Скопје, ноември 2025 - Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, а дигиталните алатки се множат со невидена брзина
„Татко ми сакаше да бидам високо образован, додека јас сакав да го работам ова денес што сум. Го памтам денот и моментот кога татко ми отишол во продавница, му кажале дека ме има во весник како успешен фризер, а тој немал поим. Тогаш ми рече 'Бев многу среќен, ги почестив сите'. Сонот на едно мало дете не смее никој да го уништи, ниту родителите“ - вели нашиот фризер Октај за моментите кога го започнал бизнисот на 20 години, а кога проговоре за поддршката од мајка му, со солзи во очи, не можеше да продолжи да зборува на темата.
Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната ноќ во дискотеката Пулс, од кое ќе ве полазат морници и повика поддршка за Маршот на ангелите, а потоа објави видео од архива со сопругот Андреј и ќеркичката, кога двајцата се возат на жичница и ѝ мавтаат на мама.
„Секогаш ми фалат зборови, кога сакам да кажам колку сум среќна што си среќен, што сум ти мајка, што растеме заедно! Само сакам секогаш да ја имаш оваа насмевка, најубавата на свет, за мене!“, вели пејачката во емотивната порака.
„Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелодијата ја направив на синтисајзер играчка од ќерка ми. Се сеќавам, Тоше дојде во студио од пат уморен, ја отпеа од прва и се дигна енергијата. За жал, вечерта на изборот на химна, остана празен микрофон“ – вели Митевски 18 години откако „Македонија навива за вас“ беше прогласена за спортска химна.
Потег за поздрав! Откако пред еден месец Леон (12) од Скопје кој има аутизам беше единственото дете во одделението кое не доби покана за роденденот на негово другарче, Ирина Камилоска реши да го изненади - во училиштето му донесе пожарникари, пилот, кошаркари, планинари и жена полицаец и му измами насмевка.
Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во градот, а Андријана Петрушовска го прослави 26-иот роденден.
„Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене - тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај“, пишува во пораката таткото Александар Наунов.
Голманот, кој е познат по својот впечатлив моден стил, за венчавката избра црн костум со два реда копчиња, додека неговата сакана Ирина носеше фустан кој ја следи линијата на телото, и бела бунда.
„Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровски“ - напишаа од студиото за тетовирање, каде што актерот ја стави својата прва тетоважа.
„Од семе до прекрасно момче, со изграден карактер, јасна визија и план за животот“ - пишува во роденденската порака за Максим од неговата мајка Александра.
„Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непознато, но победив на изборот тука, потоа победив и во Варшава. Оттаму заминав за Виена, па во Милано и на 17 години во Њујорк каде 10 години работев постојан и немав време за забава. Во тој период манекенките беа преслаби, ме сметале и за дебела во индустријата, но си го најдов своето место со многу модни куќи и брендови“ - Катарина Ивановска со Сергеј Варошлија зборува за блескавата светска манекенска кариера.
Игор Стефановски Иџе на својот Инстаграм профил објави фотографија полна љубов - тој со кацига на главата по победа на трка, ја држи за лицето сопругата Емче и се бакнуваат.
Александар Јосифовски вчера славеше роденден, но направи и забава за откривање на полот на бебето кое го чека со саканата Ана Павиќ. Поради аутфитот на парот - таа во бел сатенски фустан, а тој во класични панталони со кошула, коментираат дека Александар и Ана истовремено и се венчале.
„Хабиби, се преселив 1 месец во Дубаи... Можеби мислите дека ова е обична гарсоњера, ама да ве убедам во спротивното“ – вели Ана и отвора врата од плакар каде е скриена кујната, а од терасата на 22 кат има спектакуларен поглед и открива што има во зградата.
Од опуштени прошетки во паркови, преку истражување музеи со изложби на познати светски, но и локални уметници, до посета на традиционални јапонски барови каде што уживаа во вкусот на локалното виски - Каролина и Михаил уживаат во Токио.
Бонбониера со икона и чоколатца со натпис, кутија како книга со икона и натпис по желба со шише за ракија, уникатно декорирано шише за вино со слика од светецот и уште многу други уникатни подароци со кои може да ги израдувате домаќините на претстојните слави.
„Авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа. Пред еден месец ја прашав што ѝ е желба, а таа вика: Да има авион и да пишува Happy Birthday. Ама, тоа ѝ беше мајтап. Но, јас си ставив во глава и работев на желбата“, вели за CRNOBELO.com Љуупка Митрова.