Брутално искрени причини зошто ТОЈ не сака секс

brutalno-iskreni-pricini-zosto-toj-ne-saka-seks-povekjeИако најголем дел од вицовите и американските комедии нѐ убедуваат дека мажите никогаш не одбиваат секс, а жените не се толку загреани за тоа...


...сите знаеме дека реалноста не е толку површна.

Ниту се сите мажи исти, ниту пак имаат либидо отпорно на сите предизвици во денот.

Како и кај жените, дел од причините поради кои мажите ќе одбијат секс укажуваат на поголеми проблеми, но дел се само моментални, безопасни ситуации и расположенија.

Некои изјави се однесуваат на долги врски, а некои функционираат само кај тазе запознавања.

Се согласувате со нешто од наведеното?

1. Се чувствувам дебело.

2. Си се запуштила и веќе не ме привлекуваш толку.

3. Премногу испив и бескорисен сум за секс.

4. Премногу си пијана, а тоа не ме привлекува.

5. Преморен сум од секс со друга синоќа.

6. Мастурбирав неколку пати денес и сега не можам.

7. Немам кондом, а се плашам да не имаш некаква болест.

8. Последната девојка со која спиев затрудне и се плашам тоа да не се повтори.

9. Едноставно, не ми се допаѓаш.

10. Кога имаме секс ти само лежиш, а тоа не ми е доволно.

brutalno-iskreni-pricini-zosto-toj-ne-saka-seks-1

11. Ме одби минатата вечер, па сега јас те одбивам тебе!

12. Здивот ти мириса непријатно.

13. Ја остави вратата од wc отворена, а не ме возбудува кога те гледам на шолја!

14. Ме повреди кога на другарката ти ѝ кажа дека сексот ни трае само 8 минути.

15. Заплашен сум од бројот на сексуални партнери што си ги имала пред мене.

16. Имам проблем со постигнување ерекција, а не ми се зборува за тоа.

17. Премногу си агресивна.

brutalno-iskreni-pricini-zosto-toj-ne-saka-seks-2

18. Во депресија сум. Мислам дека ми треба помош.

19. Изгледаш депресивно и мислам дека ти треба помош.

20. Не сакаш да пробуваме нови нешта, а заситен сум од нашата рутина.

21. Не изгледа како да уживаш кога имаме секс, а и не ми кажуваш што да променам за да ти биде поубаво.

22. Оддалечени сме и како вопшто да не разговараме во последно време, а и тоа ми е потребно.

23. Премногу ми наредуваш.

24. Ме третираш како идиот, зошто би сакал да имам секс со тебе?

brutalno-iskreni-pricini-zosto-toj-ne-saka-seks-3

25. Сфатив дека ме излажа (за било што) и губам интерес за тебе.

26. Уморен сум да слушам како ми кажуваш „престани“, „не така“ или „не го прави тоа“.

27. Се однесуваш како да си ми мајка, а не девојка/сопруга.

28. Ми се спие.

29. Ми треба време да си ги средам емоциите по раѓањето на нашето бебе.

30. Работата ми е премногу стресна и во моментов мислам само на тоа.

Би можело да ве интересира:

Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Жени откриваат: Што мразат, а што навистина сакаат во кревет? (18+) Уживаат во орален секс, но не сакаат сексот да трае премногу долго – жени открив...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
„Ја изневерувам жена ми 11 години - ќе ви откријам 7 знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерув... Мажот што изневерил почнува да покажува чувство на вина на најразлични начини. М...
Секс поза „oтворач“ - кога жената сака да е мрзлива, мажот доминантен и задоволството да е врвно (18... Aко сакате да бидете добро размрдани, без да станете од креветот, предложете му ...
„Свиткан мост“ – Возбудлива, но тешка секс поза, која ќе ја направат само најсилните (18+) Секс позата „свиткан мост“ бара многу сила кај двајцата партнери, особено кај ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Успешни се оние кои паднале многупати, но повторно застанале на нозе.
Пам Браун