„Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата најголема среќа и дека ќе те чувам додека сум жива. Ти си мојот живот! Засекогаш“ - напиша таа.
Кога има хумани луѓе, тогаш има насмевки на лицата и на оние во најзагрозена ситуација, „Стотче по стотче испративме две семејства на одмор – го немаа видено ни Охрид, ни Дојран, а тука живеат“. Сега, две семејства во ек на сезона ќе одмораат, благодарение на хуманоста на Борче „Донирај комјутер“, но и на Македонците. Браво!
„Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целосно песочни, а водата кристално чиста. Температурите не се превисоки, барем нам не ни се случи такво сценарио“, споделува Ксенија Николова за CRNOBELO.com.
„Како го наместивме во количката веднаш ја прифати, како да знае дека е негова“, пишуваат од пет шопот од каде Весна ја купи количката за Минки, нејзиниот миленик од расата померанец кој веќе има и свој Инстаграм профил.
„Едвај чекам да видам што ќе напишеш кога ќе наполниш 69. Држ' се!“ - му порача Снеже Велков на Игор Џамбазов, кој денес слави роденден.
Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари... Какви ви се плановите за посета на Охрид годинава?
Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во Канада, каде пејачот живее од 2014 година.
„Засега нема најава за поголем влажен бран кој би ја прекинал сушата, освен мала можност за краткотраен дожд во вторник“, вели Славчо Попоски за претстојната недела.
„Позади Ана и мама... ти и ја напред у кола... пука Bijelo Dugme на касета, идеме за Белград...“ – напиша Јана Стојановска на 27-годишнината од смртта на нејзиниот татко, легендарниот актер Ненад Стојановски.
Со тропска тематика во дворот во куќата на нејзините родители во Слепче, Демир Хисар, Христина со сопругот Петар и трите ќерки славеше роденден, но и голема победа. Семејството по две години борба на малата Тара, ја остава зад себе битката со дијагнозата Neuroblastoma Metastaticum и конечно нејзините близначки и новородената Калија ќе бидат сите заедно постојано, без одделување поради болници и терапии.
„Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“ – напиша Антониа на стара фотка со синот Киан, а објави и видео на кое тој свири на клавир, додека таа пее „Happy birthday“.
„Го праша докторот: ‘Дали ќе живеам’?, а тој ме погледна мене, ама ме погледна толку жално, што сфатив дека не е океј работата“ - раскажува внукот Виктор во документарецот за Зоки Фаци и се сеќава на еден од последните лекарски прегледи на вујко му пред неговата смрт.
Лила Филиповска беше во улога на водителка на манифестацијата „Златни денови Кратово“ и издоминира во долги металик фустани, Влатко Лозаноски доби награда за најдобар поп изведувач во Краљево, а Тијана Дапчевиќ уживаше со сопругот на плажа во Грција.
Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, Лилјана Михајлоска (25) и Јован Филипоски (27) од Гостивар се венчаа на годинешната Галичка свадба.
Љупка и Георги како да го живеат својот втор меден месец - разменуваат нежности, пловат со јахта, се опуштаат на плажа, малку шопинг, хедонистички ручеци и вечери.
Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по завршувањето на својата служба, но тука сега доживеа еден од најубавите мигови во животот и засекогаш ќе ја помни нашата држава по убаво. Таа беше запросена на местото кое има една од најубавите глетки кон Охридското Езеро.
„Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа на недвижнини, со водечки тим од 20 луѓе кои секојдневно затвораат мултимилионски зделки. Последните 5 години беа години на учење, пробивање и докажување“, вели Моника, девојката која Весна Петрушевска ја нарекува свое трето дете.
Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, годините воопшто да не минуваат и е иста како во времето кога се појави на музичката сцена во 1990-тите.