Европскиот шампион во мотоциклизам, Петар Мијалков, синоќа на 1 декември ја доживеа една од оние тивки, но длабоки животни пресвртници што ги носат
„Долгите прошетки низ холандската калдрма ми се омилена активност… во чекорот со него. До него“ - напиша пејачката, која го посети Мастрихт со синот.
Елена Најдоски со сопругот уживаше на викенд во Грција, Пере Нокаут се сретна со Симон Трпчески, Сања Ристиќ и Перо Антиќ елегантни на настан. Што правеа познатите Македонци минатата недела на социјалните мрежи?
„Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна момчето-херој од Кочани и слезе меѓу публика за да го гушне и бакне.
„Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното!' - Сузана Турунџиева откри детали за врската со својот 10 години помлад партнер Александар Маленко и шокот кога сфатила дека ќе го носи нејзиното презиме.
„Многупати знаат да ми напишат луѓе што ме познаваат од минатото: „Немој да глумиш ти светец, немој да глумиш безгрешен. Знаеме што правеше“. Да, точно е тоа. Имам погрешено во минатото. Искрено, да можам да го вратам времето, никогаш не би погрешил“ - вели Зафиров во својата исповед.
Ако се движите низ улицата Орце Николов ќе ве следат висечки украси со блескава сина светлина, а како што се приближувате кон боемските улици ќе ве дочека елка и украсени локали - новогодишната магија низ делови од општина Центар во Скопје веќе започна.
„Матео, точно на 40 дена, се разболе од RSV virus. Отидовме на интензивна нега, во соба што никој родител не сака да ја гледа, а не па да седи цели 4 дена. Машини, монитори, звук на аларми… и едно мало бебе што се бори да дише“ - пишува во својата исповед инфлуенсерката Софија Јанева.
„Јас бев многу мала, во тој период имав околу 8-9 години кога се разделија. Тогаш не се зборуваше отворено за разводи, разделби, беше табу тема. На почетоците се срамев да го кажам тоа, се плашев да не се дознае. Јас не сум имала трауматични сцени во детството. Најтрауматично ми било што татко ми престанал да спие со мене, да го гледам навечер“ - Тамара искрено зборува за разделбата на родителите, но и за своите модни избори низ годините.
„Ау луѓе, што беше ова? Уште го чувствувам вкусот, а само го допре мојот јазик. Кога си гладен бирај безбедна варијанта, земи си пилешко“ - вели Ева, која доби нагон на лошење кога го проба октоподот.
Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој период треба да се одречете од вообичаени навики и мрсна храна. Сепак има исклучоци - понеделник, среда и петок е строг пост на вода, во саботите и неделите се дозволува риба, а од 2-ри до 6-ти јануари, постот станува построг. Кои се другите правила?
На 28 ноември (петок) во Skopje City Mall започнува Black Friday шопинг лудилото! Skopje City Mall нека биде местото кое сите вие љубителите
Телевизискиот простор во Македонија добива свежина, динамика и ново вечерно ТВ искуство со стартот на шоуто „Вечер по 8 со Миро“, кое од 27 ноември, односно вечерва, ќе се емитува секој четврток во 20:30 часот на Алфа телевизија.
„Ги заспав децата, му кажав на сопругот да си одмори и тој, а јас дома, на топло и удобно останав сама со моето тело да се спремам за најзначајниот чин во животот. Кога почувствував дека е при крај веќе беше утро, го разбудив сопругот да ме однесе кај мојот гинеколог и акушер во Берово. Таму се породив буквално за 5 минути. Останавме неколку саати додека да се смири крварењето и бевме пуштени дома бидејќи беше сè во ред“ - раскажува Македонка на Инстаграм.
„Многу сум слаба на него, многу му допуштам сè, но... се знае кој е мајка кој дете. Мојот збор се слуша“, вели Миа Костова, која одговараше на прашања од своите следбеници на различни теми, а многу од нив беа поврзани со нејзиниот син Андрија.
Изминатиот викенд во Лас Вегас се одржа претпоследната трка од годинашниот Ф1 шампионат, а покрај возачите, една од главните ѕвезди беше светски познатиот диџеј Стив Аоки, кој пушташе музика на самата патека.
Во 2024 година Миа Костова организираше донаторска акција и за два дена собра 450.000 денари за лекувањето на Леонид Индов, кој се повреди на летување во Грција. Скоро две години подоцна, тие се сретнаа во живо во Скопје.
„Идејата за графитите ми дојде спонтано, за некако да ја оживееме македонската музика од старите добри времиња, но да ги поддржиме и новите македонски музички артисти“, вели Тина Мицковска за CRNOBELO.com.