Меган Фокс видно лута му се тргна на Машин Ган кога се обиде да ја бакне – „на љубовта ѝ дојде крај?“

Машин Ган се обидува да ја бакне Меган, а таа ладно го одбегнува - неразделниот пар за првпат уловен на камера во непријатна ситуација на кавга. Фановите коментираат дека дошол крај на медениот месец. Што ли згрешил Машин Ган?

na-ljubovta-i-dojde-krajot-komentari-otkako-megan-foks-voznemireno-go-otturna-mashin-gan-keli-na-crven-tepih-video-01.jpg

Во последните две години Меган Фокс (35) и Машин Ган Кели (31) се неразделни.

Речиси секогаш се појавуваат во модно усогласени изданија, не се одлепуваат еден од друг, јавно разменуваат нежности, но овојпат актерката сигурно не беше расположена.

Додека се подготвуваа да се фотографираат на црвениот тепих на Daily Front Row Awards 2022 во неделата, присутните го уловија моментот на камера како Машин Ган Кели се обидува да ја бакне актерката во врат, а таа го избегна.

„Што ти направи сега?“, „Некој е многу лут?“, „Да не се загледал во некоја помлада?“, „На повидок е раскинување?“, „На оваа врска ѝ се гледа крајот“, „Заврши периодот на меден месец“.

Ова се само дел од коментарите на фановите на славниот пар што имаа можност да го погледнат видеото.

Погледнете како Меган го избегна бакнежот на Машин Ган Кели:

Сепак, на друго видео објавено на Твитер може да се види дека Меган му дозволи на Машин Ган Кели да ѝ ја бакне раката, а сепак се фотографираа заедно и на црвениот тепих, па можеби нештата не се толку лоши.

Инаку, за потсетување во јануари годинава Машин Ган Кели ја побара Меган Фокс за сопруга, а таа прифати. 

Прочитајте и Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со дијамантски прстен со посебно значење - прославиле со пиење крв (видео)

Повеќе фотографии од парот за време на последниот настан:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg