Тие се прекрасни нашминкани од рацете на Дадар, но и блескаат со природна убавина во многу пригоди. Овојпат си имаа заедничка дружба со нивниот долгогодишен пријател Дадар. Каролина и Живкица дефинитивно се дел од нашите најубави познати дами!
Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними како се игра оро на македонска свадба и го сподели во Фејсбук групата „Грчка инфо“. Србите дефинитивно ја обожаваат нашата музика и традиции.
Во емотивна објава, талентираната режисерка Тамара Котевска вели дека отсекогаш сонувала за живот како оној на фотографите од National Geographic. А, фактот што тие
„Ние престојуваме во хотел во Гуангџоу каде се преземени мерки и не работат училишта, јавен превоз, фабрики, продавници, транспорт, а се спроведуваат и евакуации од одредени области“, вели Нина Ангеловска Станков (37) од Скопје за CRNOBELO.com за предупредувањата од тајфунот Рагаса, кој пред неколку денови беше прогласен за најсилната бура за оваа година.
„Во основата на нашиот бренд е нешто што ние го нарекуваме дигитален оптимизам – верувањето дека светот може да биде подобро место за сите нас, поединците, заедницата, целото човештво, само ако правилно ги користиме дигиталните технологии и сме вистински поврзани“ - вели Сузана Штерјова Тошева од Македонски Телеком.
Пејачот Боби Спасенцовски и неговата снаа, Антониа Гиговска, се многу блиски и меѓу свекорот и снаата постои големо почитување.
„Нашата приказна започна сосема случајно на еден мој настап во Швајцарија, каде што Сара живее. Еден месец пред да одиме на одмор на Малдиви, јас го организирав запросувањето“, вели Иван Милевски (26) од Велес.
Александра Спировска славеше со својот трет сопруг, за кој во објави на Инстаграм пишува посвети од типот: „Ти ќе бидеш моето засекогаш“. Со семејството, две торти со кул пораки и насмевка на лицето новинарката славеше и со ќерките Миа и Каја.
Дамјан Дренковски, кој порано го гледавме на нашите ТВ екрани, својот дом го најде во САД, покрај саканата Александра, со која сега стапи во брак.
Ако сон ви е да се разбудите во винтиџ автентична вила среде Тоскана со спектакуларен поглед, тогаш патувањето на Катарина Ивановска ќе ви изгледа како рај за сите сетила.
„Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам универзумот што тогаш ѝ се случува на Битола со тој друг ритам, друга енергија во кои цел град вибрира!“, вели Марија Магдалена, професор по англиски јазик, и дама со впечатлив моден стил, која блесна со гламур на црвениот тепих.
Весна Петрушевска ужива со појадок во кревет во Белград, Maрјана Станојковска ја пее песната „Miki Mićo“ од Лепа Брена, a Едина Муса за првпат во животот крена 100 килограми, на денот кога нејзиниот син наполни 7 месеци.
„Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. Вистината за миграција на истите и лице како касано од оси е точна. Јас лично не ги користам. Користам само скин бустери и ботокс“, вели Миа Костова и споделува низа детали околу својот изглед.
Девојка од Скопје си ја изгуби алката, за која е емотивно врзана затоа што на неа има отпечатоци од нејзините родители, и потоа со денови очајно ја бараше. Но, хуман пронаоѓач и ја врати. Сега, Шијакоска инспирирана од неа откри дека си направила ваква алка и уште еднаш на пиедестал ја стави љубовта кон семејството и вистинските морални вредности.
„Секоја жена е иста пред законот, но кај нас не е. Росица пријавувала 7 пати дека е жртва на насилство, физичко и психичко, и никој не ја заштитил. Жал ми е што не се обратила до нас медиумите да ја сподели нејзината мака, оти очигледно само така им се слуша гласот на жртвите - граѓани без функција“, вели новинарката Снежана Лупевска.
„Ќе правам целосна лабораторија за тироидната (контролна за да видам што до каде дошло бидејќи дозата ми ја сменија во јули). Во Шведска ако испитуваш нешто преку крвта, не треба да јадеш 12 часа пред тоа. И јас го прашав ChatGPT дали треба така, затоа што кај нас во Македонија никогаш не ми го кажале тоа, и ChatGPT кажа да“, вели Марија Илиев од Штип, позната како Марис.
„Не сретнав човек или, пак, бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше, не сретнав човек со кого што ќе сакав да имам дете, сите години во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за кого што зборував веќе беше доцна...“, вели Татјана Џамбазова во подкастот на Стефан Лазаров.
„Како татко на син, сметам дека нашите синови треба да ги научиме дека една жена има право да каже „не“, има право да не нè сака, има право да се оддалечи и тоа треба да го прифатиме како сосема нормално. Дека посесивноста и љубомората се форми на болест, а не љубов...“, испраќа порака Андреа Јанков.