Миа често вели би сакала да ги покани гостите за слава дома и дека тоа ќе го направи дури кога ќе има свој дом - а годинава славеше Св. Никола со семејството во станот во кој се пресели пред неколку месеци.
„Мајка ми прави баклава, онаа што мириса на празник уште додека се пече, татко ми спрема риба, месиме домашни лепиња, а кога доаѓа попот да ја освети славата, домот како да се смирува. Тој момент не е само обред, тоа е благослов“, вели Соња Николовска (37) од Скопје.
На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук Кристијан. Тој го носеше секаде со себе, а со него отпеа и дует. Денес Кристијан порасна во прекрасно момче, вљубено во музиката, исто како неговиот непреболен вујко.
Некогашната кошаркарка Едина Муса стана мајка и го доби синот Максим, син доби и Миро Кацаров, а капитенот на фудбалската репрезентација, Енис Барди, во октомври доби ќерка - 2025-та беше плодна за македонските јавни личности.
2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен, финансиски и професионален план, со нагласок на одговорност, зрелост и личен раст. Иако ќе има предизвици, особено поврзани со односите и финансиската претпазливост, годината нуди многу можности за напредок, стабилизација и подобрување на квалитетот на животот доколку дејствувате промислено и истрајно.
Денес се слави најчестата слава во македонските домови, Св. Никола - храната треба да биде подготвена ден однапред, домаќините треба да скршат славски колач и да ги понудат гостите со пченица, а се верува дека и треба да се даруваат најмладите, бидејќи приказната за Дедо Мраз потекнува од дарежливоста на Св. Никола.
„Тремата беше преголема, бев изгубен, искрено. И ме примети Ирма и така знаеше дека ќе се случи нешто. Кога клекнав, се расплака од среќа и кажа ‘ДА’ и сè беше преубаво - самата вечер, луѓето околу нас, местото“, вели Омер (24), кој ја запроси саканата во ресторанот на Адријан Гаџа.
„Јас редовно планинарам на Водно и еден ден се симнував надолу по новогодишната патека и гледајќи мали деца како со малку намуртени лица и црвени образи се искачуваат, па ми дојде идеја да направам нешто што ќе ги радува“, вели девојката која накити елка на Водно и успеа да мами насмевки.
Плоштадот е украсен со голема елка, а поставени се и штандови за греено вино, чај и колачиња. Низ улиците на центарот на градот, пак, има големи светлечки декорации во форма на снегулки.
„Се сеќавам јас имав трема кога седнавме на маса и им го кажав тоа (дека првпат снимам со нив) и Панчо ми рече да не се секирам дека ќе направиме досадно интервју без проблем. Многу се смеевме. Која енергија ја имаа они двајца, која харизма, они двајца беа ЕДНО....“
Дани Димитровска стапи во втор брак, Столе Димитриевски направи интимна венчавка во Шпанија, а Марио од 2Бона и неговата Исидора имаа голема свадба со многу пријатели. Кои други познати Македонци се венчаа во 2025?
Тамара Тодевска го врати шармот на домашните роденденски забави - синот Дарен прослави со другарчињата во новогодишно украсениот дом, сите беа во црвени, тематски аутфити, а ги забавуваше Дедо Мраз, кој им свиреше и пееше, додека децата танцуваат со диско светла.
„За Пајдушко не нè бива, за Макарена сме тапа, ама затоа за добра забава секогаш сме спремни“, се пошегуваа на своја сметка водителката Сања Савеска со готвачите Никола Мишовски и Бобан Симоновски, кои откако станаа вирален хит со играње на Пајдушкото оро, сега снимија видео и како играат на Макарена.
„Кога му реков дека не сакам таа вечер, ми се приближи и со ладен тон ми рече: Признај, со кого се е*еше кога не бев тука?“, „Ме будеше среде ноќ за да се караме, велејќи дека ‘мора да расчистиме сега’“, „Ми го скина фустанот затоа што, според него, ‘премногу гледале во мене’“, се дел од работите кои Стефанија Арсова, психолог од Свети Николе, постојано ги слуша околу себе.
Елката со прозорчиња од Скопје 2025 е инспирирана од елката во Крајова, Романија во 2023-та, а пак таа од елката во Вилнус, Литванија во 2015-та година. Кога има магија, треба да се сподели, зарем не?
Веќе неколку години, во периодот на празниците, станарите од оваа зграда, но и нивните гости, се восхитуваат на убаво исцртаните стакла на влезовите.
„Ја снимав со свршеничкиот прстен, но таа не беше свесна за тоа, така што магијата не беше нарушена и беше навистина изненадена која ја запросив“, вели Јовица (36) од Битола, кој по 4 месеци врска сфатил дека Ивана е вистинската за него.
„И мене ми фали тој период, не само на него, меѓутоа низ годините успеавме да изградиме здрав однос, да станеме другари, и знае дека никогаш нема да го зезнам за 3 работи на кои секој другар ќе киксне - женска, пари и позиција“, вели Тони Михајловски за постариот син Александар со кого долго време не беше во добар однос.