Актерот Лазар Бараков (68) препознатливиот лик од Македонските народни приказни, кој често глумеше ѓавол, се сонча на море со својот миленик. На патување и во посета на пирамидите во Египет со девојката ужива и нашиот јутјубер Стефан Лазаров, а пак Перо Антиќ објави фотографија од вечера со Катарина Ивановска во Бодрум.
Браво! Јове (31) од Битола е нашата позитива на денот. „Еден другар ми се јави дека нашол некое животинче паднато во дворот на некоја фабрика и ми рече дека едвај дише и беше испаничен што да прави. Кога ми го донесе сфатив дека станува збор за куна, но за жал беше речиси мртва. Почнав да ѝ давам млеко со цуцла, витамини, ја однесов на ветеринар, почнав да ја чувам...“, открива тој за CRNOBELO.com.
Сузана сподели дело од ќерката на водителката Јулија, која за жал ја изгуби борбата со ракот. „Прекрасната Андријана Мациев стана бесмртна и продолжи да живее на овој ѕид, во еден од ходниците во Клиниката за онкологија...“, пишува Сузана и упатува моќна порака до сите.
Атрактивната пејачка Аделина Тахири, која со фризурата малку потсетува на светската ѕвезда Шакира, периодов ужива на одмор во Бодрум со неколку пријателки и колешки.
„Среќен трети роденден Мелоди“, напиша сопругата на Франц во описот на фотографиите од роденденската прослава со тема „Peppa Pig“, каде парот позира со Мелоди, како и со помалата ќеркичка Мона, која во август ќе полни 2 години.
Тамара на својата роденденска послава во еден скопски локал зрачи со сексапил во бел фустан, откако драстично ослабе по низата редовни, напорни тренинзи со нејзиниот персонален тренер.
Пере откри дека неговата ќеркичка Софиа за првпат влегла во море. Со саканата Јована тој го искористи почетокот на летната сезона за релаксација и уживање.
Минатогодишниот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, неодамна се вери со својот сакан, а сега првпат сподели и фотографии со него.
Тамара Тодевска го прослави 37-миот роденден во кругот на семејството, а сподели и фотографии со роденденската торта и нејзините дечиња.
„Милан и јас бевме 7 години во брак, го пропатувавме цел свет и посакавме бебе. Долго не успевав да затруднам по природен пат и си реков: ‘Ако не останам трудна до септември, одам на асистирано оплодување’...“, раскажува Тијана Дапчевиќ (46).
Во розов фустан, Јелена Спенџарска има хит изведба на песната „Имаш кола ал немаш бензина“ и порачува „Ново поскапување на бензинот... Да не поскапи ракијата само!“. Очигледно нејзиното мото е да се посмееме на своите маки.
„Заробени ли сме во митот за совршена жртва па сè што отстапува од тоа сфаќање имаме проблем да го прифатиме? Или , како што рече адвокатот на Амбер Херд во завршните зборови - Колку уште треба жртвата да сними, да слика, да зборува за да ѝ се поверува само затоа што има маани?“, гласи дел од објавата на адвокатот Сузана Јошевска Анастасовска, која има 20 годишно искуство во судски предмети и процеси.
Оние што честопати шетаат низ Старата скопска чаршија лесно ќе ги препознаат местата снимени во новиот трејлер за турската серија Balkan Ninnisi што се снима во Скопје. Можете ли да препознаете каде се наоѓа ќебапчилницата на Сулејман Ќуфтеџи?
„Со сликава можам да ви протнам -7 кила за 5 дена, ама реалноста е поинаква... Да било лесно со чај и со апче, немаше никој да се поти и да јаде леќа во 37 варијанти. Дали некогаш ќе промовирам ‘секси’ со оваа форма? Не! Нема тука ништо секси. Не се помирувај со она што не ти се допаѓа во огледалото и не верувај на она што го гледаш на Инста“ – порача Миа Костова со фотки од нејзиното тело во добра поза и во опуштена.
„Цел живот со траума од една иста мисла: Кога ќе ми ‘излезе’ капачето од коленото следен пат? Четири месеци од втората (и дај боже засекогаш последна) операција на коленото. Тешко беше, болно, демотивирачки. Сум седела по цели вечери и сум плачела затоа што ниту едно апче не можеше да ми помогне. Станував за да се исплачам кога никој не ме гледа...“, раскажува искрено Ана Стојанова, еден од најпознатите онлајн фитнес тренери кај нас.
Деновиве на Инстаграм вирално се шири видео од талентирана Македонка која пее во бар во Милано – за CRNOBELO.com Ема открива дека понесена од атмосферата, решила да му се придружи на музичарот и да отпее песна со него.
„Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот од школката ти го ставаат во приврзок и на ланче“, раскажува Сара Мејс за своето адреналинско искуство во Турција. Со голем труднички стомак и селфи стик со себе, таа се впушти во авантура...
Доктор Митов позираше во иста поза со најмалото од трите деца - синот Елисеј и во описот напиша: „Личиме ли“?, а пак Димитар Андоновски по работните обврски со српската пејачка Теа Таировиќ се посвети на семејството, односно на кршевката на помалиот син Гаврил.