„Бев во МВР во Македонија и од таму ми кажаа дека треба да одам во македонска амбасада во Германија. Летав назад до дома до Германија... Тогаш не знаев многу македонски, бев таму, а таму никој не знае англиски, никој не знае германски... Нема гајле, зборувавме со раце“, вели Финн Ваттчов (24) на кој веќе 3 години Македонија му е дом.
„Мангуп НЕ СИ ако можеш да средиш 2 грама и да испиеш вечерта литро виски. Јас не можев да се замислам без да дувам, без да пијам.... Но, сам се излечив со спортот“, вели актерот Александар Михајловски, син на Тони Михајловски.
„Беше многу блиску, се симна долу, но буквално за некои тројца-четворица луѓе не стигна до нас, зашто тука имаше камера, а ние бевме одма до камерата. Им подаде рака на луѓето до нас, им се потпиша. Стварно едно преубаво искуство“ - велат за CRNOBELO.com Антониа Гиговска и Марјан Петров, по концертот во Милано.
Доктор Горан направи семејна фотосесија во Германија со своите сакани. Нормално, ѕвезда на фотосесијата е неговиот новороден син Константин, кој наполни 4 месеци, а веднаш до него е неговиот постар брат Себастиан (5). Покрај медицински совети, доктор Горан промовира и вистински семејни вредности.
И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа што му се прави на нашиот главен град, преку есенските фотки од Градскиот парк да покажеме зошто треба да се бориме да си го сочуваме. Скопјенце, и покрај сè, убаво си ни!
„Нова радосна вест од Клиника за детски болести... Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја победи тешката битка“, велат од Клиниката за детски болести.
„Среќен роденден на нашата кралица, најсексапилната и најжестока мама, мојата сродна душа, најинспиративниот партнер за цел живот...“, ѝ напиша Димитар Атанасовски на својата сакана Сара, со која е во брак од 2017 година.
„Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“, напиша Лозано и конечно објави фотки од синот.
„Комплетно гламурозна на гласање“, се пошегува Сандра, која во венчаница, со младоженецот под рака, вчера се појави на гласање.
„И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што кога ќе помине време, потешко ви паѓа реалноста за оној кој што го нема повеќе. И нема никогаш повеќе да му го слушнете гласот, а многупати очајно посакувате да го чуете, ви недостасуваат заедничките разговори“, гласи дел од емотивната објава на Маја Настевска од Скопје.
Антониа Гиговска позира по транспарентен градник од тантела на улица во Струмица, Татјана Стојановска покажа како вежба со тегчиња за да ја одржи формата, а Павле Камилоски се појави во одлично модно издание.
Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Мама се затрча зад неа ѝ проба да ѝ ја „украде чантата“. Лила, не знаејќи дека тоа е Биг Мама, која се шегува и снима видео, прво се исплаши, а откако се смири, го сподели видеото на Инстаграм Стори, со порака дека има „луда пријателка“.
„Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го напиша по повод првиот роденден на неговиот син Марко, на првата фотографија објавена од наследникот откако го доби во тајност со својата партнерка.
Секоја чест! Една од прекрасните креации на вештите раце на затвореничките од Идризово заврши на големата сцена во „Борис Трајковски“ Тони Зен облече нивна креација за големиот концерт.
„Сакан мој, едно знај – зад себе нè имаш нас четворица, кои те обожаваме, секој пат нетрпеливо те исчекуваме и ужасно ни недостигаш кога не си тука“, вели Марина Кајмакоска, девојачко Антиќ (35) од Ранилуг, прекрасно мало место на Косово.
„Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во боја. Не ги нацртав за да ги прикажам како спомени, туку затоа што со нив ја најдов најчистата форма на живот: во нивната тишина - вера, во нивните зборови - надеж, во нивните песни - љубов“, пишува во емотивната порака.
Откако пред 2 дена тргнаа од Нова Градишка кон Крушево, ултрамаратонците денеска стигнаа на вечното почивалиште на нашата музичка легенда.
Стерули Штерјоски, еден од најдобрите другари на Тоше од детството, не дозволува да згасне споменот, па често објавува фотографии од својот починат другар, а сета своја емоција ја преточува и во пораките што му ги испраќа на Тоше на денот на несреќата.