Сите, барем еднаш во животот сме го слушнале изразот: „Оди како алва!“, што кажува многу за нашата култура и односот кон алвата како еден од најобожуваните слатки деликатеси на овие простори, а воедно и насекаде во светот. Овој израз буквално ја става алвата пред лебот што значи дека некогаш се чекале редици луѓето да ја набават, за потоа веднаш да биде распродадена...
Доколку сакате да избегате од динамичното секојдневие, а немате можност да отидете далеку, скопското Водно секогаш ви е на располагање.
Македонската компанија за производство на здрава храна - Виталиа имаше успешно претставување на Меѓународниот Саем ANUFOOD 2018 во Пекинг, Кина. Исклучително важен настан на кој се претставуваат иновациите во прехранбената индустрија, а компаниите имаат можност да се презентираат пред милионска публика, пред претставници од најголемите компании од Азија, како и пред посетители од Кина, Јапонија, Малезија, Индија, Индонезија, Кореа, Филипини и други земји од светот...
Можеби нетипично за Охрид, но деновиве снегот го претвори во снежна разгледница. На Инстаграм фотките се неверојатно магични...
Пред да ја дочекаме новата доза снег, уживаме во снежното Крушево кое е како зимска разгледница...
(Скопје, 8 јанури 2018) – Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле доби нова донација од Жито Лукс, негатоскопи. Донацијата е дел од континуираниот општествено одговорен однос на компанијата кон здравствените установи кои третираат белодробни заболувања кај децата и истата се спроведува во рамките акцијата „Сè за децата“ на Институтот Козле...
Веројатно еден од најпознатите традиционални деликатеси во Македонија е локумот. Идеален додаток со кафе, но и совршен десерт за оние кои постат, домашниот локум е незаменлив десерт во секој дом. Тоа е мало слатко задоволство од скроб и шеќер, со парченца ореви, ф'стаци или лешници и вкус на вода од роза, наросено со шеќер во прав...
Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата, посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо дебелко кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди.
Мажот на годината за 2018, д-р Владимир Чадиковски е горд сопственик на сосема нов Volvo XC40 D4 2.0L 190hp Momentum AT8 AWD.
Скопје, Македонија – 3 јануари, 2019 - Huawei го најави HUAWEI P smart 2019. Со експанзивен HUAWEI Dewdrop дисплеј, како и со нов и помоќен octa-core чипсет Kirin 710, HUAWEI P smart 2019 обезбедува квалитетно корисничко искуство по кое се познати HUAWEI P сериите кои имаат AI камера со високи перформанси, како во предниот дел, така и во задниот дел на паметниот телефон. Особено достојни за потенцирање се 64GB внатрешното складирање и 3400mAh батерија.
Снежните фотки од Попова Шапка ќе ве намамат да ја посетите. Чист воздух + топол чај, па кој би можел да одолее?
Децата се иднината во секое општество и треба да се радуваме на секој нов живот што се раѓа, посебно и ако така го одбележиме доаѓањето на Новата Година.
Почетокот на новата година беше најрадосен за среќниот добитник на автомобил KIA Stonic од големата наградна игра на Електрометал.
(Скопје, 28.12.2018) – ОКТА донираше дигитален логопедски сет во Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ во Скопје. Со тоа компанијата ја продолжи праксата, финансиските средства предвидени за купување корпоративни подароци за бизнис партнерите да ги пренамени во донации за подобрување на условите за работа во институциите кои се грижат за најранливите категории. Ова се спроведува веќе 4-та година по ред и стана дел од компаниската предновогодишна, празнична традиција...
После неколкумесечно функционирање на својата онлајн продавница и брзо стилско препознавање на дизајните на скопските улици, домашниот streetwear бренд „Шизик на ризик“ (Sheezick na reezick) во центарот на Скопје ја отвори својата продавница...
Во текот на месец декември, под мотото „Здравје во твои раце!“, Млекара Здравје реализираше бројни добротворни активности. Во основните училишта во Скопје, Куманово, Битола и Струмица, беа донирани над 120.000 јогурти, за сите основци кои учат во овие училишта. „Крајната цел на оваа активност беше младите генерации да го применуваат здравиот начин на исхрана и внесување на здрави намирници во секојдневниот оброк“, велат од Млекара Здравје. Исто така во овој период јогурти беа доставени и до сите дечињата пациенти во Универзитетска Клиника за Детски Болести, во детскиот Институт за белодробни заболувања Козле, како и во Народната кујна Спасение во Ѓорче Петров.
Денес, во 12:00 ч. во салонот на „Аутомакедонија“ во Автокоманда, беа доделени наградите од наградната игра „Големи награди, за Мастер уживање!“, која беше организирана од Шпаркасе Банка Македонија за корисниците на платежните картички Mastercard, во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година.
Скопје, 26 декември 2018г. – Телекомуникациската компанија Vip повторно излегува во пресрет на своите корисници за побрзо и поедноставно дигитално искуство со новата верзија на мобилната апликација Мојот Vip со која корисниците добиваат дополнителна можност за контрола и едноставно управување со услугите што ги користат.