ВИДЕО: „На крајот на овој свет“ - Дани Димитровска и Пеце од Суперхикс снимија дует

„На крајот на овој свет“ - Дани Димитровска и Пеце од Суперхикс снимија дует



Дани и Пеце од Суперхикс ги изненадија фановите со нова соработка. „На крајот на овој свет“ е дело на Весна Малинова Бабамов, а ја изведоа Дани Димитровска и Петар Младеновски. Песната си доби и спот кој се фокусира на светските катастрофи и секојдневието со кое се соочуваме. Во спотот се појавуваат и неколку врвни музичари, како што се момците од „Conquering Lion“, Игор Џамбазов, Пере - Нокаут, Џоле Смут, Љубојна и Вера Јанковиќ, кои ја поддржуваат пораката што ја испраќа песната.