Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 проблеми кои се појавуваат при недостаток од витамин А во телото

За телото да функционира правилно, потребни му се сите супстанци и витамини, но како да знаете коа има недостаток од некој?

7-problemi-koi-se-pojavuvaat-pri-nedostatok-od-vitamin-a-vo-teloto-01.jpg

Телото покажува различни симптоми кога има недостаток од магнезиум, калиум, од витамин Д и други витамини.

Витаминот А е неопходен за добар вид, ефективен репродуктивен систем и здрава кожа.

Се наоѓа во различна храна, па не треба да дозволите да дојде до голем недостаток.

Во продолжение – знаци кои укажуваат дека ви недостасува витамин А во телото:

Сува кожа

Витаминот А е еден од главните елементи кој е неопходен за кожните ткива и за хидратација на кожата. Неговиот недостаток честопати резултира со појава на егзема, заради сувоста на кожата.

7-problemi-koi-se-pojavuvaat-pri-nedostatok-od-vitamin-a-vo-teloto-02.jpg

Ноќно слепило

Ова е најчестиот симптом за недостаток на витамин А, а станува збор за проблем во очите, што предизвикува тешкотии за гледање во темница. Во затемнета средина, острината која видот треба да ја има е намалена и станува невозможно јасното гледање во темница.

7-problemi-koi-se-pojavuvaat-pri-nedostatok-od-vitamin-a-vo-teloto-03.jpg

Акни

Со оглед на тоа што витаминот А е задолжен за кожното ткиво, па целиот процес кој се одвива кога телото има недостаток од витаминот, доведува до појава на акни.

7-problemi-koi-se-pojavuvaat-pri-nedostatok-od-vitamin-a-vo-teloto-04.jpg

Проблеми со зачнување

Консумирањето храна богата со витамин А ја подобрува плодноста, а витаминот е неопходен за правилно функционирање на репродуктивниот систем.

Оние кои сакаат да останат бремени, како и трудниците, мора да го консумират во умерени количини со препорака од лекар, секако.

7-problemi-koi-se-pojavuvaat-pri-nedostatok-od-vitamin-a-vo-teloto-05.jpg

Слабо заздравување на рани

Телото ги лечи раните за кратко време благодарение на лачењето на колагенот, кој се наоѓа во здравите организми, благодарение на кој кожата останува здрава.

Витаминот А помага при лачење на колагенот, па ако забележите дека раните потешко ви заздравуваат од претходно, пробајте да ја смените исхраната и внесете витамин А.

7-problemi-koi-se-pojavuvaat-pri-nedostatok-od-vitamin-a-vo-teloto-06.jpg

Бавен раст

Витаминот А има посебно влијание кај децата за растот и развојот, па треба да обрнете внимание да го консумираат во умерени количини.

Развојот на видот и имунитетот се дополнителен плус.

7-problemi-koi-se-pojavuvaat-pri-nedostatok-od-vitamin-a-vo-teloto-07.jpg

Суви очи

Витаминот А исто така помага во лачењето на солзи и создавање влажност во очите, а ако се соочувате со сувост во очите, покрај тоа што ќе се консултирате со лекар, може да вметнете во исхраната и намирници богати со витамин А.

7-problemi-koi-se-pojavuvaat-pri-nedostatok-od-vitamin-a-vo-teloto-08.jpg

Храна богата со витамин A:

  • Варено јајце
  • Лосос
  • Спанаќ
  • Сладок компир
  • Морков
  • Тиква 
  • Бабури 
  • Брокула

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат? Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Храна што го хидрира телото (и треба да ја јадете почесто) Кога ќе се спомене хидрирање на телото најчесто помислуваме на пиење вода. Но, о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg