Украсени со сијалички, со черги, тикви, суво цвеќе и со соодветно место за оган на отворено, овие дрвени куќички во шумски предел се вистинска есенска бајка периодов.
„Во Битола постои едно место каде љубовта не е збор, туку секојдневие – Центарот за доенчиња и деца без родители е дом на најсилните срца што сум ги сретнал во животот...“, вели доктор Владимир Чадиковски и додава дека некои од нив ги оперирал со тешки срцеви мани, но тие сега се здрави деца.
Откако лани направи забава во бохо стил со многу пријатели, Миа Костова годинава роденденот го прослави во скопски ресторан со неколку најблиски другарки.
„Заборавив каква бев пред 12 години… слаба, нефлексибилна, со гастритис, дискус, спондилоза, калцификат на рамото, нарушен центарот за баланс и вертиго, само 49 килограми, со две мали деца, изгубивме сè што имавме, финансиски на дното, со брак кој се распаѓаше“, започнува емотивната исповед на Лејла Рамковска.
„Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за тинејџер од јуручките села близу Радовиш, кој е голема вљубеник во музиката, но истовремено се соочува со очекувањата на татко си, се грижи за својот помал брат и се вљубува во девојка ветена на друг - филмот полека ги освојува срцата на публиката.
Pepco ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 година во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски
„Алах нè благослови мене и мојата сопруга со оваа прекрасна ќерка. Алах, направи ја праведна и дај ѝ здравје“, напиша фудбалерот, кој објави прва фотографија со ќерката и ја изненади јавноста.
„Единствено се плашам од игла, имам неверојатен страв. И одлучив да направам дневник и да го споделам, зашто многу жени имаат рак на дојка и мастектомија, поточно сите ние сме кастрирани, на најбрутален начин“, вели актерката од болниката соба.
„Ние имавме многу малку контакти. Животите ни беа на двајцата тотално непредвидливи. Меѓутоа, секојпат кога ќе се видиме како до вчера да завршил разговорот и сега си го продолжуваме кафето...“, вели Тања Џамбазова за односот со својот брат Игор Џамбазов, кој неа ја нарекува и најдобра пријателка и докторка и згрижувачка.
Македонија има талентирана младина! Студентка Марија Роглева од Факултетот за арт и дизајн од Скопје ја освои втората награда на работилницата организирана од Pierre Cardin и со тоа се пласираше во петте најдобри учесници, во конкуренција на 450 пријавени студенти од повеќе европски земји.
Kристина Димитри дипломираше, Јелена Спенџарска ужива на патување на Малта, Огнен Здравковски на свадба е воодушевен од детенце што ги знае македонските народни песни, Елена Стојановска прослави роденден со сестра ѝ, сопругот и најблиските...
„Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и ја видов Хајди Клум. Со еден збор, за неа ќе кажам дека е ЖЕНА ЛАВ. Изгледа како да има 33, а не 53 години. Најинтересно е дека таа ми пристапи прва, а јас бев во шок“ - Октај Сејди за CRNOBELO.com накратко раскажува за средбата со светски топ модел.
„Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, со користење на фотографии од Атиџе Муратова“, споделува емотивно Сузана Турунџиева и ја штити својата пријателка.
„По цел ден прошетка низ градот, Бојан предложи да се качиме на парасејлинг. Јас со насмевка го одбивав, велејќи дека тоа веќе сме го доживеале во Тунис, но неговата упорност беше посилна од моите убедувања, па се согласив. И токму таму, над брановите, во тој миг на безвремена убавина, Бојан го извади прстенот“ - раскажува за CRNOBELO.com Леонора.
„Ревијата која се одржа во срцето на Париз беше патување во 19. век. Моментите непосредно пред првиот модел да зачекори на пистата беа мешавина од адреналин и голем фокус за тоа што ќе се случи. Но неколкумесечната работа кулминираше во еден прекрасен, 15-минутен спектакл“, вели за CRNOBELO.com дизајнерката Моника Коцарева.
„Тротоарите би ги вратила на пешаците, а за автомобилите - катни гаражи. Редовно чистење на шахтите, зашто кога врне не можеме да излеземе пешки - сè е поплавено“ - се дел од работите кои би ги направила Катарина Ивановска кога би била градоначалник на Скопје.
„Јас сум од оние кои и на викенд патување со себе ја носат вагата. Ако некогаш си дозволам да изедам нешто слатко, похувано и слично, следните 3 дена „се казнувам““, изјави Maја Глигоровска во едно интервју за CRNOBELO.com.
„Сама си го смисли серијалот „Бапски муабети“ што мислам дека најдобро ѝ лежи и веќе има сценарија за уште неколку епизоди. Секој ден ѝ текнува по нешто ново. А периките се од ТEMU, сама си ги бира“, вели за CRNOBELO.com, Радица, мајката на малата актерка Марта Конеска.