Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срцето... Заедно ја добија ќерката Алексеја, а сега Александар објави први фотки од неа. Пред извесен период тој беше на турнеја со Драгана Мирковиќ.
Кога има љубов, сè е возможно. „За сите неверојатни мајки“, напиша Вики и сподели фотки од пикникот во природа со своите деца, свршеникот и неговите деца. „Среќно семејство од 6“, напиша таа.
Живеат долги години заедно, тој ѝ бил најголема поддршка кога нејзините не ја поддржале нивната врска, а сега ќе се остварат во улога на родители - Марија од Eye Cue во забавно видео со Бојан, покажа позитивен тест за бременост и трудничко стомаче.
Фотографот Стефан Соколовски (познат како BadStef) беше на забава во Мајами со Синди Крафорд и пејачката Сијара, и сподели фотографии со нив, уметникот Михаил Корубин беше на отворањето на Биеналето во Венеција со сопругата Каролина Гочева. Што правеа познатите Македонци на Инстаграм изминатата недела?
„Секоја година ми е потсетник низ што сè поминав... Бог ми е сведок колку сум благодарна на секој чекор и колку сум благодарна на мојот доктор“, вели од срце Стаменка Трповска - Менче од Скопје.
Аделина Тахири позираше разголено како секси трудница, Антониа Гиговска имаше трудничка фотосесија на 22 години, Кристина Арнаудова го покажа трудничкото стомаче, но сподели и фотка од болница пред породување - фотки од македонските познати дами во своите бремености.
„Ти благодарам што беше храбра и успешно ја донесе на свет нашата Алексеја. Да ни е жива и здрава ќеркичката наша“, напиша пејачот по раѓањето на бебето.
„Жртвата, Македонка во Пјаченца, Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бришеше пораките, а јас ѝ оставив телефон да ми се јави кога и да може. На 05.10.2025 година ми пишала дека ќе ме побара во прва можна прилика. Таа прилика никогаш не дојде“, вели Катерина Котеска-Стисниовска, адвокатка за семејно право и семејно насилство.
Кога е кај нас, Здравко најчесто избира да оди на ручек или вечера кај луѓето со кои, со текот на времето, освен взаемно почитување, изградил и вистинско пријателство. А еден од нив е и сопственикот на ресторанот „Мрзенци“, Перо, со кого се дружат со децении.
„Ме нервира кога луѓето јадат со отворена уста или џвакаат мастика со отворена уста! Ужас!“, вели модниот дизајнер Златко Јовановски во анкета за CRNOBELO.com. А што вас ве нервира најмногу кај другите? Напишете ни во коментар.
Иако не откри дали има син или ќерка, за CRNOBELO.com, Адријан кратко изјави: „Пресреќен сум“.
„Ќе настапам и со оригиналните СИ-ДО алишта, поконкретно кошулата и елекот кои ги чував 32 години и сè уште ми се точни, иако сега долгиот ракав станал 3/4“, напиша актерката пред да се појави на сцената во Битола.
„Порано имав страв од стареење. На 20 години си мислев дека 50 се многу. Си викав: 'До 50 да живеам после и не треба, после ќе стареам, не сакам да се видам стара (ха, ха)'. Многу глупава идеја. Сега, искрено, едвај чекам да наполнам 50 и да видам како ќе изгледам и како ќе размислувам“, вели Калтрина Круезиу.
За снимката на која се гледа како девојче е удирано од повеќе деца со тупаници, а потоа е клоцана додека лежи на земја, револтираната адвокатка Маја Ристова вели: „Судот изрече „Засилен надзор од страна на родител” (пресмешно). Изгледа треба да се случи „Рибникар (Србија)”, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот „Ивана и Катја”.
Љупка и сопругот Георги поминаа неколку дена во La Foleia, луксузна вила од 180m2 каде од терасата се излегува на мало приватно езеро.
„Отсекогаш сум го замислувал запросувањето на плажа – да биде спонтано, приватно и само за нас, во наш стил, како љубители на плажи, палми и море. Искрено, иако е тешко да се скријат работи од Кристина, успеав добро да го скријам прстенот. Таа знаеше дека и подготвувам изненадување за роденденот, но воопшто не ни помислуваше на вакво нешто“ - вели за CRNOBELO.com Даниел.
Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска пееше песна од нашиот ангел, а славеничката Елена, која блескаше во бело, отпеа повеќе свои нови и стари хитови, меѓу кои и „Нинанајна“ - Елена Ристеска направи забава за паметење за 40-тиот роденден, со декорации со многу балони, панделки и бројот 40 насекаде.
Сопругот на Ивана и таткото на Катја, кои трагично го изгубија животот по пад од балкон, денес беше осуден на 12 години затвор - првпат во Македонија е изречена ваква казна за наведување на самоубиство како кривично дело, откако претходно сопругата трпела насилство.