Косата измиена со лимон помалку се мрси

kosata-izmiena-so-limon-pomalku-se-mrsi-povekjeПлакнењето на косата со природни состојки прави чуда за квалитетот на косата. Тоа, како што велат фризерите, важи за сите видови на коса, од...


...мрсна, исклучително сува, темна, светла и чувствителна коса.

За сјај на косата најдобро е да користите пиво, а третманот е доволно да го примените еднаш во месецот.

Еве со што сè можете да ја миете косата:

kosata-izmiena-so-limon-pomalku-se-mrsi

Пиво
Кога ќе ја измиете косата, добро истријте ја, исплакнете ја со пиво, тоа на косата ќе и даде сјај и волумен поради витамините и шеќерот.

Лимон
Плакнењето на косата со лимонов сок е добро за осветлување на косата, но има уште една намена – помага доколку имате мрсен корен. Исцедете лимон, сокот измешајте го со половина филџан топла вода, растворот нанесете го на коренот и оставете да делува пет минути. Исплакнете со млака вода.

Бреза
Исклучително е лековито плакнењето на косата со чај од лист од бреза. По третманот влакното станува сјајно и свиленкасто.

Коприва
Чајот од коприва може да го ублажи појавувањето на првут, а разблажениот оцет од коприва помага косата да не паѓа. За да добиете идеален раствор, три четвртини од тегла наполнете со лист од коприва. Додајте кора од 300 грама јаболко. Оставете ја смесата на топло место пет недели. Два пати неделно измешајте ја смесата. Со сокот исплакнете ја косата.

Липа
Цветот од липа е лек за коса расцветана од фенирање или бојадисување. Во филџан жешка вода ставете лажиче цветови од липа, изладете ја смесата и исплакнете ја косата со неа.

Би можело да ве интересира:

6 модни формули за рана пролет со кои секогаш ќе изгледате средено Пролетта ни е на прагот, а во претстојните месеци дополнете го вашиот плакар со ...
5 нијанси што треба да ги носите кога сакате да се расположите, според експерт за психологија на бои Црвената е „жива“ боја и ја поврзуваме со среќа. Па, облеката со оваа нијанса мо...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
Македонските инфлуенсерки во сиви капути и палта: Хит есенски тренд кај нас и во регионот Сандра Кирков, Елена Најдоски, Цеце Николова се само дел од Македонките кои уште...
Фустани во кои летово ќе ги гледаме сите гостинки на свадби и забави (фото) Фустан со големи ракави и розови цветови од Mango, сатенски слип фустан во боја ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ако мислиш дека си многу мал за да имаш влијание, пробај да заспиеш со комарец покрај креветот.
Анита Родик (1942-2007)