Како што на секоја добра приказна и е потребен херој, така на секоја приказна и е потребен и добар негативец. Со оглед на долгата историја на литературата и неверојатен број на дела, тешко е да се избере најдобриот и најнезаборавниот.
Дали сте од оние кои силно се возбудуваат за секој нов издаден наслов? Читањето е всушност разговор. Сите книги ни зборуваат. Но, само најдобрите умеат и да слушаат. Доколку сакате да прочитате некој нов наслов, за вас ги имаме следните три...
Џорџ Клуни засекогаш ќе остане познат по неговите неверојатни актерски способности и неговиот шарм. Добитникот на два Оскари, три Златни глобуси и на наградата АФИ за животно дело, изминал долг пат од неговата позната изведба во серијата „ER“...
Сето внимание на гледачите во моментот е насочено кон последната хит серија во продукција на HBO – Чернобил, што нè натера да се запрашаме колку книги ја обработуваат оваа тажна и грозоморна тематика? Одговорот е – многу, стотици книги кои ја отсликуваат најголемата нуклеарна катастрофа на сите времиња...
Во текот на, речиси, пет децении и 58 романи, Стивен Кинг има напишано неверојатни приказни. Ниту еден жив автор не може толку да нé исплаши како Стивен Кинг.
Многу луѓе одбиваат да читаат кога ќе видат дека романите имаат премногу страници. Кога знаат дека во текот на работните денови нема да прочитаат повеќе од неколку страници и дека ќе го заборават делот што го прочитале до викендот, луѓето намерно или несвесно не сакаат читаат познати книги...
За црната книга се вели дека во своите страници ги содржи сите магични практики. Идејата за постоење на таква книга е многу стара и се појавува во разни митологии.
Херберт Џорџ Велс, роден пред 153 години, во своите дела ги предвидел новитетите кои навистина се оствариле, од ласерите до електронската пошта. Но пионерот на научната фантастика, Велс, ги демонстрирал и визиите за иднината кои сè уште не се оствариле, како машина за патување низ времето, невидливиот човек или инвазија на Марсовци. Прочитајте што познатиот Х.Џ. Велс има предвидено во своите дела и кои од овие предвидувања се оствариле.
Време е за нови наслови кои ќе ви предизвикаат бура од емоции која тешко ќе може да ја контролирате. Иако жанровски различни (биографија според вистинита приказна, возбудлив крими-трилер и раскази од македонски автор), сепак во изборот којшто го направивме се наоѓа книга за сечиј вкус. Доколку немате идеја што да прочитате следно...
Последниот период темата за дистопија како да зазеде посебно место во интересите на луѓето ширум светот.
Без зборови, без пишување на книги, историјата нема да постои, нема да постои концептот за човештвото. Веројатно затоа книгите, како ниту еден друг човечки производ, биле уништувани и забранувани долго време. Со векови свештенството на древните народи ги криело своите знаења, тајни писма и волшебни карактери. Од сумерските глинени плочки, египетскиот папирус, до печатот на Гутенберг и инкунабулата, книгите поминале низ долга развојна патека на обликување, употреба, уништување и забрана.
Пепелашка, Црвенкапа, Снежана, Заспаната убавица, речиси сите имаме слушнато за овие познати бајки. Поминаа повеќе од 200 години откако за прв пат биле издадени Бајките на браќата Грим, а истите сè уште ги фасцинираат децата. До сега се направени многу адаптации, од анимираните цртани филмови на Дизни до модерните верзии на овие познати приказни. Јакоб Грим и Вилхелм Грим биле германски филолози, лингвисти и собирачи на германското народно творештво. Најпознати се по своите збирки од сказни и бајки, наречени Бајките на браќата Грим, покрај ова се сметаат за основачи на германската филологија и германистика. Влезете во светот на бајките на браќата Грим.
Општо земено, читањето има многу позитивни ефекти врз луѓето. Преку читањето учиме за животот и стекнуваме нови сознанија, но тоа не е сè. Читањето фикција ги подобрува социјалните вештини и емпатијата.
Конечно започна најголемиот книжевен настан во градот, каде љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да се снабдат со нови приказни за претстојниот период.
Постојат луѓе кои читаат само затоа што мораат и оние за кои книгите се љубов и пасија...
Мирјана Ивановска е одличен пример дека примарната професија никогаш не те дефинира целосно како личност. Впрочем, така и треба да биде. Како најсложени суштества сме обликувани од стотици слоеви, а се чини дека кај оваа непоправлива сонувачка под кожата пулсира исклучиво поезија. Нејзината професија е економист...
Доста беа сериозни тематики и филозофии. Понекогаш треба да си дадеме простор да се релаксираме со некоја книга за млади, барем да пробаме да го разбудиме детето во себе и на
„Животот го доживувам како добра книга. Колку повеќе се задлабочувате, толку повеќе добива смисла“. Доколку сте од оние на кои читањето книги им е есенцијално во животот, дефинитивно ќе ги цените нашите 3 нови предлози. Тие ќе ве држат во неизвесност, напнати и будни длабоко во ноќта. Со сигурност...