Ауди во духот на модниот викенд

audi-vo-duhot-na-modniot-vikend-povekjeОд 6 – ти до 8 – ми април во Салонот Ауди, Порше Македонија, ќе се презентираат најновите модни трендови. На модната писта ќе бидат покажани...


...креациите на домашните, македонските, дизајнери, а покрај класичните ревии, оваа година во програмата се додадени и хуманитарни ревии и проекти.

Како домаќин на оваа модна манифестација, Порше Македонија, со цел да ја поддржи креативноста и поставувањето на нови модни критериуми, се одлучи да внесе новитети со врвен дизајн од своето поле на дејствување. Тридневното модно шоу во Салонот Ауди, Порше Македонија, ќе биде зачинето и со новата серија автомобили Ауди A4.

Со обновувањето на А4 серијата, Ауди нуди нови решенија за ефикасност, динамика при возење и поатрактивен дизајн, што ги прави новите А4 автомобили уште попривлечни. Како најпродавана серија на возила, А4 со својата елеганција, спортски дух и емоционална привлечност, претставува централен дел на брендот Ауди. Новиот дизајн е јасно дефиниран и препознатлив во сите модели – Sedan, Avant, Allroad Quattro и S4.

Во ново, неодоливо, руво, А4 серијата на Ауди ќе го поддржи петтиот по ред Моден Викенд во Скопје.

audi-vo-duhot-na-modniot-vikend-1

audi-vo-duhot-na-modniot-vikend-2

audi-vo-duhot-na-modniot-vikend-3

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Верувам во сонцето и кога тоа не свети, верувам во љубовта и кога не ја чувствувам.
Непознат автор