„Чувството кога ќе добиеш дете е толку убаво, што немам зборови. Инаку, експерт сум на тема деца. Како станав експерт? Со читање, истражување, апликации, книги, имам многу литература. Поткован сум, најдобро знам да правам гу-гу-гу-гу“, вели Тино во една од ретките прилики каде што зборува за татковството.
Breadway Taste Gallery, локалот во срцето на Скопје кој неколкупати во годината го менува својот изглед, и оваа есен е „обоен“ во портокалови и кафеави тонови.
„Во договор со брат ми им ги украдовме од дома документите што ни беа потребни, закажавме црква на денот на нивната годишнина, се јавивме на кумовите да се ослободат и да не кажуваат ништо на моите“ - вели Анамарија, која заедно со брат ѝ Александар им организирале тајна венчавка во црква на родителите.
Мајката на нашиот модел Елена Реи, Рената, имала немила случка на Модната недела во Милано, откако еден од фустаните што ги носела, креација на нашата Ивана Кнез, бил украден зад сцената на една ревија од маж.
„Бев трето одделение прв пат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно со уште три деца, две девојчиња и едно машко, 2 пати неделно одевме сами на курс и тоа со аутобус. Денес третооделенци до улица не ги пуштаат сами, ама други времиња беа тоа“, вели Марина Ристовска, професорка по книжевност во СУГС „Никола Карев“.
Парот позира вљубено, меѓу гостите има и навистина специфични аутфити, а Исидора и Марио изгледаат навистина среќно и релаксирано на нивниот најзначаен ден.
„Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати многу работи, многу нешта остави зад себе и почна одново, а оттогаш, тој некој ти го чува грбот. Јас, тој некој сум јас“, ѝ се обраќа Ксенија Николова на помалата верзија од себе, гушкајќи се себеси како дете со помош на вештачка интелигенција.
„Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и низ сите години што поминаа, љубовта само растеше и стануваше сè посилна“, вели Олгица Тодорова (24) за CRNOBELO.com.
„Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна волшебно и уникатно, буквално мислиш дека си внатре во приказната...“, вели мајката на Зои од Скопје.
Aлександар Митевски прослави 25 години брак, позираше со сопругата и ќерките Ања и Мања, Билјана Дебарлиева уживаше во убавините на Будва, а Ружица од Ареа во убавините на Беровското Езеро.
„Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а потоа работејќи на крузери - најдобрата одлука во мојот живот! Останатите делови од светот сонувам да ги истражам со мојата посилна половина и, ако Бог даде, со моите деца“, напиша во искрената роденденска желба Ноне.
Локали специјализирани за фокача сендвичи по оригинален рецепт, пршутерии каде може да пробате фокача лепче со вкусни деликатеси, но и многу други места каде може да се проба вкусно задоволство како во Италија, а сепак да сте во Скопје.
„Денеска и малку детски лудории. Си се лулав на лулашки, ги обожавам. Кај и да налетам на нив, бетер сум од децата - мора да се лулам“, напиша Јулија, која замина на летување во Грција на крајот на септември.
„Со Роберта изминативе 6 години поминавме низ сѐ – од големи загуби, па сѐ до најсреќните моменти. Можеби звучи како клише, но ние навистина низ животот одиме како прави сојузнички“ - вели Сандра од Скопје, која со пријателката пред моминското патување во Италија си направиле заедничка тетоважа на исто место.
Аделина Тахири периодов сподели фотки од неколку забави на кои го држи сопругот за лице со љубов и го бакнува, Миро го бакнува трудничкиот стомак на саканата со која очекува дете, а сопругот на Ана Стојанова нежно ја бакнува во коса.
„Мојот роден крај беше целосно разурнат во земјотресите во февруари 2023-та. Најболниот дел е што ги изгубив моите двајца мали внуци. Ме извлекоа од под урнатините. Мојот брат беше извлечен на третиот ден и помина шест месеци во болница на закрепнување... Како побарав утеха во Охрид?“, вели Бахадир Арквент (50) oд Хатај, Турција за CRNOBELO.com.
„Јас вежбам, се трудам и сметам дека имам убаво тело, па сакам покрај мене и партнерката да ми биде со убаво, совршено тело. Јас уживам со жена ми и се гордеам што после 25 години брак можам да ја гушнам, да ја бакнам, да ја држам за рака...“, вели Тоше Зафиров, кој се закити со медал на Мистер Олимпија аматер, заедно со сопругата и ќерката.
Во црни бикини со црвен цвет во косата Туна изгледа прекрасно на патувањето во Занзибар, каде синовите ги однесе на спектакуларно место.