Читањето книги е корисно од многу аспекти - релаксира, го збогатува вашиот речник, ве прави подобри оратори, а има и докажани здравствени бенефити.
Верувале или не, во романот „Nutshell“ на Јан Мекјуан нараторот е фетус. Оваа идеја „е толку смешна што не можев да ѝ се спротивставам“, вели Мекјуан. Колку и да е смешна идејата, истата е изненадувачки успешна. Експериментирањето со „гласот“ што ја раскажува приказната е фундаменталната алатка на пишувањето. Нараторите доаѓаат во широк спектар на стилови, од интимно прво лице, до неверојатно оддалечени перцепции. Начинот на кој се раскажува приказната е исто толку важен, а понекогаш и поважен од самата приказна. Кога станува збор за раскажувачи, овие автори не прават дискриминација. Ова се неколку неконвенционални наратори со кои ќе се сретнете во романите.
Научна фантастика е литературен жанр за кој постојат многу различни мислења. Овој жанр најчесто или не го сакаат или го сакаат премногу. Научна фантастика не е хорор, иако постои посебна подгрупа за овој жанр...
Денес, 23-ти април, го прославуваме со нова книга, нов наслов и нова приказна...
Интензивно се подготвуваме за новиот Саем на книгата и уште отсега си правиме списоци на книгите кои сакаме да ги купиме со цел да ја подновиме домашната колекција. Започнуваме со првиот дел на предлози кој вклучува 3 сосема различни жанровски книги, но подеднакво интересни и квалитетни...
Не можеш да си купиш среќа, но можеш да купиш многу книги, а на крајот од денот тоа е едно исто, нели? Овој пат одбравме 3 нови наслови со специфична и возбудлива содржина на коишто со задоволство ќе го потрошите вашето слободно време. Микро раскази, книга за едно растење и созревање...
Венко Андоновски е роден на 30 мај 1964 година во Куманово. Писател, есеист, критичар и книжевен теоретичар, творештвото на Андоновски е исклучително богато. За неговото име неминовно се врзува можеби најпознатото дело, „Папокот на светот“, чиј втор дел послужи како инспирација за филмот „Превртено“ од 2007 година во режија на Игор Иванов Изи...
Човек може да има многу пари, а сепак да биде длабоко несреќен или пак, напротив, да има малку, а да биде врвно среќен, како никој друг… Се согласувате? Ова е само мал исечок од книгата на Рафаела Жордано која треба да се најде на вашата месечна листа на прочитани книги. Трите наслови кои ги одбравме оваа недела за вас...
Идејата за насловот звучеше „Од жени за жени“, но тоа едноставно ќе беше неправедно, бидејќи овие книги треба да ги прочита апсолутно секој. Доколку сте подготвени да прочитате нешто покомплексно, книги за кои ќе треба да размислувате денови подоцна, наместо да ја заборавите содржината веднаш по завршувањето на последната страница...
„Секогаш го замислувам рајот како една огромна библиотека“, ќе изјави Борхес и навистина - зарем има нешто што изгледа поубаво од многу книги на едно место? Книги кои целосно ќе ве обземат со својата содржина, книги со кои барем за момент ќе избегате од реалноста, селејќи се во светот на страниците исполнети со тајни...
Среќата со пари не се купува, но можеш да си купиш книги, а тоа му доаѓа од прилика исто. Единствено времето поминато со книгата не е залудно поминато време. Доколку сте расположени за нови и возбудливи книги кои ќе ве остават без сон, ги препорачуваме следните 3...
Во денешниот свет каде што царуваат мотивациските говорници кои постојано ве убедуваат дека доколку му се насмевнете на животот и тој ќе ви се насмевне вам, Марк Менсон е прилично големо освежување кои има малку поинакви идеи. Универзумот речиси никогаш не крои заговор по секоја цена да ви ги оствари желбите кои силно ги посакувате...
На годинашниот јубилеен 20-ти конкурс за престижната награда „Роман на годината“ пристигнаа дури 36 романи. Како што соопштуваат од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува оваа награда, жири-комисијата во состав Фросина Пармаковска, минатогодишна лауреатка на ова признание и воедно претседателка на жири-комисијата, Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека освен по обем, годинава романескната продукција се одликува и со несомнен квалитет...
Што би можеле да правите на овие ниски температури? Најдобрата идеја ја имаме ние – удобно да се стуткате на топло и да поминете пријатно попладне или вечер со книга во рацете. Тоа е најдоброто нешто кај книгите, ви дозволуваат да патувате без да ги движите стапалата. Па доколку сте подготвени за романтично...
Маргарет Атвуд (1939) е канадска поетеса, романсиерка, книжевна критичарка, есеистка и активистка за заштита на животната средина. Магистрирала на Харвард во САД, а предавала на повеќе универзитети како почесен професор, на Оксфорд, Кембриџ, матичниот Харвард, Сорбона и многу други. Атвуд е една од најпреведуваните автори во светски рамки. Во 2000 година ја добила Букеровата награда за романот „Слепиот убиец“...
„Не верувај им на оние кои не понеле со себе книга за читање“. Има ли поголема вистина од оваа? Се надеваме дека прочитавте многу книги во годината која завршува, а доколку сепак не успеавте во својата мисија, донесете една од неколкуте новогодишни одлуки: Во новата година да читате многу повеќе. Оваа 2018 година заокружете...
„Книгата е подарок што може да го отворите повторно и повторно“. Подарок кој не ја губи својата вредност, кој не здосадува, подарок кој може да премине од едни во други раце и повторно да се врати кај вас. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници за вистинските љубители на добрите книги, овие 3 предлози со сигурност ќе сакате да ги подарите...
„Личноста, без разлика дали е џентлмен или дама, која не пронаоѓа задоволство во добра книга, мора да е неподносливо глупава“, рекла Џејн Остин и не можеме повеќе да се согласиме со неа. Доколку се прашувате што добро би можеле да прочитате во текот на овие ладни, зимски денови, ги препорачуваме следните 3 нови наслови...