„Кога ме пуштија дома почнав со голема доза кортико и по некое време, преку ноќ се разбудив и главата ми беше тркалезна - најтипична нус појава. Плус несоници, задржување течности, промени во расположение. Немав многу сила ни да пешачам“, вели Сандра Кирков, која на почетокот на јануари беше задржана во болница со тешка пневмонија.
„Здраво свету, јас сум Мариа Матијашич...“, напиша Зои Блаж и објави фотка од својата малечка, за која уреди соба во крем-розови тонови во германското гратче Зул, каде живее со сопругот ракометар.
„Бев на невролог и трауматолог, од ударот имам диксус хернија на 5 и 6 пршлен...“, вели Маја Кикириткова по незгодата. Mилена Антовска беше кума на свадба, Павле Камилоски блесна во розово одело, а Сузана Спасовска доби награда од макеодонско патриотско здружение.
„Повеќе од благодарна сум што ја претставувам мојата земја на оваа глобална сцена и чест ми е што ја носам оваа прекрасна креација од Фуад Саркис - благодарам што направи да се чувствувам како кралица,“ напиша Чарна на Инстаграм.
Жолти и зелени тонови, винтиџ детали и релаксирачко дворче со мебел од палети... Ова кафуле на Ленинова е вистински мал рај.
„Сфатив дека јас секогаш сум учел преку пример, не преку збор. Сфатив и дека децата не ги слушаат само зборовите - тие ги впиваат постапките, енергијата, ставовите. А за едно дете, таткото е првиот херој“, вели Таско, кој има син и ќерка.
„Освен Чарна, носам и второ име, Ал Нур, што на арапски значи „пурпурна зеница на окото“. Тоа име го добив по желба на баба ми и носи посебна емоционална тежина за мене“ - вели за CRNOBELO.com 20-годишната девојка, која е македонски претставник на изборот Мис на светот 2025.
Извидникот Петар сите добро го помните, а сега друго детенце слатко ја насмеа Македонија со својата изјава и желба за маслинки.
20-годишната Чарна од Скопје, во Индија беше дочекана со локални обичаи - доби ѓердан од цвеќе, а на челото ѝ нацртаа црвена точка, како што носат Индијките.
„Како Даниел Кајмакоски чува деца... Инаку, има и звучни ефекти, но не сакате да ги чуете“, се пошегува Марина на сметка на Даниел кој спие и ‘рчи, додека ќерката Емилија си игра покрај него.
„Каков ден! Дождот денес не беше пречка - напротив, беше дел од предизвикот што со гордост го прифатив. Успеав да ги испешачам моите 2km за половина час на 12-тото издание на WFL World Run во Цуг“, вели Златко кој повторно се „победи“ себеси, две години откако му ги ампутираа нозете.
„Животче“ - напиша водителката Цеце Николова на Инстаграм, па покажа како се опушта покрај базен во Турција, а друштво ѝ прави пејачката Лара Иванова.
„Толку ги слушав и пуштав ДНК во моето кафуле што почнаа да ми викаат ‘Досаден си Дамјан, дај смени…’”, вели дечкото кој направи мурал кој ќе не потсетува на ликот и делото на Андреј. Нашата блескава музичка ѕвезда која прерано згасна...
„Некогаш пикник во парк значеше: седиш на ќебе, сонце, пријателки... Денес? Пикник во парк значи: со една рака го лулаш бебето, со другата држиш ладно кафе, со третата (која не постои, ама ти фали) се обидуваш да го зачуваш моментот и да направиш некоја фотка“, вели искрено и шеговито Софија Јанева.
На 6-ти мај се празнува најголемиот христијански празник од пролетниот циклус, а име слават Ѓоко, Ѓорѓија, Ѓурѓица…
„Ретко плачам и само блиските знаат што сè сум пребродила со насмевка на лицето, ама постпородилна депресија ти била сериозна работа. Седев и плачев без никаква причина. Дали ќе бидам добра мајка, дали заслужив втор живот, како ќе го оправдам, со која сила ќе го пораснам“, вели Александра Шијакоска, која одговараше на прашања за мајчинството, породувањето, синот Риан...
Акушерката е првиот глас на охрабрување што го слуша мајката. Првите раце што го допираат новороденчето. Таа е тивок херој зад секое „добредојде на светот“. Денес, 5-ти мај, е Светски ден на акушерките.
„Идејата на неговите прекрасни родители да ми го подарат тапанот произлезе, можеби, од тоа што пред скоро една година, за мојата полуматура, јас имав желба да тропам со тапанот негов, и Ѓорѓи тогаш од срце ми го даде“, вели 15-годишниот Бојан, кој го доби тапанот од Ѓорѓи, кој загина во пожарот во Кочани.