Во првото појавување пред жирито, нашата Тина ја пееше Do It Like a Dude од Џеси Џеј и толку многу го воодушеви жирито, што дел од нив буквално подзинаа и се „степаа“ кој прв ќе го притисне копчето дека ја сака Тина во својот тим.
Поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи на 05.10.2025 (недела), а на кој ќе учествуваат рекордни над 14.000
„20 часот! Истура! Автомобилите ги прскаат пешаците! Студи... Стојам на семафор. На метар од мене застанува жена од 50-тина години. Слаба и потресена! Ме погледнува плашливо размислувајќи дали да ми се обрати...“, вели Силвана Бркуљан, а нејзината објава стана вирална - трогнува и допира до срце.
Тијана Скулиќ, која многумина ја запознаа и како најголема поддршка на Миа Костова, прослави 30 роденден со голема забава - славеничката во елегантен аутфит, декорација со лимони на кои беше напишано името на секој гостин, скулптури од мраз низ кој тече шампањ, а Тамара Тодевска се качи на сцена и ја натера и Миа да запее.
„Со моите родители минуваме низ најтешкиот пат. Сега тетоважата најмногу ме врзува за него, бидејќи тој не е физички присутен, но во моето срце и на мојата рака, ќе биде засекогаш до мене. Додека гледаат моите очи тој е жив, само замина на друга сцена, огромна беше нашата братска љубов“ - вели Димитар, братот на Ѓорѓи, кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани.
Откако до пред неколку дена имавме речиси летни температури, од денес (02.10), на повисоките места падна првиот снег и измами насмевки кај луѓето.
„Сакавме и децата да ја почувствуваат традицијата и магијата. Се собра целото семејство во дворот кај мојата сопруга, а секој имаше своја задача – од мелење и мешање, до најсладок дел, мачкањето од тенџерето со топол леб и сирење. Направивме ајвар, лутеница и вино“ - вели Ненад за CRNOBELO.com за семејната традиција на правење зимница.
Браво! Ана Костадиновска, која е професор по пеење во музичкото училиште Илија Николовски Луј“, објави емотивно видео од своите ученици додека пеат песна од ДНК на нејзиниот час.
Нашата Фрози Фран на ниво на Македонија, кога станува збор за правењето на уникатни и кул маски, е исто што и Хајди Клум на светско ниво. Секогаш уникатна, своја и неверојатно талентирана, таа со својата трнсформација успеа дури да го збуни и своето синче. Погледнете го ова хит видео...
„Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ - напиша Роберт на фотографија со синот Киан, а пак сопругата Антониа, сподели фотка од него полугол, како позира со роденденска торта со ликот на Џокер, по повод 28-иот роденден.
Елена Стојчевска е битолчанка која живее во Амстердам веќе неколку години и која открива дека кафето е нејзин најубав ритуал каде и да оди. „Денес е Интернационален ден на кафето... Па, решив да разгледам низ телефонот и да ви споделам неколку фотографии од моите филџани“, вели таа. Дали вие сте вљубеници во кафе?
„Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум мечтаела да имам свој стан еден ден и знаете што си викам кога купив – Па, добро де, секој може денес да си купи стан. Голема работа. Секогаш ги минимизирам своите достигнувања и некој друг е подобар“, вели Јелена Спенџарска.
„Чувството кога ќе добиеш дете е толку убаво, што немам зборови. Инаку, експерт сум на тема деца. Како станав експерт? Со читање, истражување, апликации, книги, имам многу литература. Поткован сум, најдобро знам да правам гу-гу-гу-гу“, вели Тино во една од ретките прилики каде што зборува за татковството.
Breadway Taste Gallery, локалот во срцето на Скопје кој неколкупати во годината го менува својот изглед, и оваа есен е „обоен“ во портокалови и кафеави тонови.
„Во договор со брат ми им ги украдовме од дома документите што ни беа потребни, закажавме црква на денот на нивната годишнина, се јавивме на кумовите да се ослободат и да не кажуваат ништо на моите“ - вели Анамарија, која заедно со брат ѝ Александар им организирале тајна венчавка во црква на родителите.
Мајката на нашиот модел Елена Реи, Рената, имала немила случка на Модната недела во Милано, откако еден од фустаните што ги носела, креација на нашата Ивана Кнез, бил украден зад сцената на една ревија од маж.
„Бев трето одделение прв пат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно со уште три деца, две девојчиња и едно машко, 2 пати неделно одевме сами на курс и тоа со аутобус. Денес третооделенци до улица не ги пуштаат сами, ама други времиња беа тоа“, вели Марина Ристовска, професорка по книжевност во СУГС „Никола Карев“.
Парот позира вљубено, меѓу гостите има и навистина специфични аутфити, а Исидора и Марио изгледаат навистина среќно и релаксирано на нивниот најзначаен ден.