„Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошаркарка и го покажа синот Максим, кој долго време го криеше.
„Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од комшиската чајџилница и истото чини 40 денари. А не разбирам ни што е безкофеинско кафе. Кој душман го измисли тоа?!“ - вели дизајнерот Златко Јовановски. Какви кафе-ритуали имаат познатите Македонци?
„Првото нешто што го направивме пред да се родат, обезбедивме возило, седмосед, и пак не нè собира“ – се шегува Горан и вели: „Не ги делиме работите на машки и женски, туку на кој може да ги заврши. Не е ништо комплицирано да промениш пелена, да избањаш бебе. Мене многу ми е убаво тоа, така се поврзуваш со нив. Не треба жените по дифолт да имаат повеќе обврски од мажот во домаќинството“.
„Секој 17-ти ноември потекува по една солза, што од мака, што од радост. Мали борци од неполни 2kg, кои пораснаа во големи деца. Останете такви какви што сте, борбени, истрајни и секогаш насмеани“ - напиша Маја на Светскиот ден на предвремено родени деца и сподели фотки од моментите кога синот бил во инкубатор, но и среќни мигови од нивното растење.
Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена Ристеска објави фотки со руса перика - која ѝ стои одлично. Што правеа минатата недела познатите Македонци?
„Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја чувствуваа младоста. Од таа иста ноќ започнува најголемиот мрак во мојот живот. Во 2:32 часот… таму на видеото, гледам нешто што не постои збор што може да го опише. Последниот здив на моето дете е снимен. Последната борба е снимена. Последната надеж — згаснала таму“ - пишува Стојка од Кочани, која ја изгуби својата Ивона во пожарот во Кочани.
„Боледувам од Мултипла склероза, па затоа секоја насмевка на малите сонца ми ја полнат душата со убавина, мир и спокој во срцето. Реакцијата на децата кога ќе ја добијат тортата е буквално за да се расплаче човек. На последното детенце на коешто му направив торта, никогаш не му славеле роденден и кога ми пратија видео, детето не знаеше како да реагира, толку многу се растажив“ - вели за CRNOBELO.com Бранкица Миновска (37) од Пробиштип.
„Брена ми отвори врата кога дојдов во куќата каде што живее, а потоа ме пречека со кафе. Живее како светска ѕвезда, има многу камери, обезбедување“ - откри Марјан Петров за CRNOBELO.com, кој вчера отиде во Белград специјално за да ја нашминка балканската дива.
„Борчо подготви нешто што никогаш нема да го заборавам – романтично патување и фотосесија во Венеција. За нас тоа беше вистинска бајка. Не знаев ништо однапред, сè беше изненадување до последен момент. Кога пристигнавме во градот на љубовта, ме преплави чувство како да сме дел од некоја филмска сцена“ - вели Благица за CRNOBELO.com.
„Кога имав 9 години, добив тумор на крвните садови. По секоја контрола во болница, одевме на бурек. За мене тоа беше празник. Моите родители секогаш ги чуваа парите за „црни денови“. А тогаш ја исполнуваа мојата желба да одиме сите заедно. Една година подоцна, туморот се врати... а јас, чувствував среќа. Само се прашував: што не е во ред со мене? Денес знам! Единствено во несреќата чувствував што навистина значи да бидеме сите заедно. Поврзани. Да дишеме во еден здив“ - вели Марија Саздева во емотивна исповед.
„Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, напиша Ана, сестрата на починатиот Спире, и објави емотивно видео на Инстаграм Стори.
„Од почетокот, кога немавме ништо, до денес кога стоиме позади нешто големо, за ништо никогаш не ме одби и не кажа не. Никогаш ништо не побара, а даваше сè за фирмата. Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд“, напиша газдата Мише Цвејевски и сподели фотки од изненадувањето за својот вработен Антонио.
„Превозбуден сум што станав татко, адреналинот ми работеше цело време. Тоа е она што го кажуваат сите - како да не сум присутен на планетава, како да лебдам. Ете, сега го разбирам тоа. Ова е чувство кое го посакувам на секој“ - ни рече Миро и за CRNOBELO.com откри дека Ивана се породи на ГАК.
„Електронче“ е нова иновативна платформа и бренд што ја буди љубопитноста и креативноста кај децата и младите преку учење со практика. Создадени со љубов и стручност, едукативните сетови за електроника се внимателно прилагодени за различни возрасни групи – од најмладите истражувачи на 2 години, до средношколците на 18 години.
Каролина на Инстаграм сподели неколку фотографии и видеа од Кјото, а на едното од нив е го прегрнува сопругот, и преку насмевката на нејзиното лице може да се види колку е среќна и заљубена.
„Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограми. После сите битки, после сите страшни работи, денес Минче студира, а јас сум најсреќен човек на свет“ – пишува Весна Петрушевска, која заедно со својата мајка, го прославија 21-иот роденден на ќерката Мина.
„Нормално е да не си го сакаш работното место понекогаш дури и ако тоа е твојата работа од соништата. Нормално е да ти треба повеќе време да заздравиш. Не постои „правилен“ рок за болката. Телото и срцето не го мерат времето со календар туку со љубов, со прифаќање и со трпение. Не си „заглавена“ затоа што сè уште боли“ - вели Спенџарска.
Нашиот Ердал Лушо од Струга, тргнува на херојска мисија - 16 месеци сам ја градеше својата едрилица „Пиксел“ и наскоро ќе ја започне пловидбата преку Атланнтскиот Океан. Тој ќе се натпреварува против 7 учесници од целиот свет - единствените кои успеаја да се квалификуваат за оваа адреналинска трка.