Нека биде подобар, понежен, нека те љуби побавно, нека те гушка посилно. Нека биде од мене подобар човек. Повеќе внимание нека ти подарува, поубави букети нека ти нижи од своите рајски градини. Ноќите нека ти ги посветува, деновите нека ти ги разубавува. Подобар нека ти биде. Не бидејќи навистина е. Туку бидејќи јас не бев...
Јас сум независна жена со желби и амбиции, не сум за такви како тебе кои чекаат други да им дадат совет што да превземе во животот, за такви кои се задоволуваат со малку...
„Лоша си“- ѝ викав. Таа како и по обичај ќе се налутеше, ќе ми го завртеше грбот, а јас повлекувајќи ја кон себе секогаш успевав да ја натерам да се изнасмее до солзи и сè да ми прости.
Ако некогаш дознаеш за мене - разбери го. Јас го разбирав за тебе, сега тебе ти е ред. Разбери дека го посакував, го обожавав. Секоја моја мисла место да ја кажам, верувај паѓаше од моето срце. Ја газев со мојата штикла, пробував да ја закопам, но се уште го носам неговиот мирис, а по малку и твојот...
Твојата поткошула здиплена, мојот градник фрлен во некој ќош, што намерно кога би сакала да центрирам не би ми текнало, а не би ми ни успеало. Твоите слим фит панталони повторно здиплени веднаш под твојата префинета, памучна маичка со темно сива боја, која го истакнува секој прекрасно извежбан мускул од твоето тело на бог...
Вистинскиот лесно ќе го препознаеш, убавице. Тој ќе ти каже дека си убава во 9 часот наутро, а не во 4 часот после забава и 2 литри испиен алкохол. Тој ќе се труди околу тебе и во понеделник, а не само во петок и сабота. Ќе те повика со него на кафе, а не кај него на пијалак...
Само што влезе дома, но веќе подолго време овде се чувствуваше како натрапник. Дури и воздухот беше потежок, па отвори прозорец.
Другар, згрешив. Мислам дека ја направив најголемата грешка во мојот живот. Ја оставив. Повторно, знаеш. Ама ова не е од тие „врати ми се“ оставања. Ја оставив засекогаш...
Седејќи пред компјутерот, сè повеќе гледам како се пишува дека ние што имаме отидено во странство сме се „спасиле" од кутрата Македонија.
Помина времето кога заљубено и срамежливо шетавме низ Градскиот парк, кога калдрмата на Старата чаршија ми ја пееше најубавата песна. Живеев како во бајка, реалноста ја боев во розово, иднината во златно.
Чувството кога нестрпливо го чекаш последниот учебен ден од твојот средношколски живот. Ги одбројуваш месеците, потоа и деновите кои останале до последниот ден кога одиш во училиште.
Ја прегрнувам перницата колку што можам посилно, моја најголема пријателка е, најдобро слуша - најмалку критикува.
„Не можам да се замислам себеси во друга прегратка. Не сакам да се замислам себе си да заспивам на други гради. Нема никогаш да се разбудам покрај некој кој не е ти. Засекогаш твоја“, со трепетлив глас му го кажа она кое го извади од длабочините на своето срце...
Отсекогаш се канев да го исплукам нашиов ноќен живот и еве ме конечно решив да седнам и да искуцам неколку работи.
Зима е. Две пријателки се среќаваат првпат после долги години. Стојат една до друга, последни во реката луѓе, со погледот вперен надолу. Студот и ладниот воздух што ги сече надвор е поголем од студот во нивните срца.
Карневал на емоции, црвени жаришта и пеколни искри - ете такви бевме. Ти север - јас југ, ти исток - јас запад. Заедно го кроевме центарот. Цела галаксија во наши очи, цел свет во наши дланки.
Ризикот ми беше во крвта. Кога требаше да бирам помеѓу љубов и оружје зарем миcлеше дека ќе cе двоумам? Каков херој би бил ако изберев љубов?
Утрата се секогаш чудни нешта, посебно оние кои започнуваат малку порано колку да се почувствуваат првите зраци од сонцето кои си го нашле патот преку дупчињата на спуштената ролетна и ја украсуваат собата.