На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси одново, а дека во нивното секојдневие не недостасува забава и дека се сакаат како и првиот ден, доказ е новото видео на кое Џокер прави склекови со Антониа на грб.
„За жал, се случува нарачки да не се подигнуваат, иако се изработени специјално по желба на клиентот, што за мене значи загуба на време, труд и материјал, но и финансии со оглед на тоа дека доставата за секоја вратена пратка треба јас да ја платам на карго службата“, вели искрено талентираната Елена Арсовска од с. Шлегово.
„Претходно бев гурман, а сега јадам од што морам и поминувам минимум 2 часа во теретана. Во минатото со другар имам изедено 100 ќебапи на еден оброк, заедно со уште неколку кременадли и нафора, а вино не спомнувам“ - признава Бојан, кој се прослави во Идол, а сега може да се пофали со неверојатна трансформација на телото и минус 20kg.
Oд Ведрана Ѓорѓевиќ и Ирина Камилоска до Сузана Гавазова и Елена Велевска, кои познати Македонки можат да се пофалат со завидно деколте? Некои од нив сакаат да го ставаат во прв план, други не, некои имаат дар од мајка природа, други си ја исполниле сами желбата за бујно деколте со помош на естетска корекција.
„4 месеци среќа, радост, љубов и најубавата приказна што ни се случи… Слава тебе Господе...“, напишаа Миро и Ивана за својот син Тадеј, во чие друштво најмногу ужива малата Миа, ќерката на Ивана од првиот брак, која Миро ја сака како свое дете.
„Кили друже мој од старо маало кај парк, каде одлета прерано кон синото небо во твојата втора татковина. Помина низ премрежја на тешка болест - канцер, беше уверен дека алтернативната медицина и далечната земја ќе ти помогне во лечењето, и беше во право“ - пријателите и колегите меѓу кои Дац, Весна Петрушевска и други, се збогуваат од Кили.
Денес се простуваме од нашиот долгогодишен член на ансамблот - Кирил Поп Христов (1967 – 2026), театарски, филмски и телевизиски актер.
„Кили ни отиде... Те сакаме!“, напиша Гордана Деан Поп-Христова и објави низа семејни фотографии од легендарниот актер со ќерките и најстарото внуче од ќерката Јоана, кое расте во Еквадор.
„Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му се обрати дрско на келнерот - каде бил досега, 15 минути го чекала за нарачка!? Потоа, почнаа двете да „кокодакаат“, да навредуваат сè живо и диво - од комшика до пријателка, тетка, стрина, сопруг, па до покојна снаа...“, вели Наце Попов изнервиран од случка во Скопје.
„Само убави работи памтам со него. Почина во сон од инфаркт“, вели за CRNOBELO.com сопругата на легендарниот актер, кореографката Гордана Деан Поп-Христова.
11 март, Скопје: Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализација на „Еуродрам 2026“, театарска работилница на Мартин Кушеј и претстави од сопствен буџет, најавува Театар Комедија за годинава.
Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок, Александар не може да ги скрие емоциите. Тој вели: „Многу луѓе мислат дека доаѓам од богата фамилија, но вистината е дека Балинци е селото каде што јас израснав“.
„Ако се препознавте во овој текст, вие сте човек кој преживеал дом во кој болката се голтала, наместо да се изговори, и вашата душа се обидува да го поправи она што никој во вашиот дом не знаел. Заслужувате некој што ќе ви каже: ‘Добро сме. Никаде не одам. Тука сум’...“
„За мојата Јелена да не се лути на мене што јас ја пеам нејзината омилена песна, на помош ќе го повикам мојот пријател од Битола, Димитар Андоновски“ - вели Иван Босиљчиќ и го изненади нашиот пејач, кој му дојде на концерт.
„Само уште еден прекрасен агол од Тоскана. Овој се вика Сан Џимињано“, напиша Ноне и откри како низ нејзините очи изгледа гратчето, кое неретко го нарекуваат „средновековниот Менхетен“, поради големиот број кули.
„Во Македонија жената кога е интелигентна и образована ја нарекуваат кучка и одвратна. Ако е манекенка - за нив е многу лесна, блудница. Ако е борбена - таа е чисто зло. Ако не е во брак - не е нормална“.
„Биди причината што нечие срца продолжува да чука. Биди чудото за кое толку многу семејства сонуваат. Биди херој, спаси живот“, порачува Каролина Гочева откако претходно и други наши познати личности, од Татјана Стојановска до Игор Џамбазов се потрудија да ја поткренат јавната свест за донирање органи. Ајде да бидеме хумани!
„Информациите дека Дубаи ги покрива трошоците за престој - не се точни. Плаќавме сè сами. Тоа е само за оние кои не можат да си платат, па има специјална процедура. Инаку, по три одложени лета, на крај се вративме со евакуацискиот лет што беше организиран од нашата држава“, вели Теодора од Скопје, по семејниот одмор во Дубаи.