„Денес славиме 11 години исполнети со твојата насмевка, добрина, љубов и радост. Ти си нашата гордост, нашата сила и најубавата причина секој ден да бидеме среќни“, напиша пејачката во емотивната роденденска честитка до Селена.
„Џабе паники (на 34 Целзиусови степени) не се пржи исто како на рилсовите во Париз“, вели Миро Кацаров и сними видео со обид за пржење јајце на својата тераса во станот во Пржино.
„Поминував низ стварно тежок период, добивав безброј коментари дека кариерата сега ќе ми заврши зашто во екот на популарноста станувам мајка. Ги добивав и од јавноста и од блиските, можеби најмногу од втори трети братучеди, подалечни роднини, дека не ми требало во тој момент да станам мајка. И ниеден коментар не допре до мене“, вели Антониа во подкастот на Стефан Лазаров.
„Едно пеколно лето, во 1992 година, Ѓорѓи Колозов престојувал во својата викендичка во селото Велестово, со двор со поглед кон Охрид и целото езеро. Недалеку од викендичката на Ѓорѓи и Шенка, група млади луѓе, возејќи се со автомобил, се превртеле на еден од стрмните патишта. Ѓорѓи го видел несреќниот настан и без двоумење истрчал да им помогне...“, започнува приказната што и денес се раскажува во Велестово и Охрид, со насмевка и восхит кон човекот чиј дух и во најтешките мигови знаел да внесе топлина, хумор и човечност, нашиот непреболен Ѓорѓи Колозов.
„Не ми е јасно што ми текна на дечко од 25 години да му напишам песна за смрт. Но Тоше дојде и ми рече: ‘Имам мелодија, сакам да ми напишеш текст, нешто драмско, епско, длабоко’. И мене така ми текна, за млад човек, да напишам па ако не ме сака нека ме земе црна земја. Тој не претчувствувал ништо“ - потсетување на зборовите на Владо Јаневски за најемотивната песна.
„Не правевме некои посебни традиционални обичаи, сакавме сè да биде едноставно, искрено и исполнето со многу љубов“, вели Мартинијан за CRNOBELO.com, за веридбата која ја организираа два месеца по запросувањето.
„Гевгелија и поглед од твојот дом... Знаевме и двајцата дека нашето пријателство е реткост како бисер нижен цели 17 години. Мојот пријател на кој со часови на телефон му раскажував сè што ме мачи, сè што ме радува. Те видов последно во болница пред една недела, но ќе те гледам секој ден во моите мисли, во душава“, емотивно вели Фросина Фро за својот пријател Владо Јаневски, кој буквално ни ги скрши срцата со своето прерано заминување, но ни остави музичко наследство за навек.
Елиф Елмас се прости од своето куче коешто почина, со серија фотографии на Инстаграм, Елена Велевска објави ретка фотографија со својата мајка.
„Годинава со друштво, направивме мал апартман со дневна, кујна со трепезарија и два кровни шатори кои се „спални соби”. Постојано истите прашања, како можете да спиете во шатор над кола, како можете постојано да готвите и да миете садови?! Не можам да објаснам дека ова за мене е уживање, без брзање да стигнам на појадок, ручек, вечера. Без dresscode, 24h во купачи“ - пишува Маја Кикириткова до видеото на кое покажа како им изгледа кампувањето.
„Иако се видовме на кафе пред неколку месеци, пак останавме недоречени, ама договорени да се доискажеме на следна средба која очигледно нема никогаш да се случи. Ќе ми недостига хуморот кој ретко го прикажуваше пред други“, вели Елена во својата емотивна порака.
„Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули)“, пишува во објавата на Авалон продукција, кои споделија детали за погребот.
„Сум простила неверство, и тоа не еднаш. Тоа е многу индивидуална работа, ама искуството што ќе го добиеш, нека ти биде школо за понатака. Иако сметам дека нешто што се случило еднаш не мора да се случи двапати. Ама ако се случило двапати, сигурно ќе се случи трипати. И понекогаш, колку и да ти е тешко и да те боли - застани, прекини, пресечи, наместо да си ја чукаш главата после. Од искуство го кажувам ова“, вели Јелена во „Полиграф“.
На 62-годишна возраст, по долго боледување почина режисерот Сашо Миленковски, колегите се збогуваат: „Преку својата работа создаваше не само претстави, туку и емоции, мисли и моменти кои ќе останат запаметени. Неговото дело ќе продолжи да живее преку сцената и спомените на сите што имаа чест да го познаваат и да соработуваат со него“.
„Подготвени сме да го запознаеме нашето мало чудо“ – напиша неодамна на трудничка фотосесија, а се сподели дека станала мајка и со сопругот добиле синче. Претходно упати апел до сите кои упатуваа лоши коментари за нејзиното појавување со стомаче на „Глумците пеат“: „Со трудница не се зборува гласно, навредливо, како светот да знае подобро од нејзиното тело...“
„Со Владо се запознавме на почетокот од осумдесеттите години. Заедно со Роберт дојдоа кај мене и ми понудија да отпеам нивна...
„Би сакал да верувам дека е пак “рекла казала” од ʼ90 -ти, кога имаше сида во Русија, па само да се појавиш од нигде никаде на МТВ како промовираш нов албум. Па па после рекла казала - се излечил бе, друго нешто само било. Па после пак да исчезнеш. И пак да се појавиш. На татко ми скоро дваес години му ѕвони телефонот со воведот од твојата 'Евергрин'...“
„Е тука си правевме планови, кај нас дома, во Чаир, на мојот 24-ти роденден. Ти ми кажа дека имаш хит песна за мене. И така бидна Мачо“, се присетува Ребека со стара фотографија од Владо Јаневски.
„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век. Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш. Вечна му слава“, напиша Слаткар, а потоа објавуваше стихови од песните на починатиот музичар.