BMW ќе продава автомобили он-лајн?

bmw-ke-prodava-avtomobili-on-line

Новинската компанија Блумберг изјави дека Баварскиот производител на автомобили BMW од 2013 година планира да почне да продава автомобили преку интернет.

Ова особено се однесува на новите електрични автомобили i3 и i8. Моментално овие и други електрични и хибридни модели на BMW се слободни за разгледување во Лондонски авто салон близу Олимпиското село.

Мотивацијата за ова е едноставно: намалување на трошоците за продавање. Што значи, отсега наместо потенцијалните купувачи да одат по авто салоните и да губат време на разгледување на автомобилот, ќе можат преку конфигураторот на веб-страницата на BMW да си ја изберат идеалната опрема за автомобилот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Побарав богатство за да можам да бидам среќен, добив сиромаштија за да можам да бидам мудар. Ги побарав сите работи за да можам да уживам во животот, добив живот за да можам да уживам во сите работи.
Непознат автор