„Во Македонија не поминува нешто само затоа што е мода, ние во Македонија, можеби сме мали, но секогаш велам дека сме пребирливи за музика. На пример мора да кажам дека не значи секој кој ја полни Арена, дека и кај нас би успеал да наполни концертна сала“, вели Каролина Гочева, која е еден од нашите најголеми музички таленти и уште на 13 години се појави на насловната страница на „Екран“.
„Живе со мојата помала сестра го купил вереничкиот прстен, додека пак со другата моја сестра, која живее во Швајцарија, се договориле кој ден да биде запросувањето и каде“, вели Ангела Узуновска (24) за запросувањето од нејзиниот сакан во Луцерн.
„Во последните години на сите настапи имаше прскалки. Прскаа во мене, во опремата, никогаш претходно немаше проблем. Прскалките се пуштија на „Што сака нека биде“, погледнав нагоре и видов искри. Панчо рече да излеземе, но бевме бавни, не ја сфативме сериозно ситуацијата. Видов врата до бината, но беше заклучена“ - вели Ана Костадиновска во своето сведочење на судењето за пожарот во дискотеката во Кочани.
„Имавме едно платно каде што со фамилијата остававме отпечаток од прст, со кој секој имаше прогнозирано дали ќе биде женско или машко, а потоа следуваше најубавиот дел кога ги врзавме очите и почнавме со боја да се фарбаме“, вели Моника Романова (29) за CRNOBELO.com.
„Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализираш и се гледаш таму, има некое навестување за љубовна врска. И точно дека гледаш и дека има проблем, дека ќе се јави во иднина. Но, некако се наместија коцките и после некое време се земавме“, раскажува Зоран Крстевски за почетокот на пропаднатиот брак во подкастот на Стефан Лазаров.
Сања Ристиќ искрено проговори дали Перо Антиќ сè уште е алфа маж или го омекнала. Таа откри кога во конфликтите со Перо си вели: „Ем сум во право, ем ме слуша, ем е завршена работата“.
Со насмевка од милион долари и дамска префинетост и елеганција, без голотија и без нападна шминка, Каролина блесна при гостувањето во „Цеца шоу“. Кои Македонци ја придружуваа?
Ноќта Маја Г. славеше во црн светкав фустан со висок шлиц и ја истакна својата фит линија, а денски позираше во училница со црвено сако и коса во високо опавче. Многумина ја нарекуваат македонската Парис Хилтон...
„Почнав со персонални тренинзи заради бројката на вагата, но и заради подобро здравје. Симнав 10kg за неколку месеци - облеката стои поинаку, самодовербата расте. Нo најголемата трансформација не е само во огледалото, туку во чувството дека ја имаш повторно контролата врз сопственото тело“ - вели Соња од Скопје, фармацевтка и мајка која успева да најде време за себе.
Погледнете го типикот, односно правилата за велигденските пости 2026 - на кои денови се јаде само „на вода“, кои денови се дозволени масло и вино, а кој ден може да се јаде и риба?
Велигденскиот пост оваа година почнува денес (23.02), на денот познат како чист понеделник, а ќе трае до 12 април, Велигден. Што треба да знаете за постите кои траат 7 недели, но и зошто се првите три дена од постот најстроги?
Во навивачки дресови на својот омилен клуб ГРК Охрид, парот се симнаа на ракометниот терен во Прага, а Валентин клекна на колено и ја побара Јована за своја сопруга, додека дел од играчите и публиката им аплаудираа.
Светлана Црнокрак блеска на својата роденденска забава, а ќерка ѝ Моника Црнокрак е доказ дека гените се чудо. Елена Најдоски, пак, славеше роденден во Солун со сопругот со луксуз и префинетост.
„Што и да напишам малку и кратко ќе биде, а заслужуваш цела книга да напишам за тебе! Не сретнав никој рамен на тебе и твојата безусловна љубов во мојот живот! И нема ни да сретнам, затоа што си единствена и незаменлива“, напиша Елена во роденденската честитка за својата сакана мајка.
„Што ако извади кец? Има да има петка. Ти знаеш ли која сум јас? Има да ве купам сосе школо“ - Македонка која стои зад инстаграм профилот „Баба Ружа и внуците“ преку видео го покажа (надмениот) однос на денешните родители со наставничките.
Пејачката Ивона Јо (29) и нејзиниот сакан Кристијан Тодоров (25) неодамна се венчаа, а неколку дена откако објави видео од среќниот ден, Ивона објави и неколку фотки.
Еден месец по запросувањето, Ивона Јо се венча со саканиот Кристијан. Таа е облечена во бело со букет од кали, а Кристијан во раката држи венчаница.
„И после 15 години монашки живот во монашката заедница од која што доаѓам, повторно да ми дадат да одлучам што сакам да бидам кога ќе пораснам, повторно ќе одлучам да бидам монахиња во манастирот во Рајчица“, вели сестра Ефимија, дипломиран теолог, и додава „Ние стануваме во 5.30 и нашиот работен ден завршува околу 21 часот, немаме слободен ден, но тоа не ни претставува проблем, постои невидлива сила која ни дава многу радост“.