„Отидовме во болница и бидејќи желбата ми беше да се породам природно, ме ставија на CTG и следеа уште некои 10 часа до највозбудливото,најболното и најинтересното искуство во мојот живот. Илина се роди со 3.800kg и 53 сантиметри должина“, вели Дариа Maндаровска, сопругата на јутуберот Мандар.
„Нашиот Спајдермен наполни 3 годинки. Те сакаме до небото и до ѕвездите“ - напиша Антониа на Инстаграм и заедно со сопругот Роберт објави неколку фотки од забавата.
Калтрина објави и фотки од Трпејца и уште еднаш покажа дека имаме природни убавини какви што нема никаде на светот, но и зошто селото го носи епитетот на едно од најубавите во Македонија - впечатливи куќи, неверојатен поглед, волшебна природа...
„10-ти роденден си славиш на небото, а за нас, кои непрестајно те сакаме, ова ни е тажен ден на земјата“ напиша Елена и сподели досега необјавени фотки од својот починат татко.
„Тој 14/07/2019 ми го скрати животот на еден час, имаше лоши Апгар оценки, докторката рече ќе го следиме во следните 120 минути, и сè уште свежо се сеќавам дека во ладната шок соба се препотував секоја минута од тие предолги 120… Мојот Ѓорѓи денес полни 7 години. Жив и здрав мајкин!“ - пишува Бојана Скендеровски.
„Станав татко. Не знам што да кажам, а клише ми е да ги ставам тие – Добредојде принцезичке... Добре дојде ќерко! Не знам... Станав татко!“, збунет објави Мандар, а потоа славеше со другарите за раѓањето на ќерката Илина.
Славеничките се во розови аутфити, но и нивните родители Христина и Петар Младенови... Тие креираа мал розов рај за своите наследнички.
Славица Савеска - Кењереш од Скопје за живеењето веќе 14 години во странство вели: „Кој не живеел во странство не може никогаш целосно да сфати... Колку е фрустрирачки кога во другата земја сите имаат логика која тебе ти е тотално бесмислена“.
Александра Спировска ужива на одмор со сопругот, кошаркарот Милан Димитриески. Позира во црни полутанга бикини и ужива покрај тиркизното Јонско Море во Ксамил.
„Го оженивме Тајзи“, напиша Слаткар и на Инстаграм сподели дел од атмосферата на свадбата, на која запеа заедно со младоженецот.
Столе Димитриевски објави магични фотки од свадбата со саканата Ирина, фудбалерот Дарко Глишиќ ужива во љубовта со одбојкарката Марија Гугуљанова, а Kaтарина Ивановска беше во Мадрид на концерт на Бруно Марс.
Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, Александар Пендароски (34) и Мартина Михајлова (30) од Скопје, се венчаа на годинешната Галичка свадба, која традиционално се одржува на Петровден.
Се редат комплименти под фотките од Грција на кои нашиот модел Бојана Нушкова самоуверено позира. Таа сними и видео на кое покажува во колку добра форма е.
Елена и Бојан по повод годишниата беа на вечера во ресторан со спектакуларен поглед кон Скопје, а Елена за оваа пригода облече впечатлив црвен фустан.
„Гоце веќе неколку дена е хоспитализиран. Додека пеш се враќал кон дома, поради силното сонце му се слошило. При падот се здобил со повреда, по што неговата здравствена состојба дополнително се искомплицирала. Од неговата ќерка Сашенка дознаваме дека моментално е во стабилна состојба“, велат администраторите на Фејсбук страната за Ѓорѓи Колозов и „Македонски народни приказни“.
„Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија. Среќна 4-ка од брак, ти си мојата љубов и најголемото ДА потврдено во секој животен предизвик“, вели саксофонистот Горан Папаз за неговата сопруга Наташа, со која растат 4 деца.
„Јас немав пари ни за леб, ни за бензин, за ништо. Ми помогна професорот на внуката. Тие се Турци, муслимани, но тие се моето второ семејство. Дење ноќе дежураа со нас на онкологијата, додека Ан се бореше последната недела од животот. Никој од моите пријатели, никој од моите роднини, никој не дојде“, вели Јулија во својата искрена исповед.
Ова е прво летување на Анета и Рубин како брачен пар, откако во мај годинава си кажаа „да“ во матично и ја официјализираа својата врска.