„Не ми беше лесно да се отворам. Може ќе ме разберете, може не, можеби поминувате низ истото... Се плашам дека никаде нема да се чувствувам како да сум вистински ‘дома’. Научив како да останам смирена додека тонам емоционално - и тоа ме плаши“ - се дел од работите кои Јелена ги сподели јавно.
„Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами да си ги прават ноктите дома, сè со цел да заштедат време и пари. Резултатите може да бидат застрашувачки, а јас посведочив на една таква ситуација“, вели Деспина Гоцева, техничар за нокти од Скопје.
„Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факултет, една вечер излегов со другарка во тогашната дискотека Колосеум, каде што првите луѓе од телевизијата Канал 5 ми пратија ливче преку келнерот, со порака да се јавам за снимање и така започна сè“, вели Здравкица Милиќ за CRNOBELO.com.
Повеќе од 1200 ученици од 13 држави (Македонија,Азербејџан, Бугарија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Малта, Романија, Србија, Турција, Узбекистан, Украина и Филипините)
Малиот генијалец Македон освои неколку награди и признанија на турнири по математика во Несебар Бугарија, и уште еднаш нè направи горди пред светот.
„И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион ситници кои треба да се спакуваат, понесат, префрлат од дома до плажа и назад. Но, имаше и нешто многу важно: поврзување“, вели Елена Трпчевска Ѓорѓевскa семеен советник од Скопје и мајка на бебе и мало дете.
Уште во 2020-та година Тијана во свој стил напиша: „Можам да се сликам со голи нозе и со целиот целулит затоа што е МОЈ и нема да филтрирам“, а сега повторно во овој стил објави искрени и природни фотки од јунскиот одмор во Грција и покажа што е самодоверба.
Нивниот омилен начин на летување е кампувањето, па тие заедно со синот Павле и ќерката Една секое лето го минуваат во камп. Актерот ужива во Грција со семејството.
„Почнав да пелтечам на мои 4 години. Соседот мој, ќе кажам сега како е, што е, колел кокошка и знаете мали деца да видат што е. Тој бил свртен со грб, јас сум бил позади него и он главата од кокошката ја фрлил позади и главата од кокошката паднала пред мене и јас автоматски плачење, бладање, плачење 4-5 дена без престан“, ја започнува својата емотивна исповед пејачот Мартинијан Кириловски.
„На летување со мама и тато“, напиша пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ на Инстаграм и сподели фотки со 7-месечната ќеркичка.
„Овој пат не трчам за себе. Трчам за сите деца кои се будат во болнички соби, не со соништа туку со болка. Трчам за родителите кои со солзи бараат надеж. Трчам за живот...“, напиша Антонио Пандовски пред да тргне на најсветата патека во неговиот живот, како што вели тој самиот. Браво, горди сме на овој хуман Македонец!
„Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше дека тоа не е битно. Ќе останев со неа и да немав деца. Битно ми е да сум среќен. Убаво ми е да седам дома со неа, да не бегам од дома. Сега имаме 3 ембриони кои само чекаат да најдеме сурогат мајка и да имаме наше дете. Процесот беше пекол за неа, но јас го правев со ќеф“ - вели искрено Марио Јелиќ - Кун од 2Бона во подкастот во кој си ја отвори душата.
По низата настапи Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски се релаксираат на море со своето омилено друштво – синот Киан.
„Љубов“ ѝ напиша Калиопи во коментар, а кон комплиментите за пеењето на девојчето се придружија Тамара Тодевска и Жељко Самарџиќ.
„Соучениците ако го забележеа моето незадоволство уште поупорно ќе ме завикаа Гонзо. Тогаш бев ситна и срамежлива и не умеев да најдам механизам како да се справам со тој детски и можеби ненамерен булинг на кој бев изложена уште од забавиште...“, вели Илина Арсова и открива со кој совет ѝ помогнал татко ѝ да се справи.
„Нивниот секојдневен живот, без содржина и шанса за раст, ме натера да понудам алатки и вештини за подобра иднина“, вели Ирина Тошева за затвореничките во КПУ Идризово.
„Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. Се потсетуваш на сите детски распусти таму, во двор мириса на чиста и испрана облека, пиеш природен сок од вишни...“, пишува Марија Стојковски и предизвикува носталгија за едни минати, убави времиња.
Миа Перевска има неверојатен глас, а сега е и дипломиран аудио инженер. Нејзиниот татко Пере не може да го скрие восхитот. Миа често е придружен вокал на настапите на татко си, а запеа и на свадбата на мајка ѝ, со кошаркарот Милан во февруари 2025-та.