е моментално во Дубаи.
„Бев многу блиска со мајка ми до пред извесно време, сега сме во океј односи, комуницираме. Имаше период кога имавме некои недоразбирање, кои можеби уште не се надминати, меѓутоа, вака, комуницираме. Сега, можам да кажам дека сум многу поблиска со татко ми“.
„Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и мајка ми тргна да го брка. Тогаш таа имаше последна комуникација со него тет-а-тет и му рече: ‘Ако ѝ фали влакно, нема да те најдат кај си’. Следно што знам е дека заврши во затвор, затоа што си беше таков ков и сега скоро дознав и дека починал“, раскажува Миа за првата љубов.
„Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето“, напиша Васил во пораката до својот татко Трајче.
„На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу добро прашање! Па, не знам дали се срамам. Не се срамам. Мислам не се срамам од тоа како изгледаат и како живеат, се срамам од нивните постапки...“ Таа вели дека единствена жена која ја чувствува како мајка е нејзината мајка Наташа од СОС Детско село.
„Во Македонија не поминува нешто само затоа што е мода, ние во Македонија, можеби сме мали, но секогаш велам дека сме пребирливи за музика. На пример мора да кажам дека не значи секој кој ја полни Арена, дека и кај нас би успеал да наполни концертна сала“, вели Каролина Гочева, која е еден од нашите најголеми музички таленти и уште на 13 години се појави на насловната страница на „Екран“.
„Живе со мојата помала сестра го купил вереничкиот прстен, додека пак со другата моја сестра, која живее во Швајцарија, се договориле кој ден да биде запросувањето и каде“, вели Ангела Узуновска (24) за запросувањето од нејзиниот сакан во Луцерн.
„Во последните години на сите настапи имаше прскалки. Прскаа во мене, во опремата, никогаш претходно немаше проблем. Прскалките се пуштија на „Што сака нека биде“, погледнав нагоре и видов искри. Панчо рече да излеземе, но бевме бавни, не ја сфативме сериозно ситуацијата. Видов врата до бината, но беше заклучена“ - вели Ана Костадиновска во своето сведочење на судењето за пожарот во дискотеката во Кочани.