На првиот училишен ден од првото одделение, се сеќавам како мајка ми ме прегрна и полна надеж, ми рече: „Сè ќе биде во ред!“ А на последниот ден од пеколот гимназиски исто ме прегрна и со уште поголема надеж и радост ми рече: „Заврши! Сега сè ќе биде во ред!“
Книгата „Правилото 10х“ на Грант Кардон навистина мислам дека може да промени многу животи на професионално и приватно поле. Сѐ што пишува во книгата ние потсвесно го знаеме или пак сме...
Одлука за да се посети професионалец за нашето ментално здравје е особено важна. Тоа подразбира дека некој се одлучил да се грижи за себе, да си даде лична поддршка и да донесе позитивна промена во својот живот.
Денес е Светскиот ден на борба против ракот. Денес се сеќаваме на сите што се бореле против рак и им даваме гласен аплауз на сите што сè уште се борат и на оние кои успешно се избориле.
Можеби 2020 беше година која беше намерно ставена во календарот со цел да нè „разбуди“ од „зимскиот сон“ на алчноста, безумието и бездушноста и да нѐ научи на еден поинаков вид на среќа.
Искрено за првиот секс со маж што не го сакала, за работата во која блеснала и за преобразбата од млада безгрижна девојка во константно загрижена девојка со панични напади. За константната посета на лекари, терапија од психијатар и желбата за пронаоѓање на духовен мир... Во чевлите на една девојка од Македонија.
Беше јануари, обичен ден од новата 2020 година, обичен студен ден. Веќе почнав да одам на мојата нова работа. Како за нов почеток, се чувствував некако исполнето и смирено...
И оваа вечер заспивам гледајќи низ прозорецот. Гледајќи ја месечината. Блеска преку прозорецот како еден од уличните фенери што ги имаше пред мојата куќа...
Луѓето често знаат да зборуваат без да размислат за последиците, без да размислат дали ќе повредат некого или не...
Ветрот им ја вееше косата и нежно им ги галеше очите полни со блесок и сјај, додека тие се движеа со бавни чекори по тревата. Прстите на рацете им беа испреплетени и топли, погледите им се сретнуваа од момент во момент...
Кога ќе се срушат илузиите повторно сме еднакви. Ако јас сум во облаци, тој цврсто стои на земја. Ако јас сум романтичар, тој е реалист.
Земја пречесто нарекувана нестабилна.. Поистоветена со расположението на еден просечен средношколец.
За некои ќе бидеш добар, за други лош, но на крајот од денот до тебе ќе останат само оние на кои им значиш нешто. Другите, заминале уште пред да падне мрак, се впиле и ѝ се покориле на тишината...
Врне. Есен е. Стоиме некаде таму во темниците помеѓу колите, стуткани еден во друг, незабележувајќи кој поминува. А, можеби и никој навистина не поминува, само јас и ти.
Чекање на бебе е како да планираш едно преубаво патување за Италија. Се прават планови за посета на Колосеумот, Фонтана Ди Треви, Венеција, Милано, Фиренца…
Секој божји ден ги слушам луѓето како велат не ми оди во животот, ич да се немало среќа, баксуз и пол сум, работата хаос, во љубовта како да ми се случува некоја елементарна непогода, ова, она било, и така до бесконечност и назад.
Еден период работев во земјоделска аптека. Повеќето од потрошувачите беа селани. Чудно, но јас посреќни луѓе не бев видела ни до тогаш ни до денес...
Тоа што СИ ти, зборува толку гласно за тебе што не можам да слушнам што зборуваш. А за тоа кои сме денес најгласно зборува тоа што го работиме, во оваа високо технолошко специјализирано општество…