„Каков ден! Дождот денес не беше пречка - напротив, беше дел од предизвикот што со гордост го прифатив. Успеав да ги испешачам моите 2km за половина час на 12-тото издание на WFL World Run во Цуг“, вели Златко кој повторно се „победи“ себеси, две години откако му ги ампутираа нозете.
„Животче“ - напиша водителката Цеце Николова на Инстаграм, па покажа како се опушта покрај базен во Турција, а друштво ѝ прави пејачката Лара Иванова.
„Толку ги слушав и пуштав ДНК во моето кафуле што почнаа да ми викаат ‘Досаден си Дамјан, дај смени…’”, вели дечкото кој направи мурал кој ќе не потсетува на ликот и делото на Андреј. Нашата блескава музичка ѕвезда која прерано згасна...
„Некогаш пикник во парк значеше: седиш на ќебе, сонце, пријателки... Денес? Пикник во парк значи: со една рака го лулаш бебето, со другата држиш ладно кафе, со третата (која не постои, ама ти фали) се обидуваш да го зачуваш моментот и да направиш некоја фотка“, вели искрено и шеговито Софија Јанева.
На 6-ти мај се празнува најголемиот христијански празник од пролетниот циклус, а име слават Ѓоко, Ѓорѓија, Ѓурѓица…
„Ретко плачам и само блиските знаат што сè сум пребродила со насмевка на лицето, ама постпородилна депресија ти била сериозна работа. Седев и плачев без никаква причина. Дали ќе бидам добра мајка, дали заслужив втор живот, како ќе го оправдам, со која сила ќе го пораснам“, вели Александра Шијакоска, која одговараше на прашања за мајчинството, породувањето, синот Риан...
Акушерката е првиот глас на охрабрување што го слуша мајката. Првите раце што го допираат новороденчето. Таа е тивок херој зад секое „добредојде на светот“. Денес, 5-ти мај, е Светски ден на акушерките.
„Идејата на неговите прекрасни родители да ми го подарат тапанот произлезе, можеби, од тоа што пред скоро една година, за мојата полуматура, јас имав желба да тропам со тапанот негов, и Ѓорѓи тогаш од срце ми го даде“, вели 15-годишниот Бојан, кој го доби тапанот од Ѓорѓи, кој загина во пожарот во Кочани.
„Моментот кој го направи ова патување апсолутно незаборавно, се случи на едно од најспектакуларните места кои ги видовме – познатата Diamond Beach на Нуса Пенида и таму под ѕвезденото небо и импозантните карпи што ја опкружуваат плажата ја запросив Милена, вели фотографот Александар Алексовски за CRNOBELO.com.
„Првата операција ја имаше на 5 месеци. Повторна битка на 4 години. Кога светот го гледаше како кревко бебе, ние гледавме херој. А денес е Олимпиец. Првак. Победник во водата и во животот“ - напиша д-р Владимир Чадиковски за пливачот Никола Ѓуретанивиќ, чиј живот првпат му го спасил додека тој бил мало бебе.
Бојан и Марија од Еye Cue присуствуваа на магична свадба во Италија покрај езерото Комо, Кристина Димитри позираше без грам шминка, а Елена Најдоски и Аделина Тахири уживаа на одмор со саканите.
„Претставувањето на Македонија не е само можност, тоа е и одговорност да му покажеме на целиот светот кои сме - нација на срце, наследство и надеж!“ - вели нашата убавица Чарна, која ќе ја претставува земјава на претстојниот избор за Мис на светот.
Со одличен ентериер, но и најшарени коктели, овој локал во чаршија е совршен за викенд релаксација.
Популарната Исаура од „Преспав“ и нејзиниот сопруг, актерот Петар Стојанов, како и многумина Македонци, вчера беа на семеен првомајски излет.
Столе и неговата девојка се заедно околу една година - тие често патуваат низ Европа и САД и споделуваат фотки од заедничките патувања.
„Скоро цел ден правам пиши бриши на описов, ама многу емоции собрани во 15 години работа, дружба, успеси, падови, прават да ти е тешко да срочиш сè во неколку реченици“ - напиша Димитар во пораката со која „се одјави“ од радиото.
Модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска отворено проговори со какви несигурности околу изгледот се соочувала цел живот, но на каков начин се ослободила од тоа сега. Таа откри дека има аплицирано ботокс на неколку регии на своето лице, а сега се одлучила да ја третира брадата.
Стихови посветени на родителите на децата загинати во Кочани. Тие вчера го изодеа „Маршот на ангелите“ во Скопје, градот кој некогаш беше симбол на солидарноста... „Ајде ред се редат, мале. Правда слепа, глува. Мајки страдни, жални...“