Нејзината наследничка е нејзиниот мотив за среќа, по сите животни бури и трагедии. Ана минатата година ги изгуби колегите од ДНК, а во 2022-ра го изгуби сопругот. Но, вели пресреќна е што имала привилегија да има 15 години љубов со него.
„Некои пријателства не познаваат ни за далечина, ни за години. Пред многу децении, мојот прадедо и прадедото на мојата пријателка од Турција, Пинар, биле искрени пријатели, а сега сме и ние - таа дојде да ме види“, вели Билјана Петровска (49) од Делчево за CRNOBELO.com.
„Денес славевме повеќе од роденден – славевме насмевки, среќа и моменти кои остануваат во срцето. Нивните искрени насмевки се најубавиот подарок за сите нас“, гласи дел од емотивната објава на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Браво за негувателките и браво за сите хумани компании што помогнале!
Кул видео од скопско училиште - влегуваат во училница како првоодделенци, излегуваат како полуматуранти: „Некогаш со ранци поголеми од нас и со очи полни љубопитност зачекоривме низ училишната врата за првпат. Денес, девет години подоцна, излегуваме од неа повисоки, похрабри и побогати за безброј спомени“.
„Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај пациентка на 58-годишна возраст. Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни“, вели тимот од болницата во Битола.
„Панчо и Андреј секогаш беа подготвени да измамат насмевка и да направат некого среќен...“, вели Вики Чадиковска и споделува случка со синот, а сега го пофали Перо Антиќ за хуманиот потег со синот на Панчо: „Голем аплауз за него. Ова го пишувам искрено револтирана од коментарите на луѓе кои, наместо да препознаат добрина и човечност, избираат да шират омраза...“
„Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број, оној најбитниот ни фали. Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого, твојата добрина е одлика на нашето воспитување“ - напиша Маја, сопругата на Панчо, по повод полуматурата на нивниот син.
„Исто, топ!“, „Неделното чистење е ментален детокс“, гласат дел од позитивните коментари на видеото каде Јелена Спенџарска брише прозорци и правосмука во својот стан во Скопје и за чистењето на домот вели: „Ова не се ОБВРСКИ…. туку УЖИВАЊЕ!“
Андреја, постариот син на Панчо, вчера славеше полуматура, а на прославата го одведе Перо Антиќ, еден од најдобрите пријатели на неговиот починат татко.
Додека заедно со пријатели на плажа се опуштале со цртање на платно и вино, тој решил да го наслика пејзажот од плажата каде се наоѓаат и прашањето „ќе се омажиш ли за мене“, со што ја изненади саканата. „Понекогаш најубавите работи не се оние што долго се планираат“ - вели Виктор за CRNOBELO.com.
„Ајде сега за лошиот дел од кој ми се гади секогаш кога правам хуманитарни акции. Да, точно е дека пред 4 години на истото семејство им се случува да им се реновира станот, а потоа тие го продаваат поради постари долгови од татко му. Сосетката што живее на истата улица секој ден ми праќа дека биле нелуѓе, вакви биле, такви биле , зошто??? И земавме нешто, она помогна, беше вклучена во нешто?“, револтирано се огласи Стефан Лазаров на Фејсбук за ситуација со семејството кое доби реновиран дом на Лазаров награди 2026.
Инга Мицев од Лас Вегас вели дека додека во САД ве снимаат милион безбедносни камери, во Македонија „ве снимаат“ само бабите од соседството и со тоа доловува колку е безбедна нашата земја. Плус, споделува кадри од зеленилото и песната на птиците во Виница, а ќерка ѝ вели дека е пресреќна што сама може да се шета со другарите и сама да оди на училиште.
Бока Конга се релаксира покрај базен во својот раскошен дом во Скопје, Каролина Гочева разиграна на роденденската забава на скопски локал, Благица Павловска блеска од рацете на Октај, Моника Црнокрак вљубена со дечкото...
„Тоа што не се сликам по плажи и не сликам нозе ви е доволен доказ за мојата несигурност и тоа дека стварно имам очи да видам како изгледам во купачи. Задоволна сум од себе, но далеку од згодна. Имам и целулит и стрии и липедема на потколеница. Затоа немојте да идеализирате тела на Инстаграм“ - вели искрено Миа Костова.
За свадбата во Грција, на која присуствуваа најблиските и најдраги луѓе на парот, Марија избра кратка венчаница од тантела, додека Бојан носеше елегантен костум во крем боја. Кумови на свадбата им беа Сара Мејс и Димитар Атанасовски.
„Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за секое дете! За еден тон проекти, и сето тоа без многу бука, галама и фама! Ако сте едни од тие на кои им е мачно еден лајк да стават за поддршка на „Проект среќа“, не гледам зошто би ме следеле мене?“, напиша Кристина.
„Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се вика, да е здрава и жива“, кажа Тони за CRNOBELO.com лани и потврди дека станал татко, а сега сподели преслатка фотка со ќеркичката.
„Имав чест и огромно задоволство да се појавам како изненадување на завршната приредба во ООУ „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. Кога мојот пријател Александар Темелковски ми кажа дека децата подготвуваат настап со мои песни, не размислував ни секунда - со срце ја прифатив поканата“, вели Слаткар и ги стопи срцата на многу дечиња.