Ова утро за прв пат не го бакнав пред да излезам од дома. Секое утро станувам без аларм, затоа што секогаш се будев далеку пред тој да заѕвони.
Трчам... трчам и трчам. Трчам низ животот. И запирам да разгледам. До кога вака? Мислам дека почнав да заборавам и да дишам.
Нашиот живот е изложен на безброј ограничувања и несреќи. И тој минува, сите работи минуваат освен една. Животот е чудо.
“Што сакаш, Ана?”- мојата потсвест ме врсна со погледот. Јас и возвратив со вообразен поглед...
Пред само една година мислев дека со добрина можам да го променам светот. Се заколнав на себе дека културата која ја носам во себе нема да ја изгубам без разлика на која позиција ќе ме донесе животот.
Стојам во ходникот од огромната универзитетска установа и се џарам во моите жолти, кутри, речиси дупнати зимски чевли.
Посебна вечер ќе биде, чувствувам, знам. Затоа и чувствувам дека имам потреба да изгледам посебно и би требало да изгледам посебно од две причини...
Никогаш не сум била од оние, убавите девојки. Никогаш не сум била од оние, згодните девојки. И никогаш не сум била од оние, популарните девојки...
Ти, пак тука, сама. Ти пак тука, каде што не ти е местото, во погрешно време. Знаев дека тука ќе те најдам. Поласкана сум.
На средината од месецот, во ноќта додека снегот се раѓаше на покривите од куќите, а внатре во домовите мирисаше на печени костени и топло црвено вино, се роди едно посебно чувство.
Често се среќавам со луѓе кои за себе тврдат дека се ладнокрвни. Навистина ли е тоа така? Ве познавам. Ве знам. Знам што се крие зад таа ладнокрвност.
Понеделнички утра потопени во кафе. Пијалaк кој те буди, ти ги буди чувствата, но не е и срцето. Го мразам...
Есен е. Надвор врне. Се чувствува мирис на дожд. Надвор безброј заљубени трчаат и му се радуваат на дождот заедно со саканата личност. Уживаат на дождот.
Зборував за неа постојано. Зборував колку е одвратно да си заљубен во неа, ја објаснував теоријата на нејзиниот живот. Толку многу знаев за неа, а сепак не знаев ништо. Многу пати ме прашаа зошто го одбрав баш тој збор, “одвратно”.
Дом, семејство и спокој - мали зборови со голема улога во животот на секој човек. Што е домот? - Тоа е оној простор каде се чувствуваш сигурен...
Верувам дека во животот се живее баш за овој момент. Кога повеќе не е важно. Кога повеќе ништо не е важно. Важен е само еден човек. Еден лик од кој најдобро си видел.
Никогаш не сум патувала со воз. Кога некој ќе слушне, се запрепастува: „Како тоа? Зарем никогаш?“ Да, никогаш. Би сакала, иако вие што секоја трета недела се возите постојано се жалите дека нешто не ви чини, јас не дозволувам да ми ја уништите совршената визија во мислите: црвени седишта, весели патници, идилични глетки кои го одземаат здивот - за мене возот е нешто магично, неверојатно, сосема неопислив. А толку долго ги гледам возовите од далеку, што ги знам сите...
Се разбудив, мрак. Сцена, сценарио, филм. Некоја нејасна слика, недостижен живот. Сон ли е? Реалност ли? Го гледам истото, се мачам. Глетката испарува и повторно се појавува. Што се случува со мене? Лежам и празно шарам со очите.