„Дечкото ми објасни дека имале страшна сообраќајна незгода, по која автомобилот завршил во отпад. На радио во тој момент одела мојата песна „Чувај ни га Боже“. Тој е убеден дека токму тоа ги спасило, почувствувале некоја чудна енергија...“, споделува Тајзи за средбата со негов фан, која сега го истетовирал неговиот лик на себе, и тоа самиот.
„Забавата беше на тема збогување со 20-тите, односно „RIP to my 20s“, сите беа облечени комплетно во црно, а половина од моите гости беа од блогерскиот свет и обожаваат да се фотографираат и да креираат контент, па затоа се погрижив да има и фотографи и сниматели“, споделува за CRNOBELO.com Бети Стојанова, архитект, по потекло од Виница, која повеќе од 6 години живее во Базел.
Снекчето тивко си паѓа, се формира тенка снежна прекриква, а сé мириса на зима, чајче со рум и зимска идила... Звучи совршено, зарем не? Ивана ни ја пренесува атмосферата од Пелистер...
Тијана Дапчевиќ на случајна средба со Дарко Панчев и Маја Гроздановска, Лила Филиповска се возеше на новата гондола во Златибор, долга 9 километри и прогласена за најдолга гондола во светот, а пак Јана Серафимова покажа што е оскаровски гламур со тоалета од дизајнерката Антонија Ристовска на концертот на светски познатиот виолинист Андре Риу.
„Еден пријател ме поздравува и ми вели: ‘Кај си бе брат да те е*ам’. Кога проверив на Гугл што значи изразот останав збунет, зошто така се поздравувате?“ – вели Мустафа Ахмед, момчето кое се вљуби во нашата земја, а редовно споделува видеа кои ја пробува македонската храна, но се шегува и за некои наши изрази.
Денес е изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија. 60-годишен пациент добил...
Магичните раце на Марјан Петров беа задолжени за изгледот на Јелена Томашевиќ на концертот на Андреа Бочели. „Јелена е прекрасна, а се запознав и со Андреа Бочели и неговата сопруга, кои се исто така многу добри луѓе...“, споделува нашиот стилист директно од Абу Даби за CRNOBELO.com.
„Маж без жена на годината“, се пошегува Игор Џамбазов и уште еднаш покажа колку е вљубен и носталгичен по својата Илина. Потоа, на тема жена на годината, се пошегува и Весна Петрушевска со фотка без грам шминка на себе и со маска на лицето.
„Мојата објава споделена на сите социјални мрежи, плукано, коментирано како да убив човек. Ах бе Македонче, да споделуваше толку за да пофалиш нешто којзнае каде ќе бевме сега. Имам договори со неколку фирми, па морам да ги завршам до крајот на годината затоа ќе морам да бидам тука уште еден месец. После тоа се повлекувам од „отровот“ на Инстаграм пред и мене да ме отруе целосно...“, гласи дел од објавата на Александра Шијакоска, по виралното споделување на нејзиниот скриншот поради кој стана мета на критики.
„Не сакам да се објаснувам многу долго, неколку девојчиња ми пишаа во порака дека и јас користам филтер. Да, јас и сега (додека го снимам видеово за на Инстаграм Стори) користам филтер. Јас користам триста апликации и тоа го кажав на радио, јас 15 години користам апликации, но не се срамам и да се покажам во вистинско светло пред камера...“, гласи дел од објавата на македонската дизајнерка Ива Спасовска со која испраќа апел.
Миа Костова докажа дека со упорност и дисциплина сè е можно и објави фотки од трансформацијата на нејзиното тело по два месеца вежбање, иако порано тврдеше дека не сака да вежба. Браво!
Светлана Црнокрак има две прекрасни ќерки наследнички, исто и водителката Милена Антовска. Велат кога мајката и ќерката ќе се сретнат за првпат, тоа е како да се гледаат во огледало, се согласувате ли?
„Во Грузија давав доста интервјуа, снимав емисии, публиката се фотографираше со мене, и мислам дека комплетно сумирано направив одлична работа и покажав дека и Македонија знае што е светска мода“, споделува дизајнерот Златко Јовановски за CRNOBELO.com и открива како ја доживеал оваа земја.
Фудбалерот Дарко Велковски и неговата сакана Тамара Чуприна уживаат во Рим, а пак Лила уште го истражува Јордан, по крштевањето во водите на реката Јордан, а Перо Антиќ во Маврово, откако се појави на црвениот тепих на „Кајмак“ со Катарина Ивановска.
Водопадот на црниот камен кој ви кажува дали сте грешни, жената во бело која шета на полноќ покрај Вардар, детските гласови кои се слушаат под желeзниот мост, или германската „опседната“...
Вчеравечер (16.11) Скопје беше во полн сјај на мапата на светски метрополи, затоа што се случи црвен тепих, се случи настан каков што нашиот град заслужува, се случи премиерата на „Кајмак“, нашето филмско остварување за кое светот веќе слушна, а за кое допрва ќе зборува, се случи уште едно врвно дело на Милчо Манчевски, уште една врвна изведба на актерската екипа на чело со неверојатно талентирана млада актерка Сара Климоска... Се наздравуваше со црвено вино, се говореше за бурата од емоции кои овој филм ги поттикна во секој од нас. Видни јавни личности, но и вљубеници во филмската уметност го наградија делото на нашиот, а светски режисер со стоечки овации и громогласен аплауз.
„Си организирав тематска забава во мојот двор. На самото место се печеше скара, имав направено бургер бар и секој од гостите сам си го правеше својот бургер. Бидејќи не знаевме дали времето ќе биде на наша страна (ноември е), како дел од декорацијата имаше „ќебе бар“, односно секој да може да земе ќебе и да се стопли“, споделува Христијан Маџовски (28) за CRNOBELO.com.
Стефан Спирковски објави и фотографија како изгледа неговиот телефон кој го носел кога му се случила несреќата. Но, вели дека токму тој го спасил од уште една скршеница плус. „Еве ме дома конечно...“, почнува неговата објава, по напуштањето на болницата.