Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сопруга, наскоро ќе станат родители - тие го очејѕваат своето прво дете.
Мартин сподели семејни снимки кои досега не беа јавно објавени - од моментот кога ќеркичката е штотуку родена и во болница, додека тој и сопругата си играат со неа, како ѝ свири и пее, но и видеа на кои бабите уживаат со внуката.
Нашата Тина вчера наполни 21 година, а по шоуто, прославата ја продолжи дома - нејзината мајка објави видео, на кое се гледа моментот кога Тина ја прогласуваат за победник, а таа седната покрај телевизорот со торта во рацете ги дува свеќичките.
„Џабе ти живот ако нема за кој да го живееш“ - напиша Миро на Инстаграм, на фотките каде што сопругата блеска пред породувањето, а тој делува неизмерно среќен.
„Приемот во Лондон беше во првата и најстара кралска палата Сент Џејмс. Потоа се прошетавме и во другата соба да го видиме тронот, а долгогодишен вработен со гордост ни раскажуваше за последните денови на кралицата, која ја служел 21 година“ - вели Милчо Манчевски за CRNOBELO.com, откако се сретна со британскиот крал.
Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во дискотеката „Пулс“ прво доби перика донација на познатиот фризер Зоки Давитков, а сега, 7 месеци подоцна, откако природната коса ѝ порасна доволно, Зоки ѝ направи и екстензии.
„Во групата немаше покана, ниту еден збор од родителот да ми се обрати, свесно го прославија роденденот со сите останати деца, со исклучок на Леон. Можеби тоа дете не го сакало Леон на својот роденден. Прифаќам. Но, каде е родителот што ќе му објасни дека различноста не е страшна...“, гласи емотивната исповед на Амела Мемиш Апостоловска од Скопје.
„Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцрпна енергија и љубовта што ни ја подарувате ни ја топлат душата секој ден“, напиша мајката на Михаил, Леонтина, Тодор и Ведран во родендеската честитка.
„Се утепува од учење, гледа како други зимаат дипломи со иста вредност за пари! Со години бара соодветна работа за тоа што учел, не може да најде! Си купува карта во еден правец, си ги пакува куферите и си оди! Зошто ни се иселуваат младите? Ете затоа!“, вели Калина Коса чија објава се споделува вирално.
„Мајка ми многу се има жртвувано за мене. Пораснат сум со неа и со баба ми и дедо ми во двособен стан, којшто подоцна стана и трособен, затоа што кујната ја направивме детска соба, а во дневната се направи кујна. Дете на разведени родители - сум го доживеал ова трауматично да бидам искрен“, искрено вели актерот Александар Михајловски, син на Тони Михајловски.
„Отворав сам секој ден, дотеран зашто чекав клиенти. Секој ден ентузијастички верував дека некој ќе дојде на врата, ќе остави капар. Ни на крај памет не ми беше дека за 6-7 месеца ќе имам само 3 нарачки и дека ќе морам да затворам“, вели Златко за своите неуспешни почетоци во 2016-та година.
„Оваа година не ми беше првпат на едрење, ама регата… е тоа беше ново искуство. Адреналин, ветер кој ја води играта, тактики и (многу) натпреварувачки дух. Научив дека иако стигаш прв до целта, можеш да освоиш трето место (поради правила кои искрено уште ги учам)“, вели Лејла Рамковска.
„Бев во МВР во Македонија и од таму ми кажаа дека треба да одам во македонска амбасада во Германија. Летав назад до дома до Германија... Тогаш не знаев многу македонски, бев таму, а таму никој не знае англиски, никој не знае германски... Нема гајле, зборувавме со раце“, вели Финн Ваттчов (24) на кој веќе 3 години Македонија му е дом.
„Мангуп НЕ СИ ако можеш да средиш 2 грама и да испиеш вечерта литро виски. Јас не можев да се замислам без да дувам, без да пијам.... Но, сам се излечив со спортот“, вели актерот Александар Михајловски, син на Тони Михајловски.
„Беше многу блиску, се симна долу, но буквално за некои тројца-четворица луѓе не стигна до нас, зашто тука имаше камера, а ние бевме одма до камерата. Им подаде рака на луѓето до нас, им се потпиша. Стварно едно преубаво искуство“ - велат за CRNOBELO.com Антониа Гиговска и Марјан Петров, по концертот во Милано.
Доктор Горан направи семејна фотосесија во Германија со своите сакани. Нормално, ѕвезда на фотосесијата е неговиот новороден син Константин, кој наполни 4 месеци, а веднаш до него е неговиот постар брат Себастиан (5). Покрај медицински совети, доктор Горан промовира и вистински семејни вредности.
И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа што му се прави на нашиот главен град, преку есенските фотки од Градскиот парк да покажеме зошто треба да се бориме да си го сочуваме. Скопјенце, и покрај сè, убаво си ни!
„Нова радосна вест од Клиника за детски болести... Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја победи тешката битка“, велат од Клиниката за детски болести.