Зафрканции на сметка на поскапување на горивото

zafrkancii-na-smetka-na-poskapuvanje-na-gorivoto-povekjeКако што расте цената на бензинот, така расте и бројот на реалните „шеги“ на сметка на поскапувањето. Ние собравме на едно место дел од најдобрите...


...коментари, статуси и заклучоци на оваа тема.

- Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првиот македонски султан и ќе ме викавте Величествениот

- Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 98, што стои закопано позади куќата“

- Одеднаш Томос со педали изгледа како тотално практична работа

- DHL купија нови 300 точаци од Вучко

- Трките на Водно ќе се одвиваат во Ентернет на NFS: Run

- НЛБ тутунска има нов наменски кредит за полнење резервоар, со рок на отплаќање 40 години

- Гирадико за порачки со достава до дома ќе овозможат плаќање на рати

- Иронија. Имаш пари да купиш 3 коли, немаш пари ни у една да ставиш бензин

- Ако се сјебеш и свртиш круг повеќе на кружен тек, отидоа 500 денари у вода

zafrkancii-na-smetka-na-poskapuvanje-na-gorivoto

- Порано фраерите частеа на шанк. Сега на пумпа. „Прати и 100 милилитри на малава“

- Омилен парфем? Безоловен 95ка

- Порано возење со кочија беше романтика. Сега е неопходно

- Порано моторот го пунев со 130 денари. Се за 500 може само да ми плукне во резервоар

- Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти ваучер од Макпетрол да видам јас...

- Муабет у ванила: Срце, имам пун резервоар. Сакаш да видиш?

- Макпетрол е новиот Сваровски

- 25 евра авионска карта за до Венеција. - 50 евра бензин во Пежо за до Драчево

- Што е главната дилема на возач на југо? Да наполни резервоар или за исти пари да купи Мерцедес!

- 1м2 = 1евро = 1/2л бензин

- Палење кола ти е 20 денари. Ако те фати црвено на Мавровка, отиде платата...

- Сега фраерите по број на турирања на семафор се познаваат

Извор: thacasper.blogspot.com

Би можело да ве интересира:

Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Најдобриот излез од нешто е секогаш низ тоа нешто.
Роберт Фрост (1874-1963)