„Имаше кризи. Расправиите биле за глупости, за тешки глупости. Кога се пакував, живеевме на Баново брдо, на шести кат, без лифт. Ги ставав сите куфери пред врата и чекав да дојде“, раскажува Тијана Дапчевиќ за брачните проблеми.
„Во мое време немаше фотосесии, а и ова е последната слика-селфи што ја имам со мало-големо меше, зашто на бебе Лазар му се брзаше да излезе. Со Ева не сум ни имала време да се сликам. Второ дете“ - напиша Маја Кикириткова и покажа како изгледала во текот на бременоста. Кои други Македонки објавија свои труднички фотки?
„Додека се качувавме кон Канео, во еден момент видов мал дел од украсеното и му реков: 'Виктор ајде да се вратиме, овде ќе се случува нешто', мислејќи да не упаднеме во кадар на некој друг… Кога сфатив дека сето тоа е направено за мене и солзите радосници сами почнаа да се слеваат“ - вели за CRNOBELO.com Тамара.
„Благодарам на секоја душа што веруваше во мене, ме поддржуваше, се молеше за мене и се возеше покрај мене на овој ролеркостер од емоции. Никогаш не замислував дека толку многу срца ќе чукаат со моето… и ќе го носам тоа чувство засекогаш“, напиша Тина, откако откри дека испаднала од натпреварувањето на The Voice of Germany.
„Да се трча 10km по Шеик Зајед Роуд во Дубаи, заедно со над 300.000 учесници од целиот свет, е сензација што тешко се опишува. Атмосферата беше неверојатна, а настанот ме потсети колку спортот инспирира. Со големо задоволство би учествувала повторно“ - вели Катарина Ивановска за CRNOBELO.com.
„Нов возач во Антиќ семејството“ - напиша Перо за најстариот син Лука, а пак Цеце Николова сподели фотка од детството кое го помина во СОС детското село и напиша: „Денес само би (с)ѝ рекла дека сѐ е океј, а можеби и многу повеќе од тоа“. Што прават нашите ѕвезди деновиве?
40 дена по смртта на Панчо, Ана Костадиновска, која беше придружен вокал на ДНК, сподели неколку фотографии со колегата, со краток, но емотивен опис
Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека на сестра ѝ Александра ѝ се паднало поубавото име, оти едната е крстена по прабаба, а другата по прадедо. Татјана Стојановска за малку ќе била Слободанка, а името на Нора Шаќири на арапски значи „светлина“.
Ламбе Алабаковски спомна дека имал „музички ракопис“, како и што ни напиша, додека Христијан Настески, попознат како Пајак, се пошегува дека имал многу лош ракопис.
„Пред неколку години бев поканет на домашна слава, потенцирам ДОМА ВО КУЌА со акцент те молам земи ја и гитарата. Гледам две три четири маси споени, која повисока која поширока нормално позајмени од комшии. Тањири прибор чаши кармакаша исто позајмени од комшии, маса полна од пиле млеко очи пијат. Од далеку се слуша некое тенко музиче, испомешано со жагор од внуците, кое паднало, кое плаче од мајка му што го влече за уво, кое си игра“.
Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. На денешен ден именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...
„Кога станав човек што се радува на тенџериња и украси за дома? Возрасноста ме изненадува. Не одам никаде каде што не можам да седнам, ве молам не ме канете на настани каде што се стои, грбот и колената ме болат“ – Јелена Спенџарска брутално искрена за зрелоста.
Многумина погрешно веруваат дека пченица не се прави за Архангел Михаил. Пченица се прави за секоја слава. На трпезата треба да има и славски колач, како и свеќа која симболизира божја светлина. Гостите не треба да се прејадуваат и опијанат.
20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ.
За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое покажа дека секогаш ќе го гледа како мало момче иако пораснал, а Перо напиша: „Ти си мое сè и затоа ти посакувам се најдобро во животот сине сине мој, те сака тато“.
„Овој глас нè милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога бев мала, сакав да бидам како тебе, Корнелија… Ти честитам мила моја! Те сакам Нели моја, твоја Опи“ - напиша Калиопи и сподели повеќе фотки од својата сестра на која е горда.
Исидора, сопругата на Марио од 2Бона, која неодамна зборуваше дека не може да роди дете, сега е фрустрирана од ставови на гостин во подкаст: „ Ова лично ме повреди што вели дека ако жена не може да роди дете, треба мажот да донесе друга жена што ќе роди и тројцата треба да си живеат во заедница и љубов и жената тоа треба да го прифати. Од вакви размислувања и од мажите со ваквите размислувања, јас како тинејџерка, стигнав до тоа да се борам со панични напади, анксиозност“.
„Планирам да останам подолг период. Сакам да ја доживеам празничната атмосфера до максимум. Никогаш не сум видела поубаво место за божиќните празници“ – вели за CRNOBELO.com нашиот интернационален модел Андријана Илиоска, која професионално престојува во Лондон, а ужива во празничната идила и ни пренесе дел од атмосферата.