„Андреј до две години беше дете со типичен развој, дури беше и напреден во споредба со другите врсници – пред година прооде, почна да зборува, бременоста беше нормална и породувањето без проблем. Проблемот се јави по вториот роденден кога почна да плаче многу и без причина, а плачењето траеше сè до септември кога престана да плаче, но престана и да зборува – буквално се исклучи …“, ја започнува својата приказна Емилија Златкова-Анастасова (40) за CRNOBELO.com, мајка на 3 деца, која вели дека е среќна што нејзиното синче со аутизам е одлично прифатено од другарчињата на училиште.