Комплексот кој на прва изгледа како да е во Шпанија или Португалија, е во Грција, а Иџе и семејството уживаат во секој момент поминат таму.
Стиховите „Dame Un Grrr“ како да ги слушаме насекаде деновиве, па понесена од виралниот тренд, кој првенствено ја нервирал, видео сними и Викторија Лоба. Пејачката се забавуваше за време на престојот на плажа.
„Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награда за најдобар машки актер за ‘Лена и Владимир’ со вас“, напиша Битолчанецот Тони Наумовски, кој долги години живее и работи во САД.
Видеото е измонтирано како прилог за една локална телевизија, со бомбастичен наслов: „Игор Џамбазов ги нападна претставниците на фармацевтската индустрија со зборовите: Убијци во бели мантили“, дополнето со фотографии на кои тој е уапсен и со лисици на рацете.
„Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oдиме кај нив на гости, но јас да бидам искрен првпат летам со авион, а сепак имав желба и бев подготвен тоа да го сторам во авионот“, вели Бобан Стојмановски oд Куманово за запросувњето на саканата Јована.
Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот на нивниот ангел... „Фросина беше мојата ќерка. Но, таа беше и многу повеќе. Таа беше уметност во движење, срце што шиеше соништа, стил што не се учи“, вели нејзината мајка.
„Тој што ја смислил изреката ЌОТЕКОТ доаѓа од рајот изгледа не размислил и не почувствувал последици од истиот. Последици физички и психички. Нестабилност на личноста на детето понатаму, исплашеност, повлекување или пак спротивност - имитација на својот родител низ текот на животот“, вели Теа Томовска Ристовска, специјален едукатор и рехабилитатор и испраќа моќна порака.
„Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме“, вели Славчо Попоски за претстојната недела.
Со досега необјавени фотки, на кои е клекната пред него, но и фотографија на која, освен нејзините, се и децата од првиот брак на Стефан, Катарина му честиташе роденден на својот партнер.
Ана Костадиновска објави постара фотографија со Панчо на која се прегрнуваат, додека тој уште закрепнува, а гитаристот од ДНК, Горан Тонев, кој неодамна излезе од болница во Солун им напиша „Ве сакам“! 3 и пол месеци подоцна, болката и тагата не стивнуваат...
Лила Филиповска се забавува и се качи на фламинго за време на одморот во Бодрум, Сања и Перо се бањаа со делфини на заедничкиот одмор со децата - кои познати Македонци ја избраа Турција за почеток на лето 2025?
„Ужасно ме потресе видеото со тепањето на 4-годишно дете, уште повеќе ме потресува фактот што којзнае колку деца го трпат истово ама или никој не пријавува или институциите немаат слух или реагираат кога е веќе касно и кога како во еден случај мајката уби и татко и свекор“, гласи дел од објавата на Миа Костова за случајот со тепање на дете, кој ја згрози Македонија.
Водителката ги насмеа своите следбеници откако на Инстаграм Стори објави фотка на која нејзиниот пријател Спасе спие на кауч под отворено небо и напиша: „Заспаната убавица“.
Мајмунчето бебе гибон Мики од ЗОО Скопје беше напуштено и повредено од мајката, полека закрепнува, а негувателката Зера деноноќно се грижи за него, го храни, менува пелени и спие со него бидејќи гибончето бара целосна посветеност од мајката исто како и децата.
„Деновиве добив навредлива порака за изгледот на мојот нос. Не сум од оние луѓе кои не се свесни за тоа кои се, како изгледаат, сум си ги прифатила сите мани. Но, овој пат нема да молчам - мојот нос не е проблем, проблем се луѓето кои сметаат дека е нормално да испраќаат такви пораки“ - вели актерката, по навредите за изгледот.
Maртија Станојковиќ со бикини наопаку трендот блеска на плажа, Toше Зафиров на одмор во Дубаи со сопругата во танга бикини, а, пак, Катарина Ивановска со ќерката на одмор... Koj ужива во Барселона, а кој во Грција?
Пејачката Благица Ѕунзуровска не ја крие возбудата и објави видео од своето запросување - партнерот со мотоцикл ја довезе на мото-собир во Скопје, каде ги дочекаа балони со натпис „Marry me“, а потоа таа му кажува ДА на саканиот кој клекна на колено.
„Земјата направи една ротација околу сонцето. А јас направив една околу тебе. Те сакам!“ - напиша Александар Динев во љубовната порака до водителката Ева Јовановска.