Виртуелни неверства

virtuelni-neverstva-povekjeИнтернетот многумина го користат за да запознаваат други луѓе во љубовно - сексуална смисла, а често ќе инсистираат на своето право за приватност.


Според истражувањата на порталот за запознавање IllicitEncounters.com, бројот на членови на интернет порталите за спојување на луѓе е во пораст за речиси 250% и секој четврт човек во врска комуницира со други луѓе преку Интернет, а тоа не му го кажува на својот постојан партнер.

virtuelni-neverstva

Статистиките исто така откриваат дека 18,3% жени и 25,4% мажи во текот на животот барем еднаш ќе го изневерат својот партнер.

Денешните изневерувања се многу поразлични од оние од пред 20 години, па сосема е нормално луѓето да се служат со поинакви методи за да ги откријат.

- Не се работи само за физичко неверство. Криењето, нежните допишувања, испраќањето на полуголи слики, па и изградбата на подлабок однос, тоа е она што ги боли луѓето - вели Ian Kerner

Тој верува дека сите оние што немаат ништо да кријат, нема да ја бришат „историјата“ на својот компјутер, да се кријат во друга соба за да работат нешто на компјутерот, да одат во тоалет со мобилниот и постојано да го кријат...

- Неверните се кријат зад параванот на приватноста. Во оној што се брани на ваков начин не треба повеќе да се сомневаме, туку треба да го оставиме. Тој што сака една врска да успее, ќе сака да го смири партнерот кој се чувствува несигурно.

Ian Kerner тврди дека пред да се чепка по компјутерот на партнерот, треба да се проверат некои тврдења. Доколку позитивно одговорите, би требало да прочепкате по мобилниот и компјутерот за да не живеете во незнаење и да се мачите со сомнежи.

Доколку позитивно одговорите на овие прашања, можно е постоење на неверство:

- Сексуалниот живот ви е слаб или никаков

- Партнерот поминува повеќе време на компјутер

- Одбива на социјалните мрежи да го објави својот статус

- Има полно интернет пријателки

- Ве нарекува параноичен/параноична ако го прашате за сомнителното однесување

- Инсистира на својата приватност и не дозволува да се приближите до неговиот/нејзиниот компјутер или мобилен телефон

Би можело да ве интересира:

Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувс... Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
„Мрзливо куче“ – Секс поза со која задоволството ќе трае со часови (18+) Сите знаат за брзата „кучешка“ поза, но постои и друга малку побавна верзија, ко...
Прашувам за пријател: „Го изневерив сопругот и првпат доживеав оргазам, веќе не сакам здодевен секс ... „Малку е веројатно дека некогаш со некого повторно ќе ја почувствувате истата во...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Без оглед колку работите изгледаат црни или всушност се, крени го погледот и види ги можностите - секогаш види ги зошто секогаш постојат.
Норман Винсент Пил