„Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, посебно сега кога времето се затоплува. Завчера го запалила сметот во станот, што значи дека претставува и опасност по безбедноста на сите станари“, напиша Росана Сариќ Тодоровска, во надеж дека некој ќе најде решение за проблемот.
„Со трудница не се зборува гласно, навредливо, како светот да знае подобро од нејзиното тело. Со трудница се зборува понежно. Светот треба да внимава на зборовите што ѝ ги упатува на една жена во период кога таа е истовремено најсилна и најчувствителна“, вели Емилија Мицевска, која го покажа трудничкиот стомак на „Глумците пеат“, а сега со саканиот Деан ужива на плажа.
Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна возраст, со цел да им излезе во пресрет на семејствата кои во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка поради работни обврски.
Жолтиот матурски фустан со корсет нема прерамки, а предниот дел над градниот кош е со необична форма, што дополнително влијае на уникатниот изглед на креацијата што ја носи Елена, ќерката на Љупка Митрова.
„Запросувањето го смислив сам, имав договорено со екипа од Барселона за украсување и изнајмување на просторот како и останати детали. Откако рече „да", првото нешто што ѝ го кажав, беше колку сум среќен и сакам целиот живот да го поминеме заедно“ - раскажува за CRNOBELO.com Александар (28).
„Гордa сум на момчето што стана човек со срце планина. Каде и да одиш, носи ја добрината во себе и никогаш не заборавај колку си сакан“, му посвети емотивни зборови Соња Тарчуловска на синот Младен, а до нив се и Јохан, како и ќерките Мелани и Јована. Мелани стана пејачка по стапките на мама.
„Со големо задоволство и благодарност, денес станав државјанин на Австралија. Моја чест и привилегија е да бидам дел од оваа прекрасна земја и заедница“, напиша Маја на Инстаграм.
„Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дури некаде и побрутално е. Секој ден размислувам дека треба да престанам. Ама многу си ја сакам работава, јас го сакам ова. Многу би сакал да сум најуспешен, ама никој да не ме знае“, вели јутјуберот Стефан Лазаров за својата работа, но и за критиките.
Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше заедно во групата „Молика“ и ја има ќерката Моника. Рубин, пак, е саксофонист, кој исто така, свирел во „Молика“.
Од љубов на прв поглед во Дубаи до брак во Скопје... Лаурел Ебходагхе од Нигерија во име на љубовта кон Стефана ја прифати Македонија како втор дом. Нивниот син наскоро полни 2 години, а во нивниот дом е позабавно од кога било...
„Застанавме на едно прекрасно место со поглед кон Поситано, каде што тој ме запроси. Целиот момент беше многу интимен, романтичен и искрен“, вели Андријана Митревска, доктор по дентална медицина, за запросувањето од саканиот Владимир.
„Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па убаво е да има музика“. Да, можеби е убаво за минувач што ќе помине 5 минути. Но за луѓе кои живеат тука, ова не е амбиент - ова е секојдневна тортура“, се жалат Аеродромци.
„Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По преселбата, цела една година размислував дали го избрав вистинскиот пат - за мене, за мојата фамилија, за иднината што сакав да ја создадам“, искрено вели Драган Трајанов од Радовиш, кој работи како музичар во Гетеборг.
Мислењата се поделени, а насмевките на соучениците се поддршка за него. Што мислите за оваа сцена од скопските улици? Уникатно пристигнување на матура...
„Домот требаше да е полн со смеа, музика. Требаше да гледам како се подготвуваш, да стојам гордо покрај тебе, да гледам како животот ти се отвора. Наместо да слушам музика ја слушам тишината што ме прогонува откако те нема“, напиша Александар, таткото на Надица која загина во пожарот во Кочани, во емотивната порака.
„Постои верување дека најважната улога во животот ни е родител, најважното суштество во животот ми е детето... Си велам, Боже Господе, како да им помогнам на луѓево да разберат дека има некои улоги кои не се споредуваат? Како да ни се партнерите само за приплод, па ние стануваме родители и веќе не сме важни едни на други“ - наша докторка зборува за семејните односи, но и периодите во кои паровите најчесто се разведуваат.
„Испратив апел за помош преку Фејсбук... Ми се јави госпоѓа која нашла таков папагал и ја замолив да види дали папагалот има алка на десното ноџе... Ми вика не можам да видам на балкон е, покриена со бела пластична здела - страв ми е да не избега. Отидов и тоа беше мојата „Папиче“, веднаш ми дојде на гради“, вели Јохан Елзесер од Скопје.
Маја сподели видео од непријатното патешествие и вели: „Денот кога одевме за Капри, беше многу ветровито. Се качивме на брод и само што тргнавме почнаа бранови, буквално бродот се одвојуваше од водата и пак паѓаше надолу. Луѓе пискаа, плачеа, повраќаа. Јас многу лошо поминав, повраќав цел пат, од паника кога станав од бродот бев испотена мокра од глава до пети“.