„Мајка ми ги правеше највкусните торти, а за мојот роденден секогаш - Павлова. Таа торта не беше само десерт, беше симбол на денот, на детството, на љубовта што мајка ми несебично ја даваше и затоа јас ја продолжив традицијата“, вели новинарката Вики Чадиковска која денес (10.06) го слави својот роденден, повторно со Павлова.
„Се спремив за фотографирање на преубавата тиркизна позадина, морето беше немирно, па едвај чекавме да тргнеме кон Кефалонија. Но додека се сликавме, еден од пријателите во позадина извади транспарент со натпис 'Дали ќе се омажиш за мене?', а Андреј клекна на колено со прстенот,“ - вели Дајана за романтичното запросување на Закинтос.
„Не само убав, туку беше добар како добар ден. Да, прекрасен човек, многу прекрасен, трпелив, сталожен, пристоен и талентиран“ - вели Маја за починатиот фронтмен на Рибља Чорба, откако со децении и таа и тој криеле дека биле во врска.
„Гест што само ја потврдува големината на една вистинска музичка легенда која ни беше гостин“, велат одговорните во еден ресторан во Неготино и споделуваат ситуација со Здравко Чолиќ.
„Откако дојдов во Македонија сакав да одам на македонска свадба и сега конечно ми се појави можност. Не знам дали знаете ама балканските свадби се многу популарни во целиот свет...“, вели Карина Луз Гонзалез Бенитез (22), која со партнерот живее во Неготино.
Eдина Муса е пресреќна во улогата на мајка и себеси се нарекува „мама Дина“, додека ужива со саканите на море. Димитар Атанасовски и Сара Мејс се возат со мотоцикл низ Скопје, а, пак, Аделина Тахири ги покажа извајаните стомачни мускули на плажа.
На синоќешното издание на „Глумците пеат“ публиката беше и повеќе од задоволна – сите внимателно ја следеа секоја секунда, си потпевнуваа, а на крај и сите се раздвижија.
Весна Петрушевска моќно ни отпеа „Strong Enough“, среде нејзините здравствени битки и предизвици и ние навистина веруваме во тоа – таа е доволно силна за да се избори со сè, таа е поим за моќна жена и за актерка од највисок ранг. Во придружба на неколку драг кралици нејзиниот настап беше кулминација на вечерта која го славеше театарот. Македонија има културна публика и е жедна за настаните од овој тип!
„Очекувањата од утрешното финале се големи. Се надевам дека ќе успеам да се претставам во најдобро светло, со самодоверба, шарм и достоинство. Би било прекрасно да ја донесам титулата дома, но најважно ми е што ја носам Македонија со себе каде и да одам“ - вели Матеј Павловски, нашиот претставник на светскиот избор за машки модели Manhunt 2025.
„Дека си јадам цело време“ – открива Милена Антовска, Тамара Тодевска и Барбара Поповиќ признаваат дека грицкаат нокти, а пак Илариа Кирилов вели: „Вистинската дама се однесува исто и дома и на улица“. За CRNOBELO.com, познатите Македонци споделуваат која е навиката што не сакаат другите да ја забележат кај нив.
Поранешниот кошаркарот Александар Димитровски - Мачка денес полни 45 години, а сопругата Едина Муса му честиташе со семејна фотка од таткото и синот.
Актерката Милица Стојанова, една од најстарите актери од својата генерација, вчера (06.06) наполни 93 години.
Откако три вечери по ред одржа три маестрални концерти во арената „Борис Трајковски„ во Скопје, Здравко Чолиќ замина да се одмори и опушти во Берово.
Каролина Гочева секое лето оди на женски одмор со сестра ѝ и со внуките, а оваа година тие беа во Прага за коцертот на Били Ајлиш.
„После сѐ - останува она на кое што си внимавал дури времето тече. За некои нови почетоци. За нова енергија и храбри одлуки“ - напиша таа и од таверна на плажа „наздрави“ со своите следбеници.
Maкедонка трогнува со објавата за Здравко Чолиќ, откако присуствуваше на неговиот трет концерт во Скопје: „Тој ми е првиот концерт во животот, првата купена касета, првиот идол и по овој концерт ќе кажам уште еднаш - да не постоеше Чола - и да пробувавме ваков немаше да го измислиме“, вели Вирџинија Ристеска од Скопје.
„Првиот пат кога го видов билбордот ми беше тотално нереално. Ми пратија снимки од безбедносна камера за да видам дека е пуштен. А чувството е баш онака... уф... ова е една од малкуте работи за кои не можам да поверувам дека се случиле“ - рече Слаткар за CRNOBELO.com, откако билборд со неговиот лик се појави во Њујорк.
„Сега ви е јасно зошто постојат песни и строфи за туѓина, односно туѓината пуста да остане“, е еден од коментарите на видеото на Лазар и неговото семејство, кое ќе ве трогне, наежи, па и расплаче.