„Работам од свои 15-16 години константно и си работам до ден денес. Имам работено и во БајАрена - фудбалскиот стадион во градот Леверкузен - продавав пиво, сок, храна“, искрено вели еден од нашите најмоќни музички вокали Тина Русева и им дава одличен пример на младите.
„На црвениот тепих ги снимив Мајкл Б. Џордан, кој таа вечер ја доби статуетката за главна машка улога, Ен Хетавеј, Ана Винтур, Ел Фанинг, Зои Салдана, Пријанка Чопра и Ник Џонас, Хавиер Бардем и други“, фотографот Стефан Соколовски за CRNOBELO.com oткри интересни детали од Оскари 2026.
„Оваа појава има земено сериозен замав во Македонија. Тракерите ги ставаат најчесто во резервната гума или по места кои не често ги проверувате во автомобилот. Доколку најдете нешто такво нема никаква потреба да го прашувате партнерот зошто - одете и пријавете во полиција“, вели Ина МногуФина.
Бојана Нушкова во долна облека со танга и жартиери покажа дека е во совршена форма. Нате Талевска самоуверено позира во смело, транспратентено боди со принт змија, а актерката Слаѓана Вујошевиќ најавува што ќе пее на „Глумците пеат“, на 24 и 25 март.
„Бев дете, можеби 3-4 години, се подигав на прсти на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниманието ми го земаше тезгата на чичко Драги која беше во пролазот каде што е сега Министерство за правда. Кога ќе дојдеше сонцето до тезгата, сите ланчиња светкаа“, се сеќава Тина Алексовска на чичко Драги, кој цел живот го помина на Рекорд.
„Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите чекори што никогаш повеќе нема да се слушнат“, напиша Алејсандар Наунов, таткото на Надица, во пораката која го кине срецето.
„Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми, во 40-тите - сите од А до Ш, но заедно во едно бевме согласни - какво жениште и госпоѓетина е Дорис. Морам да го искористам тој збор! Таква грациозност, елеганција, но едновремено и дива енергија и самодоверба одамна не сум видела на сцената, особено не на нечии 64 години... Со Петар Грашо навистина направија вечер за паметење!“
„Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една година без тебе. Една година како дишеме, а не живееме. Нели се договоривме поинаку? Прво на твојата дипломска… па на свадба…Ти отиде на забава… насмеана, дотерана, среќна… А тебе ни те вратија…во ковчег“ - пишува Стојка, мајката на Ивона која пред 1 година загина во Кочани.
Горан Тонев не заборава, не заборава колку болеше 16.03.2025, не заборава ниту за тој месец што го помина во вештачка кома, ниту девојчето што му го спасило животот, ниту докторите кои го негувале како свое дете... Со лузни на себе, но благодарен за тоа што е жив, сега гушнат со нив, една година по трагедијата.
Некои болки едноставно не се мерат со зборови, за некои болки едноставно нема доволно зборови, па така денес, една година по кобниот 16.03 и трагедијата во Кочани, на Инстаграм се огласи сопругата на Андреј од ДНК.
„Андреј и Панчо се легенди кои ќе ги паметам засекогаш, но ако треба да раскажам нешто за Андреј, тоа би било мое сеќавање од снимањето на спотот за песната 'Ако утре ме нема', кое покажа колку голем човек е тој“, вели за CRNOBELO.com, кралот на трубата, на годишнината од пожарот во Кочани.
„Ти благодарам за секој совет, за секоја подадена рака и за секоја жртва што си ја направил за нашето семејство“, напиша популарниот готвач во својата честитка за татко му.
Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4 децении помлада од него. Кои други парови кај нас и во регионот се долго во љубов и покрај големата разлика во години?
Убавата Сава Грачанин беше на концертот на Влатко Лозаноски држејќи го во раце нивниот син Марко (1). Сега, таа објави низа фотки од нејзината мајка и малиот Марко.
На два дена пред годишнината од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи за време на настап на ДНК, Ана Костадиновска, една од придружните вокали на бендот, ѝ понатаму е неутешна.
На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси одново, а дека во нивното секојдневие не недостасува забава и дека се сакаат како и првиот ден, доказ е новото видео на кое Џокер прави склекови со Антониа на грб.
„За жал, се случува нарачки да не се подигнуваат, иако се изработени специјално по желба на клиентот, што за мене значи загуба на време, труд и материјал, но и финансии со оглед на тоа дека доставата за секоја вратена пратка треба јас да ја платам на карго службата“, вели искрено талентираната Елена Арсовска од с. Шлегово.
„Претходно бев гурман, а сега јадам од што морам и поминувам минимум 2 часа во теретана. Во минатото со другар имам изедено 100 ќебапи на еден оброк, заедно со уште неколку кременадли и нафора, а вино не спомнувам“ - признава Бојан, кој се прослави во Идол, а сега може да се пофали со неверојатна трансформација на телото и минус 20kg.