Mиа Костова ужива во вила со базен со Тијана и синот Андрија во Парга, и најголем дел од времето го минува таму бидејќи не ги обожава гужвите во ек на сезона, Антониа Гиговска пее без грам шминка, Лила се дружи со Миле Кузмановски во Кратово, а Емилија Мицевска се породи и излезе на прва прошетка со бебето.
Миа Костова по одморот во камп ужива во вила од соништата во Парга заедно со Тијана Скулиќ, водителката Цеце Тодосовска сподели семејни моменти од одморот во Амулијани, Грција, а Маја Кикириткова ужива во камп во Хрватска – каде одмараа познатите Македонци во првата половина од лето 2026?
„Памтам, имав школски несесер, кој кога ќе го отвориш, имаше 4 помали несесери и во секој имав премногу фломастери, дрвени бои и слично. Ми го фрлаа низ прозор само затоа што бил „женски“! А тој беше син, со огромен слон на него! Ден денес го чувам“, напиша нашиот дизајнер и откри детали за врсничкото насилство што го трпел.
„Долги години работев со психолог и пак имам морници. И денес, на 18 години, уште го памтам стравот со кој одев во школо. Имав само 10 години, а секое седнување во клупа ми беше хорор. За сестрите имаше анти-групи на социјални мрежи. Брат ми, на 7 години, исто така помина низ траума“, вели Кики Мукаетова во својата порака, со која сака да ги мотивира жртвите да кренат глас.
Случајот со „шамарите во Аеродром“, кој деновиве силно ја вознемири јавноста, повторно ја отвори дилемата не само за насилството, туку и за улогата
„Иако многу многу поретко, се случувало и порано да се степаат деца. Женско со женско, машко со машко, еден на еден. Скубење за коса, некое кошкање меѓу машките на земја, по некоја клоца кога ќе се степаа група деца. Толку. Скоро секогаш се наоѓало некое друго дете кое се обидува да ги раздвои, и успевало во тоа. Што е ова сега? Во што сме ги претвориле децата? Какви се овие мини монструми?“
„Со години чувам една песна што ја снимивме заедно. Ја најдов во телефон, толку време прошло дури сум изумил. Ќе ја извадам за неговиот роденден. Владо е човек што го имам слушано од 93-та и никад не сум прекинал да го слушам. И оние последните ствари што му се шлагери, не ми се по мој ќеф, ама сум ги слушал да видам што има шкртнато. Тоа што он го има ставено на хартија, го нема ставено никој“ - Слаткар искрено зборува за односот со Владо Јаневски.
Васил Хаџи-Јорданов, професор, цели 20 години живее, работи, создава и е директно инволвиран во образовниот свет во Америка. Но, одлучува да напушти сè и да се врати да живее во родното Кавадарци. Слушате ли многу вакви приказни?
„Неговиот ден се сведуваше на пишување текст, здрава исхрана и добар тренинг. Тој си уживаше секој ден на свој начин. Се дистанцираше од сите и живееше како сакаше, без стрес од фамилија, жени, деца. Во младоста ми велеше: 'Не се нервирај за девојки, чувај нерви за жена', сега сум среќно оженет и имам дете, тоа ми е најдобар совет од него“ - вели Дејан Стојановиќ, внук на Владо Јаневски.
Малата Дарија се труди да ја научи баба си да каже: колачиња, столче, јајца, а видеото е преслатко. Дарија е ќерка на водителката Емакулате Вандера Блажеска и тату артистот Михајло Блажески. „Јас сум и официјално македонско девојче“, напиша Емакулате на Инстаграм кога доби македонски пасош во 2023-та и позираше во наша носија.
„Сакам да знам кои се тие млади луѓе насилници, од какви семејства доаѓаат, знаат ли родителите кого чуваат дома, какви психички проблеми имаат (оти никој нормален не би малтретирал некого)? Кој треба да ти е поривот да се собереш во група и да малтретираш некој кој што е сам, а притоа е девојче!“, напиша Лила, меѓу другото.
„Да не случајно ти како татко креваш рака на мајката? Ја кубеш за коса и и лепиш шамари туркајќи ја на колена да ти се извини што можеби супата ти се изладила? Да не случајно мајко ти седиш во бракот поради децата или затоа што ако се разведеш ќе те прават распуштеница, а добиваш шамари и кубење за коса за да се извинуваш на колена за нешто што не си згрешила?“, вели адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска по виралното згрозувачко видео од врсничко насилство во Македонија.
„И во Србија и во Хрватска поминавме многу брзо. Во Хрватска сликаат само возрасни, отпечатоци од прсти не зимаат. Моите деца од кога се родени се возат во седиште, а сега кога се пораснати, Лазар само врзан, бидејќи има над 140cm висина, а Ева во бустер“, вели Маја Кикириткова за патувањето до кампот во Хрватска.
„Ќутете, како ќе пука! Ќутете! Ајде! Оооооо! Уште еднаш со бокс!“, се слуша гласот на момче, кое наместо да го одбрани девојчето, снима и ја разгорува ситуацијата што се случува во населбата Аеродром.
„Уметниците, воопшто глумци, пејачи, сакаат да бидат испратени со аплауз. Па наместо минута молчање, јас сакам еден аплауз за Владо Јаневски“, вели Дац, па и самиот почнува да аплаудира во чест на починатиот пејач.
„Многу луѓе ме прашаа дали ќе напишеш проштално писмо до Владо и ќе го прочиташ. Јас колку што знам писмо се пишува за некој што е далеку, а ти не си. Ти си тука и вечно ќе бидеш тука меѓу нас...“, емотивно вели нашата урбана легенда Зоран Блажевски, познат како Зоки Малиот, за прерано изгубениот пријател.
Со високи потпетици и, но и Chanel влечки на нозете, Љупка ужива во Венеција со сопругот Георги, а добија и десерт со напис: „Среќна годишнина“. Парот направи свадба лани во Грција.
„Во подкастот отворено зборував за еден од најтешките периоди во мојот живот. Искрено и без маски, затоа што сметав дека треба да се зборува и за таквите моменти. Да, се обидов да дојам, но наместо да се чувствувам исполнето, јас се чувствував психички исцрпено. Се борев со емоци, плачев, се преиспитував и се чувствував како да не успевам“, искрено се огласи Антониа, по негативните коментари на нејзина сметка, а по неа се огласија и сопругот Роберт, како и Стефан Лазаров чија гостинка беше. „Силна жена, силна мајка!“, напиша нејзиниот сакан.