„Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фатив и првите чекорчиња на Веда“, напиша на Инстаграм гордиот татко.
„Планот за запросување Даниел го смисли уште во јануари, а во мај им го откри на моите родители и воедно формално побара дозвола за мојата рака
Во мини сребрено фустанче со шлиц на страната, Ана го покажа своето фит тело во разголено издание, додека сопругот ја држи за нога, во прегратка, на црвен тепих на Ибица, по неколку месеци живот во Барселона.
„Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што“, вели Игор Џамбазов, кој утрово објави ново видео од бељите на неговото куче.
Маестралната Милка Ефтимова, која почина на 89 години, отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.
„Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку ни недостигаш. Твојата насмевка, твојата енергија, твоите соништа сè уште одекнуваат во секој агол од нашиот живот. Имаше само 17 години, но во тие 17 години живееше со срце полно со љубов, добрина и светлина“, пишува Александар Наунов, татко чија ќерка загина во дискотеката „Пулс“ пред 5 месеци.
Со коса врзана во „кики“, облечена во куси панталончиња или фустани, со ранецот на грб, Вера и на 61 година ги одржува младешкиот дух и стилот кои ги негува целиот свој живот.
„Крушево има душа, има историја, го има Тоше и неговите песни и спомени. Толку многу љубов и мир на едно место“ - напиша Даниел на Инстаграм.
„Ова дело со бескрајна љубов изработено за мојот жив ангел небесен, како што ја видов во бескрајната Божествена светлина, кога првпат блесна пред мене, во сиот раскошен златно-жолт сјај и ми кажа ‘Јас сум жива... мама... жива сум'. Насмеана, блескава, со коса полуврзана, со бели цветчиња, во вид на венче и ореол кој светеше околу нејзината глава“ - напиша со многу емоции Јулија, и ја откри инспирацијата за новата слика.
„5 дијаманти за 5 години брак“ – напиша Андреа на фотката од подарокот од нејзиниот сакан, актерот Жарко Димоски, кој ја запроси со прстен во Киндер јајце пред 6 години. Тие прославија во ресторан во Хрватска со синот, додека уживаат во луксуз, а имаа и една интересна случка во моментот кога таа го доби прстенот.
Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотографии од плажа сподели и Елена Најдоски, но и актерката Маја Андоновска Илијоски, на која друштво, освен синот и сопругот, и прави и мајка ѝ.
Минатата година сподели романтични кадри под ѕвездено небо со сопругот на Доломити, а оваа година повторно ужива на истото место – се бања во базен со прекрасен поглед, ужива во планинското сонце и во грандиозната убавина со која е опкружена.
Со фотографии од децата, кои ги споделија на Инстаграм Стори, многу Македонки се приклучија на светскиот Инстаграм предизвик на тема „Личноста која ми ја даде титулата мајка“.
Едни од најубавите спомени поврзани со шоуто ми се оние кога по моите настапи, жирито знаеше да застане на нозе со стоечки аплауз. Тоа не се заборава, момент кога срцето ми чукаше силно од возбуда и радост. Гласот, во меѓувреме ми се промени, мутацијата си го направи своето, но мислам дека сега звучам позрело и со повеќе емоција“ - вели Трајче од „Пинкови ѕвездички“ за CRNOBELO.com.
Светлана изгледа како да го пронашла еликсирот за вечна младост, а успешно ја одржува фигурата во топ форма – покажа дека е згодна убавица во бикини, додека позира како да е излезена од модно списание.
„Мојот живот е шпанско село... Никој не го знае мојот нареден потег“, вели Ана Стојанова додека се прегрнува со сопругот во магично шпанско селце на островот Мајорка, по неколку месеци живот во Барселона.
„Не знам дали знаевте дека стариот базен во Сарај паркот е реновиран и повторно отворен. Не влеговме внатре, бидејќи работи до 18 часот ама задолжително ќе го посетиме“, споделува Маја Кикириткова на Инстаграм.
„И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безброј лаги, врвот беше она со наплаќањето салфетки или полнење телефон (од рубриката се нема случено – нели?), но јас бев таму и ситуацијата беше поинаква“, вели Мартин Јовановски од Скопје.