„Опседнатоста со тоа да сме совршени и да им се допаднеме на сите е најголемата форма на површност и идиотизам што му се случи на светов“, вели Кристина Арнаудова и споделува немил настан од младоста. „Еден познат менаџер ми рече дека веќе сум стара и дека доаѓаат нови девојчиња...“
Сопругата на Тони Михајловски за периодот на дијагностицирањето откри: „Таа година телото и имуниот систем кажуваа дека нешто се случува. Инаку, 5 дена после дијагнозата, јас веќе бев во сала. Операцијата траеше долго, ако добро паметам некаде околу 5 часа“... Сега, таа се чувствува одлично и му е најголема поддршка на саканиот Тони, со кого се 14 години во брак.
Сашко Коцев доби поддршка од сопругата на премиерата во МНТ на новата култна претстава „Страв и надеж“, а покрај него глумат и Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони Михајловски, Никола Ристановски итн. Почувствувајте ја атмосферата пред и по премиерата...
Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мајка си, пејачката Наташа Малинкова од Кавадарци.
Денес, 22 април 2026, на 60-тата Меѓународна олимпијада по хемија – Менделеев, македонскиот тим натпреварувачи освои двa бронзени медала.
„Секоја година си реновирам по една соба во куќата на родителите. Ова е дневната на долниот спрат, последните две години не се качуваа горе, па дневната горе ја користевме само за празници. Толку ќеф не ми беше кога избиравме за кај мене“, вели Александра Шијакоска, која иако живее со сопругот Едмонд и синот Риан, обожава да оди на гости кај нејзините родители да им помага во уредувањето на домот.
„Сака да ја засени дури и „кумата“ од случката на Водно“, се само дел од хит твитовите за Роберт Спасенцовски. Сопругот на Антониа слатко се насмеа и ги сподели кај себе на Инстаграм. Што мислите вие за неговата фризура?
„Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здравје. И моите родители морале да се носат со тоа. Овој муабет го имам кажано во 90-тите, јас сум имал детство поврзано со болници, со некои помагала, кои денес ги има, но кога јас сум бил мал било тешко да се дојде до нив“, споделува дел од својата животна приказна Виктор Петров Викса, кој пред неколку години го изгубил татко му, а вели дека е навистина близок со својата мајка.
Откако се појави во аутфит од речиси 50.000 евра и тоа го откри во една македонска емисија, сега Елена Ѓорговска од Струга на патување во Париз се фали со кревет полн парчиња од најпознатите светски брендови.
Налдо од Бразил се изгубил со комбето во Македонија, па побарал помош од локалци... Потоа, праша случајна минувачка дали би му направила кафе дома, а за друга пак готвеше во својот кампер. Преку видеа ги прикажува своите доживувања во нашата татковина...
„Дечки, со тротинетите внимавајте и не излегувајте од секоја страна. Добив скршеница на надлактица, ќе бидам 5 недели во мобилна лонгета, тоа треба да заздрави. Во последно време слушам многу вакви случки со несреќи со тротинети...“, вели Драгана Левенска за CRNOBELO и открива како била удрена од дечко што вози тротинет.
„Кога почнаа да стигаат тие негативни коментари, особено пораки дека сакаат да ме убијат мене, мојата фамилија, знам кај живееш, прекини да снимаш, таков си, оваков си, морам да признам дека тоа беше еден од најтешките периоди за мене, каде што јас имав суицидни мисли. И дури имав и обид за таква нешто“, вели Александар Динев.
Со бисери и тематска декорација во бело, Дариа ужива во убавиот амбиент и блеска во 6-иот месец од бременоста. За љубовта со Мандар таа откри: „Нашата приказна започна сосема неочекувано на Инстаграм...“
„Во Македонија, 3 манастири чуваат дел од оваа најскапоцена христијанска света реликвија, пред која голем број луѓе доаѓаат на поклонение, барајќи благослов и поддршка за своите семејства, најблиски и татковина. Меѓу нив е и Св. Јован Бигорски“, вели Македонката Бојана која 9 години живее во Хрватска и која работи како травел инфлуенсер, а неодамна ја посети татковината.
Стефан не ја крие возбудата што наскоро ќе има мал наследник, па иако е рано, со сопругата веќе се договараат што ќе купуваат за бебето и како ќе ја уредат собата. Сега, во 4-иот месец од бременоста неговата сакана Марта го покажа трудничкото стомаче на настанот Lazarov Awards Warm Up.
„Татко мој, имав 11 кога те изгубив, ти имаше само 49… Ако некаде слушаш, се надевам дека се гордееш со мене“, напиша Јоце Панов со многу емоции.
„Мојот сопруг е седмиот пациент во Македонија кај кого е извршена трансплантација на црн дроб, откако семејството на пациентка со мозочна смрт даде согласност да се донираат нејзините органи. Ова е несомнено најголемиот доказ дека на овој свет сè уште постојат луѓе со големо срце...“, ја започнува емотивната објава Зорица Атанасова за својот сакан Ангел.
Сани Богдановска ужива со 6-те миленици дома во опуштено издание, Ивана Кнез открива колку е горда на мајка си, а наш стендап комичар, со хит видео, во кое многумина ќе се препознаат - кога патуваме авионски само со рачен багаж, а на себе имаме слоеви и слоеви облека, вели: „Она кога не ти се даваат пари за куфер“.