Немате идеја што да прочитате, а сте во потрага по нешто доволно интересно и квалитетно кое ќе ви го задоволи окото, непцето, умот и душата? Имаме три предлози за вас. Жанровски сосема различни, една автобиографија, уште една помешана со елементи на патепис и најубавата поезија на светот… без да се измачувате што да прочитате, одвојте време за сите три книги...
Дали имате навика да купувате и трупате нови книги, иако имате купишта од претходно кои сè уште не ви се прочитани? Добре дојдовте во клубот. Според јапонската култура, вие страдате од синдромот „Tsundoku“, кој се употреба да опишете личност која поседува (пре)многу непрочитана литература...
Не заминувам на патување без книга. Не заминувам на патување без книга. Тоа ми е непишано правило кое веќе со години го следам. Колку и да сум натоварен, секогаш наоѓам простор за книга, макар еден наслов, кој знам дека верно ќе ме придружува.
Зарем не ги обожавате оние книги кои имаат моќ да ви го нахранат умот, да ви дадат енергија и да се осмелите да направите нешта кои сте сметале дека се неостварливи? Обрнете особено внимание на првата книга, но и другите две ќе ве освојат подеднакво. Жанровски сосема различни, сепак тие се поттик за нашата душа, за сите храбри и смели луѓе, сите сонувачи, сите кои сакаат малку повеќе од животот...
Без да сакаме да наметнеме некоја строга дистинкција, овојпат со особена гордост се одлучивме да препорачаме три прекрасни книги напишани од жени. Тие се силни, а нивните зборови посилни од мечот. Несомнено ќе уживате во изборот, а ние силно ве поттикнуваме да ги споделите книгите со некој друг откако ќе ги прочитате, бидејќи тие се како „ефектот на пеперутката, стигнуваат до другиот крај...
Веќе ви ги дадовме првите три предлози книги кои би можеле да ви прават друштво на плажа ова лето, што значи дека е време за нови предлози кои ќе ве освојат под мирното сонце и брановите покрај вас. Македонски трилер, култниот роман на најпродаваниот бугарски автор Георги Господинов и историска драма, ова и воопшто не е прашање на избор, едноставно спакувајте ги сите три и уживајте...
Без да сакаме да ги етикетираме само како книги за феминистки, едноставно ќе кажеме дека секоја жена која се почитува себеси мора да одвои време и простор и да ги прочита следниве внимателно одбрани книги. Бројот на наслови кои може да се понудат е секако импозантен, но предност им дадовме на оние што се објавени на македонски јазик. Слободно дополнете ја листата со уште некој ваш предлог...
2018 година беше и сè уште е во знакот на војвотката од Сасекс, односно Меган Маркл. Воодушевени од кралската свадба и новиот член на благородниците, природно сите сакаа да дознаат што е можно повеќе детали за Меган. Но, се чини дека новата војвотка сака и да чита, покрај јогата која и е особено голема пасија. Таа го состави својот личен список со 5 книги кои мора да ги прочитате барем еднаш во животот...
Летото е одлично време во рака да земете некоја книга со лесна содржина, наместо неуморно да скролате по социјални мрежи додека се сончате...
Најголемиот македонски интелектуалец од неговото време. Неговата непресушна творба и инспирација го етикетираат како основоположник на современата македонска поезија, но Рацин е многу повеќе од тоа, филозоф, идеолог и револуционер. Се навршија 75 години од неговата смрт на 13 јуни, 1943 година. Може многу да се зборува за ликот и делото на Кочо Рацин...
Покрај многубројните филмски адаптации на светски познати романи, останува прашањето зошто би се мачеле да читаме книги од стотици, па дури и илјадници страници? Секако, заради уживањето во убавиот пишан збор. Но не секој размислува на овој начин. За некого читањето е мачно, неподносливо, мирисот на книги (и стари и нови) е ужасен...
Завршувањето на факултет може да биде прекрасен период во животот. Означува крај на едно неверојатно поглавје и почеток на ново...
Сезоната не летни одмори започнува, а ретко кое уживање може да се спореди со читањето книги на плажа, особено за вистинските вљубеници во пишаниот збор. По некое, пак, непишано правило, најмногу книги успеваме да прочитаме токму додека сме на одмор. Доколку се подготвувате за летниот одмор, а немате идеја што да прочитате, ние ви ги нудиме првите три предлози за на плажа...
Младиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето, економијата, политиката, безидејноста.
Летото е одличен период за читање на книги. Без разлика дали сте во удобноста на вашиот дом, во вашата летна оаза или некаде на плажа, носењето на интересна книга е задолжително.
За сите љубители на драматичните, напнати трилери испреплетени со добра крими-приказна, ви предлагаме 3 нови книги чии страници како да се вртат самите. Ќе заборавите на сè околу вас и нема да забележите кога поминало времето додека сте читале. А времето потрошено во читање никогаш не е залудно потрошено време...
Читањето ја развива имагинацијата, ја подобрува меморијата и го збогатува вокабуларот, а тоа ни е на сите јасно.
Сте се запрашале што означува буквата М во средината помеѓу името Петре и презимето Андреевски? Всушност, Петре Мито Андреевски е неговото целосно име, а тој е можеби најголемата македонска прозна и поетска гордост. Тој е „Пиреј“ кој вирее и расте дури и кога сте го подзаборавиле на полиците (доколку тоа е возможно), тој е „Вечна куќа“ во која живеат...