„Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, дали 10% биле позитивни и некој да ти каже браво за успехот што си го направил, браво за целта којашто си ја постигнал, зашто, едноставно, се осеќаш здрав. Чудно е тоа што ние не си даваме поддршка една на други. Ние сме нација која сака да фаќа сеир, нација за тастатура, само за критика“, вели шеф Никола, поттикнат од сопственото искуство.
„Не мора да имаш украсена куќа како од Пинтерест. Со мали деца тоа не издржува ни 10 минути. На малите дечиња не им треба уште една нова пластична играчка секој ден, туку твоето присуство“, вели Ангела Костовска од Скопје и им се спротивставува на Инстаграм трендовите.
Со празнични песни, балетски точки и интересна програма пред неколку стотина посетитители, блесна новогодишната елка во центарот на Скопје - со ова започна вистинската магија во главниот град.
„Од срце ви благодарам за овој прекрасен, топол и незаборавен дочек драги мои соученици. Вашата љубов, насмевки и прегратки ми покажаа дека Miracle не е само песна“, напиша нашата Нела, која заврши на седмото место на Јуниор Евросонг 2025.
Доказ дека чуда се случуваат се овие родители кои не се откажале - од болницата Д-р Органџиски во Штип објавија: „Идната мајка, на безмалку 61 година и идниот татко, на 70 години, го дочекаа моментот за кој сонуваа со децении. Момент што за многумина изгледа невозможен, а за нас – уште една потврда дека кога знаењето, искуството и срцето се заедно, чудата навистина се случуваат“.
„Не беа само високите цени за сместување во Сиднеј причината, сакав да се предизвикам себеси. Се будев многу рано. Спиев на паркинг на бензиска. Теретаната ми беше продолжеток на домот. Купатило, туш кабина, место за истегнување и вежбање“, вели Кристијан Шемкоски (34) и додава дека сфатил дека му е доволно едноставен живот, само со задоволување на основните потреби.
„2025 прво ми ја даде Калија мојата трета среќа, благослов и чудо за кое никој не веруваше дека ќе се случи. Ми ја даде по втор пат Тара, после две години голгота ѕвонеше најсилно ѕвончето што означува победа и нов живот исполнет само со здравје и убави моменти. Хана конечно ме има дома цело време, ми верува дека сум тука и почна да ме вика МАМА!“, вели Христина Младенов, позната како Христина Пан на Инстаграм.
Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп блесна во новогодишно руво - градот е украсен со елка, светлечки инсталации во форма на 2026 и кочија, но и голема црвена панделка на Саат-кулата.
Влатко Лозаноски сподели фотографија од синот Марко oд прославата на славата Свети Ѓорѓија, Моника Црнокрак блесна со елеганција, па во природно издание без грам шминка го прослави 27-иот роденден, а Јана Серафимова на плажа во Дубаи покажа зошто важи за една од нашите најубави новинарки.
Лиана е центарот на светот на Мартин, но и Стефан не крие дека ја обожава својата внука, па двајцата браќа објавија фотки со неа - седнати во кафуле во Виена, Мартин кој ја вози во количка низ улиците на градот, но и од Лиана која е насмеана, па следбениците напишаа дека е „цела на Филиповци“.
Украсувањето на плоштадот во Скопје се очекува на 15-ти декември, а во меѓувреме и Битола блесна со новогодишен сјај - улиците на градот се украсени со светилки и елки, а имаат и божиќен базар во склоп на „Зимска приказна“.
„Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогнеме на малиот Анѓел. Ќе тетовирам само мали и средни тетоважи за што повеќе луѓе да учествуваат во хуманитарната акција. Секој што ќе дојде во овие два дена ќе знае дека прави нешто повеќе од тоа да стави мастило на својата кожа - ќе стави дел од своето срце“, напиша Дарко во својот хуманитарен повик.
Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова официјално се развела од сопругот, таа решила да му се врати. Заедно живееле уште неколку години, а нивната втора ќерка е родена во вонбрачна заедница - Познатата инфлуенсерка во новото интервју откри детали за животот без пари и со љубоморен маж кој го водела пред многу години.
„Со тебе љубовта доби ново значење, а секој ден е полн со светлина. Дарен, те сакаме бескрајно“, напиша Тамара во роденденската порака за синот.
Можете ли да го замислите Перо Антиќ со руса коса? А Васил Зафирчев ќелав? AI создаде забавни фотки со нов имиџ на неколку познати Македонци, кои ќе ве насмеат и расположат.
„Животот не знаеш што ти носи, затоа сакајте ги и почитувајте ги најблиските околу вас. Ослободен од рак. Не ми е цел да ме сожалувате. Ова го постирам со цел да помогнам на некој што му треба каков било совет и каде да се обрати за рак на тироидна жлезда“ - напиша Горан и сподели повеќе фотки од болница во Атина.
„Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои работи не треба ги видиш во живот’, јас реков ‘Кој ве прашва бе батиња, јас сакам да сум поддршка кај жената, таму да бидам, па што сака нека е“.
Сега и Охрид може да се најде на листата на најубаво украсени градови во Македонија, заедно со Крива Паланка и Штип. Центарот на градот блеска со црвени светилки, голема елка и срце на кое пишува Охрид.