Како да се заштитите од ширење на корона вирус во градски превоз (колку што е можно)?

Во нашата земја има 7 пациенти позитивни на корона вирусот, а иако не треба да се креваат паники, сепак граѓаните треба да се погрижат за јавната свест и заштита на јавното здравје.

kako-da-se-zashtitite-od-shirenje-na-korona-virus-vo-gradski-prevoz-kolku-shto-e-mozhno-01.jpg

Корона вирусот брзо се шири низ земјите во светот, а со цел колку што е можно повеќе да се заштитите мора задолжително да ги следите заштитните мерки кои ги упатува Светската здравствена организација.

Како што е многупати досега напоменато, задолжително водете голема грижа за личната хигиена, избегнувајте контакт со настинати луѓе кои не се чувствуваат добро, избегнувајте масовни собири и држете поголема раздалеченост со соговорниците.

Исто така, избегнувајте патување во земји каде што вирусот е активен, а доколку вие или некој ваш познаник се вратил од некоја од критичните земји, задолжителна е 14-дневна само-изолација.

Сепак, освен што ќе ги преземете сите овие мерки, едно нешто не може да се избегне, а тоа е патувањето со јавен превоз, каде има голем број на патници кои постојано се менуваат во текот на денот, а не можете да знаете со каква здравствена ситуација се.

Она што може да го направите за колку-толку да се заштитите е следното:

1. Веднаш по излегување од јавен превоз исчистете ги рацете со средство за дезинфекција.

2. Кога ќе стигнете дома или на работа или каде и да сте биле упатени со јавниот превоз, веднаш темелно измијте ги рацете со вода и сапун, минимум 20 секунди.

3. Кога кашлате или кивате, покријте ги носот и устата со марамче кое ќе биде фрлено по употреба, а потоа ќе ги дезинфицирате рацете. Ако немате марамче, покријте ги устата и носот со внатрешната страна на лактот, а не со дланка.

4. Избегнувајте близок контакт со личност која не ви изгледа здравствено добро, дури и ако тоа значи симнување од автобусот додека да го почекате следниот.

5. Избегнувајте разговор со патниците во автобусот, одржувајте дистанца колку што е можно повеќе.

6. Задолжително отворајте ги прозорците во јавниот превоз, дури и ако некои патници се бунат, проветрувањето е многу важно и не смее да се избегнува.

7. Избегнувајте допирање на повеќе површини во јавниот превоз, освен кога мора да се држите, но задолжително постапете по првиот и вториот совет. 

8. Не го допирајте лицето (уста, нос, очи) со раце.

И запомнете - без паника, само следете ги советите и подигнете ја свеста за јавното здравје! 


Прочитајте повеќе на темата корона вирус:

Што треба да знаете за корона вирус и како да се заштитите?

Хрватски научник пресмета колкави се шансите да заболите од Корона вирусот

Основни совети кои треба да ги следите за заштита од Корона вирусот

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg